You are on page 1of 20

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, СПОРТ И ЗДРАВЈЕ

Предмет: Спортска гимнастика

Кандидат: Марија Николоска


Број на индекс: 5338

Дипломска работа на тема:


Примена на спортската гимнастика кај деца од 1-во до 4-то
одделение

Ментор: Проф.Д-р Катерина Спасовскa

Скопје, јуни 2017


Содржина

2
АБСТРАКТ

Во одделенска настава, од 1во до 4то одделение во основно училиште, од вкупно 106


одделенски теми и целини, кои се предвидени и застапени во наставниот план и
програма на телесната и здравствена култура, 47 теми опфаќаат различни гимнастички
содржини. Тоа значи дека од вкупниот број на спортски содржини, а кои се однесуваат
на останатите спортови, околу 44,4% ги сочинуваат гимнастичките движења. Темите кои
се поврзани со гимнастичкиот спорт, а во складност со неговите главни карактеристики
и нејзините придружни дисциплини можат да се поделат на 4 групи: основи на
акробатика, основи на скокови, основи на височини и отпорност на справите и основите
на рамнотежна положба на телесните површини. Со ова, целта на овој труд е да се
прикажи улогата и значењето на гимнастичкиот спорт и настава за телесна и здравствена
култура во основните училишта, посебно во одделенската настава, а со желба (цел)
гимнастиката што повеќе да се приближи и подобро да се запознае

Клучни зборови: спортска гимнастика, основно училиште, одделенска настава

3
ABSTRACT

In lower primary school classes from 1st to 4th grade, out of the total number of 106 teaching
topics and units planned and represented in Physical Education curriculum, 47 include various
gymnastics topics. It means that 44.4% of the total number of sports topics, account for
gymnastics structures. The topics related to gymnastics, in accordance with its main features
and accompanying disciplines, may be divided into four groups: basics of acrobatics, vault,
support and hanging positions on apparatus and balanced positions on narrow surfaces.
Therefore, the aim of this paper was to present the role and significance of gymnastics of
physical education classes in primary school, especially lower primary school, in order to bring
gymnastics closer to pupils.

Key words: artistic gymnastics, elementary school, class teaching

4
ВОВЕД

Гимнастиката нуди добра стабилност и контрола, разни движења кои се многу важни за
развојот на децата. Таа бара голема разновидност на движењата како транзиции од
динамички кон статички елементи и обратно, чести промени и позиции на телото. Секоја
успешна изведба на секој елемент бара мускулна активност со одреден интензитет, низ
просторот и во вистинско време. Гимнастичките елементи се класифицирани како
комбинирани нециклични движења и како такви ја развиваат способноста за движење и
контрола на телото. Гледајќи од перспектива за развој на детето, гимнастиката, заедно
со атлетиката, се едни од клучните спортови кои ги вклучуваат елементите кои може да
се изведуваат односно извршуваат во различни насоки( напред, настрана и наназад), на
три нивоа (ниво на глава, ниво на колкови и хоризонтално ниво) и околу три оски
(фронтална, сагитална и вертикална). Не е редок случај гимнастиката во училиштата да
се споредува со најврвната, натпреварувачка спортска гимнастика која ја гледаме на
малите екрани. Се споредува со многу тешки, комплицирани, сложени и комплексни
спортски движења, кои кај повеќето луѓе се непознати и во нив влева страв,
внимателност и големо почитување спрема девојчината и момчината кои се занимаваат
со тој спорт. Дури и студентите кои се специјализирани на спортските факултети
(кинезиолошки факултет) кога се запишуваат и започнуваат на колеџот за спортска
гимнастика имаат однапред поставен (всаден) страв и почитување спрема овој спорт.
Но, спортската гимнастика или гимнастичкиот спорт познава голем број применети
програми кои се изменуваат и прилагодуваат со оглед на поставените цели и задачи на
поедини програми и нивната основна намена. Од таа причина, а со желба гимнастиката
што повеќе да се приближи и запознае, целта на овој труд е да се прикаже улогата и
значењето на гимнастиката во наставата за телесна и здравствена култура во основните
училишта, особено во одделенската настава.

