You are on page 1of 2

- Удвоени согласки

Во нашиот јазик во составот од два дела на зборот (претставка или наставка) често
доаѓаат во допир две исти согласки. Во изговорот тие два се слеале, па и се пишува само
една согласка:

а) со претставки (префикси)

бестрастен, иседи, исекне, исече, исели, иситни, исуче, расади, расее, раседла, расече;

б) со наставки (суфикси)

руски, воена, камена, пламена, опозициона, ротациона;

в) кај именките на – ст во членуваната форма

болест – болеста, жалоста, радоста, (шесте).

Во многу случаи поради јасната граница меѓу деловите од зборот или за да се разликуваат
по своето значење не дошло до слевање на согласките, односно ги пишуваме со две
согласки:

а) удвоено се пишуваат согласките з, с, во префиксираните зборови со без-, из-, раз-:


беззабен, беззаконие, беззаштитен, иззаборави, иззавитка, иззакачи, иззалепи, иззимува,
раззаби, раззелени, разземе, раззори, НО: безвучен, безначаен, безлобен;

бессемен, бессилен, бессовесен, бессодржаен, бессолен, бессолзен, бессоница, бессочен,


обессилен,, НО: бесмртен, бесмислен, бесрамен, бестрашен, бестрастен;

б) Согласките д, т, се пишуваат удвоено во сложените зборови со префиксите од-, над-,


под-, пред-:

оддава, оддалеку, оддалечи, оддел, одделение, оддесно, оддивне, оддипли, оддиши,


оддолжи,
наддава, наддаде, наддели,
поддава, поддаде, поддржи, поддувне,
оттаму, оттогаш, оттука, оттури, оттурне,
поттекст, поттик, потточка, поттура,
наттрча

в) Удвоено т се пишува и во членската форма на именките од женски род што завршуваат


на -т:

животта, потта, пролетта, смртта;


исто така и кај челуваната форма на броевите:
петте, деветте, десетте, единаестте, дваесетте; петти(от), деветти(от).

г) Двојно ј се пишува во суперлативната форма кај придавките кои започнуваат со ј-:

најјак, најјасен, најјадар, најјужен; и кај именките: најјунак.

д) Удвоено м се пишува кај бројните форми:

седуммина, осуммина.

ѓ) Удвоено л се пишува во неколку зборови:

јамболлија, каллив, бакаллак.

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D0%BF
%D0%B8%D1%81_%D0%B8_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BE
%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC
%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA
%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%BE%D0%BD
%D0%B5%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%B8_%D1%84%D0%BE%D0%BD
%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_
%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA
%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA

http://amfiteatar.blogspot.com/2009/09/amfiteatar.html

You might also like