You are on page 1of 1

Важни поими по историја

 
Дополнителни податоци:
Национал-социјалистичката партија под раководство на Адолф Хитлер дошла
на власт во Германија во 1933 година. Големата економска криза со која била
зафатена Германија во текот на 1929 – 1933  била причина оваа крајно десна
политичка партија да биде поддржана и од поумерените десни граѓански партии
на ситната и крупна буржоазија во Германија. Така во јануари 1933 година
Адолф Хитлер бил наименуван за канцелар на Германија. Набрзо потоа тој ја
презел целокупната власт на државата во свои раце (канцелар, претседател на
Републиката и врховен воен командант) и станал Фирер (диктатор).

Нови поими: 
 
Антисемитизам – антиеврејско движење предводено од  
Национал-социјалистичката партија на Германија чија цел било исклучување на
Евреите од целокупниот општествен живот (политички, стопански и културен) на
Германија, по пат на укинување на нивните основни права и слободи како граѓани на
Германија. 
 
Диктатура – неограничена власт во рацете на човекот кој управува со државата, 
владее спротивно од Уставот и законите во државата, наредува и бара послушност од
сите граѓани и истата најчесто ја добива со употреба на сила 
 
Идеологија – збир од политички, правни, економски и морални погледи,
идеи,вредности за општествениот поредок и како да се остварат тие со цел развој на
општеството, а преку нив се изразени интересите на општествените класи и слоеви.  
Политичките партии според идеологијата се поделени на леви и десни. 
 
 
Нејасни поими: 
Обзнана – проглас, објава на кралската влада 

Суспензија – привремено симнување или повлекување на Уставот, привремено


отстранување од вршење на државна должност и сл.
 
Хегемонија – превласт, надмоќ, водство на една моќна држава врз останатите држави
или народи во сојузот
 
Народна скупштина – Народно собрание
 
КПЈ – Комунистичка партија на Југославија 
 
 

You might also like