5
ЗАСТАПЕНОСТА НА ГИМНАСТИЧАРСКИТЕ СОДРЖИНИ ВО НАСТАВНИТЕ
ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ ТЗК1

Здравјето и добросостојбата на децата се клучни фактори во процесот на растењето и


развојот , којшто се одвива во текот на раниот период на животот. Растот и развојот кај
децата е паралелен и комплементарен процес. Но, сепак растот се однесува на
зголемување на тежината и висината, како и промена на големината на телот. Наспроти
тоа, развојот се однесува на промените што настануваат во степенот на комплексноста
во извршувањето на одредени функции и стекнување одредени вештини, каде што
постепено се оди од поедноставни до посложени промени во учењето и совладувањето
нови вештини во движењето на телото, во одржување на рамнотежата, во
воспоставување на контрола на делови од телото, како и зајакнување на сензимоторната
координација. Гимнастиката е рангирана во сите наставни планови и програмина
телесна и здравствена култура, на сите нивоа и во сите форми на школување, и тоа на
таков начин да изборот на цели, содржини и стандарди на знаење е прилагоден на
степенот на развојот на ученикот. Во наставниот план и програма за основни училишта,
поради професионалните заслуги на досегашните научни и теоретски знаења, во
училишната настава (посебно од 1-3 одделение) гимнастичката програма може да се
нарече почеток на гимнастиката, со што се идентификува со фундаментален карактер и
развојни карактеристики на децата од рана училишна возраст. На таа возраст важноста
се фокусира на развојот на основните вештини,односно координација и други основни
моторни вештини како што се: рамнотежа, флексибилност и основните форми на моќ, а
со што ќе влијаат на здрав и квалитетен живот. Постепено со растењето и созревањето,
гимнастичката програма се проширува и надоградува.

Под гимнастички почетоци се подразбира збир на едноставни моторни задачи во кои се


вклучени гимнастички содржини. Кога се зборува за гимнастички содржини се мисли на
гимнастички вежби, движења на гимнастички справи, над нив, преку нив или со помош
на гимнастички справи и помагала, и движења чија намена е припрема за учење на
гимнастички елементи. Тоа е многу обемно подрачје со голем број на справи и помагала
со неограничен број на можности за нивно совладување и употреба. За пример можат да
се земат гимнастичките елементи кои се викаат прекоци (прескокнувања) и кои секогаш
во смисла на успешно совладување претставуваат голем проблем за учениците и

1
ТЗК е кратенка за : телесна и здравствена култура, ќе биде сретнувана повеќепати во трудот

6
наставниците. Во основните училишта се изведуваат полесни и посигурни врсти на
прескокнувања, како што се згрчка и разношка. Со нивно учење се започнува дури во
5то одделение, додека поедини фази на прескокнувања, како што се залет, одраз и доскок
се учат на помала школска возраст, односно во училишната настава. Во тој период за
учениците успешно да ја совладаат техниката на прескокнување во повисоките
одделенија, учителите треба да ги оспособат така што ќе ги научат правилно со
припремни вежби и предвежби кои влијаат на усогласеноста на движењата,
еластичноста, размислуивање и сетилата на рацете и рамената. Притоа акцентот е на
големиот број на повторување на специфични предвежби, како учениците би се
припремале за посигурно учење на згрчка и разношка, и со тоа да се отстрани многу
честата појава на страв при изведувањето. Со овој пример се гледа дека за успешно
спроведување на постапката на учење, а со тоа и наставниот процес, потребно е добро
да се познава струката како и способноста на умешноста на самиот наставник, да го
испланира што подобро и поефикасно, а потоа и да го реализира.

7
УЧЕНИЦИ И УЧЕНИЧКИ
ОДДЕЛЕНИЕ БР. ТЕМИ ГИМ. %
1. 25 14 56%
2. 26 13 50%
3. 28 10 36%
4. 27 10 37%
ВКУПНО 106 47 44,4%
Табела 1

Во одделенска настава, од 1во до 4то одделение во основно училиште, од вкупно 106


одделенски теми и целини, кои се предвидени и застапени во наставниот план и
програма на телесната и здравствена култура, 47 теми опфаќаат различни гимнастички
содржини. Тоа значи дека од вкупниот број на спортски содржини, а кои се однесуваат
на останатите спортови, околу 44,4% ги сочинуваат гимнастичките структурни
движења. (табела 1).

