You are on page 1of 8

НОВА СЕРИЈА ЧУДЕСИИ НА УКИМ

ПОСВЕТЕНА НА ПРОФЕСОРИТЕ

АЛБУМ НА РЕДОВНИ ПРОФЕСОРИ КОИ ЗАЛУТАЛЕ ВО


КОРУМПИРАНИОТ СИСТЕМ НА УКИМ

Случајно се избрани
Не барајте конкретно име , овие се случајно избрани
Во духот на коректност на истражувањето, секое
препознавање на имињата се смета за недолично
однесување.
Кој не верува нека погледне во Билтенот на УКИМ
ПРВ СЛУЧАЈ

Еве еден типичен пример на култура на корупција. Случајно е


избран. Роден/а пред 50 години, 2004 дипломирал-а,2009
магистрирал/а, диплома од Правен, магистратура од Филозофски,
од правен диплома новинарство, магистер по здравство во ЕУ,
дисертација 2009 ,пријавува на Филозофски за ЕУ по здравство, а
брани , значи пријавува 2009, брани 2011 пред Комисија од 5
професори од кои тројца немаат блага везе од здравство, а
менторот исто. 2014 е биран/а за доцент , а деновиве за професор.
Во период од 2014 до денес пријавел/а десетина предмети кои се
предавани, главно поврзани со семјството, планирање,
образование, родителски улоги, заштита и што ли не. Шеф е на
групата со уште еден член,(двајца брои Институтот) толкава е
групата на редовни, другите се од другите Институти.Едно чудо
активности пријавени се за избор.
Еве што е коруптивен систем .
Овде не станува збор за тоа дека конкретно колега-шка правела
некакви малверзации. НЕ, СИСТЕМОТ Е ТАКОВ И СЕКОЈ ТАКА
БИ ПОСТАПИЛ.ОВДЕ НИЕ НЕ ОСУДУВАМЕ ПОЕДИНЦИ. Тоа го
овозможува коруптивниот систем; заврешено новинарство,
продолжува со тема за Европа, интеграции, односно здравството
во интеграциите во Европа, па веднаш се префрла на семејство и
десетина предмети за семејство и готово, станува професор. Дали
е национален кординатор за семејство, дали е во шест комисии на
факултетот, на пример за набавка на креди и сунгери за
потребите на студентите, па дури и работи на Стратегијата на
развој на Филозофски,а е самоеваулирана за десете предмети од
9 до 10 оцена и ШТО ЗАБЕЛЕЖУВА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОР;
избројани се многу бодови, 80, дупло бодови за воспитно
образовна, научно истражувачка и апликативна дејности, и ја
предллага за професор главно за семејство. Следи список на
трудови и замислете список од дваесет предмети кои ги држел/а
од 2014 годин, дваесет на број, за кои зема бодови,и вежби, нема
асистент, па , тоа не знам што значи, подготовка на предмети од
прв циклус, па бодови за консултации со студенти, по години на
пример 220 за 2019 година,пет скрипти интерни, и пакет
материјали за одреден предмет.
Список на трудови во списанија членство во
организации,членство во 16 комисии тела, и вкупно 216 ,81 бодови
за избор. Види Билтен број1197 , достапен на страната на УКИМ.
Не, овде не е во прашање колега-колешка, која била склона кон
некакви малферзации, едноставно системот ве принудува на
коруптивно однесување, на пример да бидете член на некоја
комисија која ништо не значи, или да мора да се пријавите и
седите и нижите -плетете бодови како велеше еден инспектор; па
што, седела во публика и нижела бодови. Мора да бидете дел од
коруптивниот систем за да опстанете. Примерот е случајно
избран. А ги има во изобилство на УКИМ.
ВТОР СЛУЧАЈ

