Professional Documents
Culture Documents
6. Антропогени фактори
6. Антропогени фактори
Антропогени фактори
Активноста на човекот во биосферата
Се уште не е утврдено точното време кога човекот се појавил на
Земјата. Антрополозите го прифаќаат периодот од 250 000 до
1 000 000 години.
Периодот на науката и на технологијата е кус во споредба со
периодот од настанокот на човекот. Цивилизацијата е нова
придобивка за човечкото општество, но таа брзо завладеала
огромни пространства на Земјата, а се стреми и кон вселената.
Сите грандиозни откритија кои се важни за човекот, всушност се
директен напад врз природата т.е. Индирекнто ја загрозуваат
егзистенцијата и човекот (откривањето и користењето на огнот).
Човекот со помош на науката и технологијата, успеал да оствари
надмоќ во природата, но при тоа поттикнал и цела низа крупни
проблеми, како: осиромаштување на производните сили на
природата, недостиг на употреблива вода, забрзано трошење на
природните ресурси, недостиг на простор, комплетно
деградирање и уништување на животната средина...
Клучен проблем е брзиот пораст на населението, а неминовни
последици од тоа се: забрзаниот обемен пораст на производните
активности, недостигот на храна и на органски материи кои се
суровини за индустриското производство, недостигот на вода и на
простор, загадување на животната средина...
Во биосферата се потиснувани и разградувани бројни диви
(природни) сложени екосистеми, кои содржеле илијадници единки
од различни растителни и животински видови, а се заменувани со
вештачки, поедноставни и понеотпорни екосистеми кои можат да се
одржат само додека се под контрола на човекот. Овие
монокултурни екосистеми вклучуваат и користење на соодветни
заштитни средства, кои ја нарушуваат рамнотежата во биосферата.
Тоа се различни посеви (жита, зеленчук, овошки, индустриски
растенија). Овие посеви главно се од плантажен тип, т.е. Содржат
само еден растителен вид (монокултура).
Во природните екосистеми,
растенијата и животните живеат во
мешани заедници и поради тоа тие се
многу поотпорни. Мешаните заедници
се бранат преку многубројните
коакции, кои се развиле меѓу видовите
во текот на долгата еволуција.
Во вештачките екосистеми,
монокултурниот вид е сам и
незаштитен. Тој зависи само од
вештачките третмани на
одгледувачот – човекот. Третманите
опфаќаат калемење, прскање со
пестициди и хербициди,
прихрануваање со природно и
вештачко ѓубриво, наводнување итн.
Поради тоа, како и поради
многувековното сечење и палење
на шумите на огромни
пространства, особено во
тропските дождовни шуми, човекот
значително ги намалил шансите за
живот на идните поколенија.
Слични штети, со планетарни
размери му се нанесува и на
светскиот океан.
Човекот треба да ја превземе
одговорноста за негативните
влијанија врз квалитетот на почвата
(засолување , ерозија), нарушените
хидроциклуси (исушување на
мочуриштата, изменетите
водотеци), негативните промени во
воздушната обвивка, климатските
промени...
Развивајќи ги сопствените
технолошки циклуси со огромни
размери, човекот се вклучил во
нормалните текови на енергијата
и циклусите на материјата,
сериозно ги променил,
непочитувајќи ги најелемнтарните
природни законитости.