УЧЕНИЦИ УЧЕНИЧКИ

ОДДЕЛЕНИЕ БР.ТЕМИ ГИМ. % ОДДЕЛЕНИЕ БР.ТЕМИ ГИМ. %

5. 27 6 22% 5. 29 7 24%

6. 25 6 24% 6. 27 9 33%

7. 26 5 19% 7. 27 8 30%

8. 21 3 14% 8. 16 6 38%

8
ВКУПНО 99 20 20% ВКУПНО 99 30 30%

Во предметната настава од 5-8 одделение, вкупниот број наставни теми и целини е 99, а
одредени спортски содржини се делат спрема полот на ученици и ученички. Така бројот
на наставни теми и содржини кои се однесуваат на гимнастичарските содржини, кај
учениците е застапена околу 20%, додека кај ученичките е нешто поголем, односно 30%,
во однос на останатите спортски содржини во сите четири одделенија на предметните
настави.
Со сумирање на целокупното школскообразование, од вкупниот број (205) наставни
теми и целини од телесната и здравствена култур, застапеноста на гимнастичките
содржини е 33% (67) кај учениците и 38 % (77) кај ученичките во однос на преостанатите
спортски содржини.

УЧЕНИЦИ УЧЕНИЧКИ
ОДДЕЛЕНИЕ БР.ТЕМИ ГИМ. % ОДДЕЛЕНИЕ БР.ТЕМИ ГИМ %
1-8. 205 67 33% 1-8. 205 77 38%

Секако голема застапеност на гимнастичките содржини во школските програми ТЗК е


причина за нејзино многубројно влијаење на здрав раст и развој на децата, а исто така и
нејзиниот капацитет значително го задоволува општите и насочените цели на телесните
и здравствени култури. Важен факт кој влијае на значајноста на гимнастиката во
наставниот план и програма, е тоа што е исклучително соодветна за усвојување на
основните дтруктурни движења кои се чуваат во моторните бази во облик на кохерентно
и ефективно движење и негова примена во секојдневниот живот.

ОСНОВИ НА СОДРЖИНАТА НА ГИМНАСТИКАТА – УЛОГА И ЗНАЧЕЊЕ ВО


НАСТАВАТА ПО ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

Наставната програма по физичко образование, односно одредените предмети се


поделени во однос на битните карактеристики на одредени положби и делови на телото,

9
како и спортските движења (техники) поделени во неколку групи и тоа: одење и трчање;
скокање; фрлање; фаќање и отстрел; тркалање; качување и симнување на висини;
отпорност; ритмички структири и игри. Во повеќето од наведените групи се наожа низа
на теми кои се поврзани со гимнастичкиот спорт. Нивната улога и значење, особено
влијанието на развојот на моторните способности и создавањето на база на моторни
вештини, складно со главните карактеристики на гимнастичкиот спорт и дисциплините
кои му припаѓаат, можат да се поделат на четири групи и тоа:

- Основа на акробатика
- Основа на прескок
- Основа на висините и отпорноста на справите
- Оеснова на рамнотежа на тесни површини

