You are on page 1of 2

„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска.

Ама ти колку сакаш кошкај ја,


корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се
фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“

Cо романот “Пиреј” напишан во 1980 година, Петре М. Андреевски, македонски поет,


романописец, раскажувач и драмски автор, ja опишува Македонија на почетокот на 20
век во Република Македонија,

Романот Пиреј е култна книга во македонската книжевност. Уште со неговата прва


објава во 1980 година станаува една од најчитаните книги, како еден вид македонска
библија во која, секој на свој начин, ја препознава колективната голгота од нашето
историско паметење.

„Пиреј“ раскажува за периодот од балканските војни и Првата светска војна, како и


пост-воениот период, маестрално опишувајќи ги како времиња на пустош, глад,
безнадежност, болести, колежи и палежи. Оваа приказна е многу реална и многу
сурова вистина за македонскиот народ, кој, како што предлага основната идеја на овој
роман, е неуништлив како пирејот.

Во овој роман Јон – македонски воин кој треба да си ги остави коските на туѓ фронт за
туѓи интереси, а Велика, неговата жена, традиционална македонска домаќинка, не
успева да го сочува семејството додека Јон е во војна. Во отсуство на Јон, нејзе и
умираат сите пет деца: Ангеле, Капинка, Роса, Ѕвонко и Ѕвездан – умираат од болести,
глад, беда. Таа храбра, пожртвувана жена не успева да си ги сочува своите деца. Кога
Јон се враќа од војната остарен со целосно уништен живот наоѓа празна куќа. Со
Велика го очекуваат детето Роден, кое треба да го потера животот одново, да го
обнови куќниот праг.

Браќата Јон и Мирче се среќаваат на фронтот во многу бизарна ситуација. Мирче


заминува во Америка на печалба, а со почетокот на војната Јон го земаат да се бори на
српска страна. Јон почнува да тагува по домот и децата, па затоа решава да зароби
бугарски војник и така да добие отсуство. За несреќа, го заробува брата си Мирче, кој
на враќањето од Америка, носталгичен да си го види домот, откако разбрал за војната,
бил насилно мобилизиран во бугарската војска, откако со прекуокеански брод се
истоварил во Варна.

Во „Пиреј“ жената, мајката е најголемиот страдалник, но и херој на војната. Велика,


чие име и симболично ја одразува нејзината сила и големина, преку паралелна
сижејна линија, го раскажува животот што таа го живее во селото за време на
војната. Еднакво ужасен како оној на фронтот.

Велика е добра и вредна жена, патријархално воспитана, и од неа често се слушаат


изреки како: „По мажењето жената станува плодна нива, и тешка е, а нема кој да
ја одмени, никој не ја прашува.“ Преку ликот на Велика е отсликан ликот на секоја
македонска жена од тоа време која на свој грб ги чувствува болките и страдањата што
ги носи војната. По принудното заминување на Јон во војна, таа вложува натчовечки
напори да си ги нахрани и спаси чедата. Но за голема несреќа децата едноподруго ѝ
умираат, и таа сама им копа гробови на своите чеда и плаче над нив. Кога Јон се враќа
од војна, в час му побелува косата кога дознава дека децата му умреле. Така тој ја
обвинува Велика за нивната смрт, се пијани и ја тепа. Поради неговата безмилосност
кон неа, Велика не сака да биде закопана заедно со него, не сака коските да ѝ се
измешаат со неговите, туку на другиот свет сака да си биде со чедата свои.

Пораката на романот е дека македонскиот народ е непобедлив и неуништлив – како


пиреј – и покрај сите мачења и малтретирања, сите несреќи – тој продолжува да живее
и да опстои и никој и ништо не може да го уништи.

You might also like