You are on page 1of 2

СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ

Начинот на полагање: Испитот нема да се полага преку тестови, туку преку следниве
Aктивности:
1. Изработка на семинирска работа
или превод на текст со ваш осврт мак. 60 поени
2. Прказ на дело + усна презентација 10 + 10
3. Присуство + активност 10 + 10

Објаснување:

1. Семинарската или преводот, ќе се презентираат (или на час, или во


термините за колоквиуми и испити)
- Семинарската треба да содржи: насловна страна, содржина (вовед,
наслови на поглавја, заклучок и користена литература)
2. Приказот може да презентира на час или во термините за консултации.
3. Краен рок на доставување (за они кои нема да ги бранат на час) е 15.05
4. Темите треба да се пријавaт што поскоро, за да се направи распоред за
нивна презентација.
5. Оние што ќе се одлучат за превод, исто така да се јават за да добијат
текстови

Во библиотеката за Родови студии ќе ви биде доставен и список со литература ( а ќе


ви го испратам и на меил) од која бирате дело за приказ, и истите ќе ви послужат за
семинарска (секако и дополнителна ваша литература што ќе ја користите од интернет,
закони, конвенции, итн.)

Насоки за теми за изработка на семинарски трудови. Темите може да се однесуваат на


било кој аспект поврзан со сексуалното и репродуктивно здравје. На пример:

- Сексуалноста како составен дел на човековото битие; сексуално и


репродуктивно здравје; сексуални и репродуктивни права (состојба во
нашата земја или компаративна анализа). Може различни комбинации да се
прават, на пр. сексуално здравје и права, репродуктивно здравје и права, или
само за еден од нив.
- Сексуално и репродуктивно здравје на адолесцентите (последици од
ризичното сексуално однесување: сексуално преносливи инфекции и ХИВ и
нивна превенција
- Планирање на семејството: контрацепција и заштита од непланирана и
несакана бременост; абортус; вештачко оплодување – инвитро и инвиво;
сурогат мајчинство (за еден од нив или во комбинација. Тука може да се
доловат и етичките дилеми, или правните аспекти, или да ги комбинирате).
- Насилството: во интимни релации; семејно насилство; врсничко
насилство, силување; сексуално вознемирување и злоупотреба
- Сексуално образование
- Анализа на закони (за прекинување на бременоста; за биомедицинското
потпомогнато оплодување; за безбедно мајчинство) и стратегии (за
сексуално и репродуктивно здравје; за безбедно мајчинство; за демографски
развој; за ХИВ)

Секако може и по ваша креативност да се избере тема, но со претходна консултација.

Семинарските да не бидат медицински – набројување на видови контрацепција,


абортиви итн. Акцентот да биде на последиците и како што ви е посочено во
упатството.

На првиот час објаснувам детелно за работата и почнуваме со правење план за


активностите.

Убава работа,
Вашата професорка Сузана Симоновска

You might also like