ОСНОВИ НА АКРОБАТИКА

Акробатиката е дел од спортската гимнастика која ја сочинуваат разни гимнастички


елементи. Гимнастичките елементи се изведуваат со контролирани и убаво обликувани
движења. Една гимнастичка вежба треба да биде составена од елементи со различна
тежина, меѓу себе поврзани со одреден ритам и динамика.Изведувањето на различни
вежби на подлога ќе придонесат за развивање на силата на мускулите на нозете, рацете
и рамениот појас, грбот и стомакот. Посебно значење овие гимнастички вежби имаат за
развојот на еластичноста на целото тело, координацијата, силата, рамнотежата и
храброста.
Децата од прво до четврто одделение се среќаваат со акробатски елементи кои се
вклучени во наставата за ТЗК во оснвоните училишта, со што почетоците односно
основните акробатски елементи можат да се наречат акробатски почетоци. Целта на
учењето на овој дел од програмата е совладувањето на основните положби на телото
како и деловите на телото во мирување и движење. Учениците кои се вклучени во ова
настава, со учењтона различни положби и движења низ припремните вежби, се
стекнуваат со основата и развиваат способност која понатаму же им го олесни учењето
на акробатските елементи. Во овој дел од развојниот период се започнува со учење на
основните и едноставни акробатски вежби и елементи како што се: колут напред и колут

10
назад, мост, стој на раце и премет во страна (ѕвезда), кои се основа на акробатското
знаење.
Колут – напред и назад

Колутите се кружни движења , нивната траекторија се карактеризира со почеток и крај


на едно составено од повеќе движења: од исправен став, преку чучнување, завземање
на најоптимална положба за за почеток на движењето, поставување на рацете, премин
во кружно движење (тркалање преку теме и грб), доагаме до појдовна положба и
исправање.

КОЛУТ НАПРЕД

Изведбата на колут напред е следна: правиме


неколку чекори, се спуштаме и доагаме во чучната положба, потоа се наогаме во
свиткани во топчеста форма и легнати на грб. Рацете ги поставуваме позади главта, ги
движиме нозите према напреди преку кружно движење и повторно доагаме во чучната
положба. Потоа се исправаме, ги подигаме рацете нагоре за да ја растовариме тежината
на двете стопала

КОЛУТ НАЗАД

Изведбата на колут назад е следна: стоиме исправени со рацете нагоре и свртени со грб
кон насоката на движење. Го спуштаме телото во чучната положба, потоа се наогаме во
свиткана форма легнат на грб со движење према назад. Рацете ги поставуваме позади
главата, ги движиме нозете према назад со кружна траекторија на движење. Импулсот
на силата доага од рацете кои допринесува од кружното движење наназад повторно да
се дојде во чучната положба. Потоа се исправаме свртени со грб, ги подигаме рацете
нагоре за да ја растовариме тежината на двете стопала.

За усовршување на изведбата на двата видови на колути постапно и системаскиги


усложнуваме вежбите и тоа:

11
– изведба на неколку споени колути нанапред

– изведба на неколку споени колути наназад

– комбинација на колут напред и колут назад

Мост

Во акробатиката мостот се користи за поврзување на други гимнастички елементи на


подлога. За совладувањето на техниката на елементот мост потребно е претходна
припрема која содржи вежби за развивање на елестичноста на целото тело.

Стој на раце

Еден од основните гимнастички елементи на подлога е стој на раце. Стоењето на раце е


симетрична вежба. Поради невообичаената положба на телото во просторот,
одржувањето на статичка рамнотежа е отежнато. Особено во неповолна положба се
наогаат вестубуларниот апарат. Оваа положба ја намалува циркулацијата на крвта и
можноста за подолго стоење на раце. Тежината на телото се наога релативно над точката
на допирање , а допирната површина е релативно мала во сагиталната рамнина. За да се
задржи сотењето на раце, рацете треба да се испружени во зглобот на лактовите,
дланките да се поставени паралелно, прстите да се
малку раширени, телото да е испружено и затегнато и
поставено вертикално во однос на рацете, главата да
е подадена наназад и тоа во продолжение на рбетникот.
За совладување на овој елемент е потребна
претходна физичка подготовка. Овој елемент се

12
изведува од стоечка почетна положба. Со замавната нога се замавнува наназад и горе, а
рацете исправени се поставуваат во широчина на рамената на подлогата, главата е
подигната нагоре. Замавната нога ја подигнува одразната нога нагоре со што телото се
доведува до положба стој на раце. На совладаниот елемент стој на раце може да се
надоврзат и други елементи од акробатика.