Роден-а 60 год., 1984 дипломира, 1993 м/р по правни


науки, а 2002 доктор на Филозофски науки од 1985
вработен/а на УКИМ, област Методологија на
истражувања, се бави со проблем на сиромаштија. Има
пријавено проекти кои се реализирани, но не фигуираат
скоро никаде освен во Извештајот за избор за редовен
професор, добар дел третирани како,, Индивидуални
ипроекти” што е непознато во академската средина;што
значи индивидуален проект.Предава за деликвенција,
европска интеграција, мировни студии, осум национални
проекти, и во мегународни списанија,не прашувајте кои, ке
видиме кои се, членува во многу организации,
самоеваулација околу 8 и 30 од можна 10, за редовен
професор избрана по методи на социолошки
истражувања, статистика, општа социологија, и
социологија на социјлна структура, следи список на
бодирање, одржување на настава, по години ,предмети,
бодување на консултации, па подготовка на нов предмет,
па менторства, за настава, вкупно 100,86 бода.Колкава
прецизност, за малку 101 бод.
Следи детален список за наставно истражувачка
дејсност; па бодови за индивидуални проекти, резултати
нема , а каде да ги има , тие се за по дома; па оригинални
научни трудови; па пленарно предавање, па сручно
апликативна дејност;пазете член на управен одбор на
здружение кое еднаш на две години има состанок,со еден
бод, а и член на одбор по повод на годишнината на еден
починат колега, па вршела и обука на наставници, знам се
одржа кога имаше многу магла во Скопје, се на се вкупно
16 бода. И на крај. Наставно образовна дејсност 100,86
бода, научно истражувачка работа 130,04 бода и
апликација 16 ,01 бод. или вкупно 243,001 бод.Пазете
каква прецизност.
ДО КОЈ СТЕПЕН КУЛТУРАТА НА КОРУПЦИЈА НЕ
ИДИОТИЗИРАЛА НА УКИМ , АКТИВНОСТ МЕРЕНА ВО
ИЛЈАДИТИ ДЕЛ, 001, ИЛИ СТОТИ МОЖЕ ПОПРЕЦИЗНО.
Е сега што е овде коруптивен систем . Отворете Билтен на
УКИМ од 2018 година и читајте. Ова е се објавено , јас
гласав за колешката да биде редовен професор, и не се
каам , има уште почудесни примери од неа. А како да не
гласаш, 100,001 бод за наука и сите 101 гласаат, само да
има мир.
Прво, нема ни еден проект кој е рецензиран и објавени
резултати. ТАА ПРЕДАВА МЕТОДОЛОГИЈА НА
ИСТРАЖУВАЊЕ А БЕЗ НИЕДЕН ПРОЕКТ КОЈ Е
РЕЦЕНЗИРАН , И ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛАТИ. Проектите главо
се за по дома, третирани како индивидуални проекти, тоа
не се сретнува никаде. Треба еден проект колегата/чката
да ни даде на увид , тогаш јас јавно се извинувам.
Второ, нема ниедна статија од главниот предмет за кој/а е
биран/а.Ама ниедна, не велам дека има а е неквалитет ,
препичана. НЕМА.
Трето нема учебник, ни книга, студија, без разлика колку
вреди. А како разбрав во иднина , мислам овој семестар
ке држел-а часови по уште неколку предмети.
НЕ ТАА НЕ Е ВИНОВНА ДА БИДЕ КУЛТУРНО
КОРУМПИРАНА ЈА ТЕРА СИСТЕМОТ.
Тешко на децатаа кои дошле да учат. Каде ќе ни оди
душата, декане Дуев, ти си најмалку виновен, седиш во
деканатот скоро десет години.
А сето ова е запишано во Билтенот на Универзитетот,
изгласано на наставнички, потпичано од тројца
рецензенти, додуша едниот чекавме да се врати од
странство, кој потпиша на невидено.
Замислете еден неквалитетен наставник, кој во системот
на корупција упорно е принуден да ги учи другите а не
знае или малку знае за тоа што ги учи, е тоа е голем грев,
од оние кои го дозволите тоа.
А КОИ СЕ ТИЕ.
Во коруптивен систем сите се одговорни, и никој не
одговора пред никого.Но кога говориме за автономен
универзитет, одговорноста паѓа на оние кои се на
одговорни позиции, од шефови на оддели, групи,
факултети до ректорот, НО И ВЛАСТА, ОНИЕ КОИ
АКРЕДИТИРААТ НА НЕВИДЕНО, САМО ДА ИМА МИР.
Но, за секој случај оние кои се на универзитет се
најодговорни, власта , државата, оној кој дава пари , колку
и да се , малку или многу, треба да за запраша до каде
може да доведе неквалитетот на високото образование.
Н А С Т А В Н И К О Т , К В А ЛИ Т Е Т Н И О Т Н А С Т А В Н И К Е
СТОЛБОТ НА КВАЛИТЕТНИОТ ОБРАЗОВЕН ПРОЦЕС.

Продолжува…..
Трет случај.
Наставник кој не знае за што е избран, а предава
десетина предмети.
Читајте , најпосле ќе сфатите што е корумпиран систем на
УКИМ

You might also like