You are on page 1of 4

Анатомија на коруптивниот систем на

УКИМ (4)
Во потрага по корените на коруптивниот систем на УКИМ.

Како се учи и дали може да се учи на УКИМ. Што е метод на


учење.

Филозофски е пример. На Филозофски се образоваат и оние кои треба


да ги учат помладите. Но дали на филозофски се користат методите
на учење. Анализата не е во улога некого да дискредитира, или дека
некој како професор поединец е виновен. Формиран е систем кој
функционира на неодговерен, погрешен начин и се смета за нормален.
Системот не е насочен кон учење /подучување за што на голема
жалост не сме свесни дека е погрешно поставен.

На Филозофски има стотици предмети, 80 -тина студиски програми


петнаесетина институти/студиски групи. Би било во ред ако навистина
на Филозофски се применуваат современи методи на учење. Овде не
расправам за тоа што е современ метод, од проста причина што , ако
нема вежби или има повремено и е надвор од било каква логика која
претпоставува учење, тогаш овде не е место да расправаме што е
метод на учење.
Коруптивниот систем на институцијата едноставно ги наметнува
правилата.. Нема менаџмент кој управува со квалитет, дури тоа ни
најмалку го интересира.
На сите, повеќе стотици предмети , некои се повторуваат на повеќе
групи стои една слична формулација кога се работи за метод на учење:
да бидеме поуверливи во нашето тврдење ја земаме програмата на
Педагогија, од 2017 мислам дека сеуште е важечка, нема измени во тој
дел, не само за неа туку и сите пред и после 2017 година.Го земаме
секој прв даден предмет од Прирачникот за студенти, 2017 год.Еве
што е запишано.
МЕТОДИ КОИ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ЗА УЧЕЊЕ.
(ПРЕВЗЕМЕНИ ОД ПРИРАЧНИКОТ ЗА СТУДЕНТИ ОД НЕКОЛКУ ПРЕДМЕТИ, СКОРО СЕ ИСТИ ЗА
СИТЕ ПРЕДМЕТИ И НА СИТЕ ИНСТИТУТИ НА ФИЛОЗОФСКИ )

Методи на учење: предавања, дискусии, дебати, работилници,


самостојна работа,истражувачки активности, групна работа,
индивидуална работа, изработка напрактични трудови, симулирање на
ситуации.

Методи на учење: Предавања, дискусии, дебати, работилници,


самостојна работа, истражувачки активности, групна работа,
индивидуална работа, изработка на практични трудови, изработка на
презентации, симулирање на ситуации и сл.

Методи на учење: Предавања, семинарски вежби, практични вежби,


симулации, самостојни презентации на студентот, дебати, дискусии,
посета и набљудување на наставниот процес во основните и средните
училишта, самоевалуација на постигнувањата на студентот, евалуација
на постигнувањата на студентите, самостојно учење.

Методи на учење: предавања, дискусии, дебати, работилници,


самостојна работа, истражувачки активности, групна работа,
индивидуална работа, изработка на практични трудови, симулирање на
ситуации.

Метод: предавање. Ако нема силабус и јасно поставени пршања кои


студентот ги има пред себе за што треба да говори професорот,
предавањето ја губи во добар дел суштината. Од десет студенти еден
може да следи за што наставникот говори. Едно истражување пред
неколку години покажа поразителни резултати. Од анкетираните
студенти само по некои се секаваат за тоа што говорел наставникот
претходниот час. Тоа што нема редови предавања, тоа што има или би
требали да има по пет/шест па и осум часови на ден за студентот или
десетина часови за наставникот е нејасно што се предава, како се
предава материјалот, нешто кое студентот, замислете треба да го
полага за недела или две недели. Еве изминува месецот и наскоро,
околу десети следниот месец е закажан тест, прв тест.
Што се учи. и како се учи. Тоа е коруптивен систем, сите се
прилагодуваат, нешто да се знае околу десети следниот месец за
материјал кој прв пат студентот го слушнал пред само неколку дена.
Каде е виновникот.
Но, што предвидува метотдот на учење.

Дискусија. За каков вид на дускусија станува збор, Немате јасно


поставен тема, која студентите по нешто би прочитале , но од каде,
никој не им дал ништо конкретно. Дискусија , заради дискусија. Нема
предмет. А тоа е за најголем дел од предметите.Темата мора да биде
јавно соопштена и дадена до знаење дека тој и тој час, ден студентите
се покануваат за дискусија.

Работилници. За како вид работилници станува збор. Тоа е непознато


на Филозофски.Има по некоја импровизација, но ви тврдам дека на
некои Институти тоа е непознато.

Дебата. Замислете дебата, а за што. Кога ќе ја погледнете


литературата , за некои предмети, за што да дебатира студентот. Нема
силабус, кој ќе ги дефинира прашањата за дебата. Еден период кога
започнавме со имплементација на Болоња и ЕКТС системот студент
можеше да дипломира а усно нокогаш да не проговори. И денес не е
подобро, верувајте, за каква дебата станува збор.

Самостојна работа . Чудна метода. Незнам дали некој знае што


подразбира под ,, самостојна работа”. Често ги прашував студентите
колку време ги спрема испитите во просек во денови. Мислев дека се
мајтапат, кога ќе кажеа , два , три а некои богами и пет дена, а немале
предавање. Кога го пресметав времето од пет /шест испити за период
од десет дена колку тре отприлика периодот за тест или испит видов
дека јакажуваат вистината.

Истражувачки активности. За што, кој да ги следи, за што кога


немате предмет за истражување.Нема на Филозофски проекти освен
по некоја анкета каде се јавуваат кко анкетари.

Групна работа.Чудесија невидена.Бара голема посветност и внимание.

Индивидуална работа . Чудо невидено.

Изработна на практични трудови.Тоа не знам дали некој знае што е.

Симулирање на ситуации.Бара многу труд. Не знам некој на


Филозофски дали знае што е тоа.
Посета на работна организација и посматрање. Тоа може. Но треба
инструкции, јасни , прецизни

За еден предмет се предвидени десетина методи на учење. За


мислете 5/6 предмети по десетина методи, тоа се педесетина /
шеесетина методи за период од два три месци , ајде сто дена , што му
доаѓа негде по два дена за еден метод. Но, да ги редуцираме на 10 %
и нека бидат само десет вежби за кои би било потребно барем по 3/4
дена тоа е безмалку 40 работни денови, односно два месеца. Така
пишува во програмата.
Од тоа нема ништо. Болоњскиот процес е скап и одговорен. Студентот
е тука и тој треба да учи, но во случајот на УКИМ не, има по некое
предавање, нема вежби, нормално нема асистенти, професорот
едноставно го дава материјалот, скрипта, по некој учебник, прашања
топтан стокмени, па дури и одговори, и нема проблеми. Студентите не
се секаваат по неколку недели што полагале.
Дали некој е виновен. Не, никој . Станува збор за систем на кој се
прилагодиле скоро сите. Нема учење, подучување. ( продолжува)

You might also like