Премет во страна “ѕвезда”

Премет во страна
“ѕвезда” по
техниката на
изведување е многу
слична со
елементот стој на
раце. Се изведува од стоечка положба. Телото е бочно свртено кон правецот на
изведувањето на елементот, а рацете се во положба на одручување. Се одножува со
левата нога и со исчекорување во лево, вежбачот во истиот правец ја поставува на
подлогата прво левата, а потоа и десната рака, истовремено се одбива од подлогата со
левата нога, а со десната нога замавнува нагоре во правецот на движењето. Потоа се
одбива, прво, со левата, а потоа со десната рака во истиот правец, и се дочекува на
десната нога, телото се исправа, а рацете се во положба на одручување. Исто како и
елементот стој на раце, и на овој елемент може да се надоврзат и други елементи од
акробатика.

13
Покрај различните улоги и предности на акробатиката, една од најважните улоги се
гледа во развојот на моторните вештини, предсе координација, сила, флексибилност,
рамнотежа и брзина. Акробатските елементи значително влијаат на способноста на
движењето на телото во просторот со што се подобрува целокупната координативна
моторичка способност, која се рефлектира со вештини, движење и ориентација на целото
тело и одредени делови од телото во просторот и во одредено време. Со акробатиката се
развиваат сите форми на сила и енергија, од кои најзначајна е експлозивната сила, со
многу прецизна и брза работа како и со активирање на одредени мускули и мускулни
групи. Акробатските елементи најмногу влијаат на развојот на силата на рацете и нозете.
При изведба на одредени акробатски елементи многу е важна амплитудата во некои
зглобови и зглобни состави за кои е одговорна моторичката способност наречена
флексибилност. Таа всушност се смета за естетска компонента на движење. За изведба
на акробатските елементи е особено важна флексибилноста на карлицата како и рамото
и ‘рбетот. Со тоа акробатиката значително влијае врз развојот на флексибилноста како
една од најзначајните моторни вештини, бидејќи во школската гимнастика има
најголемо влијание во спречувањето на повреди. Влијанието за рамнотежа произлегува
од статички акробатски елементи, кои бараат техники за одржување стабилна
рамнотежна позиција. Брзината пак, која се развива со акробатски елементи, бара замав
со раце и нозе, брзи промени на насоката (напред-назад) како и поврзување на
елементите.

Во процесот на совладување на акробатските вештини и елементи, учениците се


стекнуваат и со други квалитети, бидејќи содржините во акробатиката овозможуваат
развој на одлучност, мотивација, самоконтрола и избегнување на една од најчестите
кочници, а тоа е стравот. Во основните училишта програмите на акробатиката се
составени тала да учениците постепено се навикнуваат и совладуваат основните
структури на движење, кои меѓусебно се надоградуваат, а воедно и овозможуваат учење
на сложени и комплексни движења и истите ги олеснуват, како гимнастчките така и
движењата во други спортски гранки.

14
ОСНОВИ НА ПРЕСКОК

Прескоците се доста комплексни вежби кои влијаат на развојот на координација, снага


и размнотежа зтоа имаат широка и разновидна примена. Овие вежби се изведуваат со
залет и одраз на двете нозе за прескокнување на справата која претставува просторна
бариера или препрека, па така со прескоците се развива усогласеното движење на сите
делови од телото, а посебно усогласеноста на разете и нозете како и ориентацијата во
просторот. Прескокот доста влијае на рзвојот на експлозивната сила на нозете (при
изведба на одразот-отскокот кон справата), рацете и рамената (при одбивање – одразот
со рацете од справата), динамички (преминот преку справата) и статички (доскокот)
рамнотежата после преминот или скокот на справата. Со овие вежби, како што може да
се забележи, не се влијае врз развојот на брзината, во наставата на ТЗК, бидејжи залетот
за згрчка и разношка мора да биде со таква брзина за скоковите да се изведат добро и
сигурно. Прескоците освен во наставата, на учениците им помагаат да ги совладаат
некои од препреките со кои се среќаваат и во својот секојдневен живот, како што се:
совладувањето препреки со залет и одраз, скокови од повисоки површини како и
избегнување на препреки со помош на отпор на рацете и рамената. Таквите видови на
движења и вежби се среќаваат и во други спортови како кошарката, атлетиката,
одбојката, па затоа има многу причини зошто гимнастиката е една оид темелните,
основни и главни гранки во спортот. Со прескоците учениците го совладуваат и стравот,
кој секако е присутен, за преминување на препреки и висини што исто така им помага
во снаоѓањето во секојдневниот живот.

Во одделенската настава не се учи темелно прескок на справа, туку учениците учат


различни вежби, предвежби, техники и движења за понатамошно надоградување,
односно прескокот на справата. Припремните вежби и предвежби се почетоците,
односно првите чекори во учењето на скоковите во прескокот. Со нив се влијае на
развојот на моторните способности и вештини кои се секако неопходни за изведба на
скоро сите гиманстички елементи. Полесно кажано, со нив се олеснува совладувањето

15
на сите техники, а припремните вежби имаат широка улога: запознавање на справата и
помошните справи со помош на кои учениците ја совладуваат техниката нс прескокот
(отскочна даска, шведска клупа, сандаци, душеци и справата наречена „“коњ – „јарец“);
ги развиваат и моторните способности потребни за изведба на вежбата и тоа: сила во
рацете, нозете и рамената, координација и рамнотежа, создавање чувство на движечка
структура која се учи, а е применлива во сите спортови. За разлика од подготвителните
вежби, предвежбите се постапки со кои учениците ја учат специфичноста на секој
елемент, и нивната улога е да ги припремат учениците за учење на одреден прескок. Тие
се фокусирани на барањата кои ги наметнува техниката на индивидуалните прекоци и
нивните фази.
Денешните навики, брзиот живот и развој на урбанизација и модернизација на животот,
секојдневното возење и седење ја намалуваат силата и способноста со која треба да се
носи секој човек и која е потребна за здрав раст и развој на децата. Денес, се повеќе се
зголемува бројот на учениоци и деца кои се со зголемена телесна тежина и масти, со
неодстаток на енергија, особено на некои делови од телото како рацете и рамената.
Проблемот тука е што децата не можат да ја совладаат својата тежина па така следува и
неспособноста за лесни и весели движења. Во наставата во училиштата, кај помалите
деца сеуште може да се влијае на совладувањето на тежината, олеснување на движењата
како и овозможување на здрав развој, со користење на различни видови на скали,
полигодни, препреки, бариери и гиманстички справи и уреди кои можат да да помогнат
во извршувањето на пречките и отпорноста.
Гимнастичките справи се наменети за развој на координацијата, статичка и динамичка
рамнотежа и сила на целото тело особено на рацете и рамената. Тие можат да ги заменат
природните препреки, но се само за внатрешна употреба. Но во последно време се
направени доста промени во школството поврзано со гимнастиката и овие справи. Денес
дури и во школите, детските игралишта, шеталишта, трговски центри, околу црквите
дури и во градинките поставени се разни повеќенаменски справи за качување, лизгалки,
нишалки, тобогани, крстови, прстени и разни полигони кои ги заменија старите справи
а помагаат децата да работат различни природни форми на движења вклучувајќи и
пречки и отпорност со што на ним поинтересен начин има се развиваат моторните
способности и вештини и без школски настави и програми. Но исто така овие помагала
имаат значајна предност во однос на тешките и непрактични но и доста скапи
гимнастички справи, па се препорачани од одделенските наставници поради нивната
лесна достапност. Движечките структури кои децата ги прават на овие помагала влијаат
16
на развоот на силата, снагата, координација и рамнотежа, статичка и динамичка
рамнотежа. Пред се влијаат на совладувањето на својата телесна тежина која е усмерена
на рацете и рамената до стомачните мускули. Па така со повторувањето на овие
движењаи вежби добро е да се знае дека на повисоките и потешките деца им е потребна
поголема сила за совладување на тежината отколку на лесните и ниски деца.
Со вежбање на справите исто така се развива координативна способност, ориентација и
усогласено движење на целото тело. Овие вежби се поврзани со енергија и помалку
брзина, освен во качувањето по јаже кад децата често се натпреваруваат кој побрзо ќе
успее.
Позициите, нивните измени и елемнти на пречки и отпорност влијаат врз развојот на
рамнотежата. Структурните движења на справиоте пред се ја развиваат динамичката
рамнотежа. Треба да се напомене дека децата треба да се поттикнуваат и да вежбаат на
помагалата кои им се во близина како и на часовите по ТЗК ако имаат можност.

ОСНОВИ НА РАМНОТЕЖА НА ТЕСНИ ПОВРШИНИ

Како што се развиваат разните и доста потребни моторни способности, така и за развојот
на динамичката рамнотежа е наменета гимнастичката справа греда. Заедно со гредата се
користи и шведска клупа кои заедно служат како повеќенаменски справи, што значи
дека се користат за развој на други способности. Елементите и вежбите кои се
изведуваат на овие две справи не се поврзани само со гиманстиката, туку на нив може и
да се оди, лази, провлекува како и да се прескокнуваат, односно може да се изведуваат
разни движења со цел подобрување на моторните способности. Ако движењата се вршат
на греда или на клупа тогаш ученикот е во нестабилна рамнотежа. Тоа е вид на
рамнотежа каде тежиштето на телото е над површината на потпирање и тоа е
единствениот начин на кој телото одржува рамнотежа. Најголемото влијание за
одржување на рамнотежа зависно од тежината и видот на вежбата што се изведува, ја
има самиот поединец кој е вршител. Самата тежина на ефикасната изведба зависи од
цврстината, ширината и висината на справата и видот на движење кое се изведува.

Рамнотежата како многу значајна моторичка способност, како и во спортот така и во


секојдневниот живот, ја користиме свесно или несвесно, во движење или мирување, но
најчесто. Увежбаната статичка и динамичка рамнотежа е силно поврзана со
координацијата и силата, одсносно со усогласеноста на движењата на телото со

17
одредени делови од телото, и се развива од рана возраст на децата (седење, лазење,
одење). Во текот на растото и развојот на децата, тие несвесно сами бираат како ја
зголемуваат својата рамнотежна способност, па често можеме и дамите ние да се видиме
како одиме по рабови од тротоари, разни клупи, разурнати стебла и сл. Двете справи кои
се спомнати се наменети за внатрешна употреба и се смеатат за замена на природни
пречки.

При вежбање на греата, главната задача на учениците е да ги изведат елементите без


гумење на рамнотежа. Битно е во изведбата да не постојат долги прекини и паузи за
учениците да не треба многу да размислуваат за изведување на движењата. Целта на
вежбите на греда во наставата се повеќенаменски. При вежбањето првенствено се влијае
врз развојот на статичка и динамичка рамнотежа. Елементите кои се изведени се исто
така елементи за развој на сила, моускулите одговорни за правилно држење на телото, а
со тоа и лесно одржување на рамнотежа. Вежбите кои се изведени на справите се
влијателни и на развојот на личноста на ученикот, самоконтролата и соочувањето со
функционалните движења.

ФИЗИЧКОТО ВОСПИТАНИЕ-ДЕЛ ОД СЕВКУПНОТО ВОСПИТАНИЕ

Физичкото воспитание во системот на предучилишно воспитание, односно ФЗО во


одделеската настава претставува дел од воспитно – образовниот процес како единствена
целина. Како комплементарен дел на севкупното воспитание, ФВ придонесува за
развојот на личноста преку примена на разновидните средства со кои се делува на
човекот во целина, а не само на човековото тело. Во услови на современо живеење,
технолошки напредок, комјутеризација и хипокинезија, ФВ добива повеќезначна улога
во одржување на рамнотежата меѓу променетите услови на живот и работа и
елементарните потреби за движење, одржување на здравјето, творечките и работните
способности. Целите на ФВ, односно на ФЗО нотирани во програмските документи за
предучилишно воспитание1 и одделенска настава2 може да ги сумираме во една
генерална цел на физичкото воспитание и образование определена како задоволување
на био – психо – социјалните потреби за движење како начин за подобрување на
адаптивните и творечките способности во современите услови на живот и работа. Иако
содржините на физичкото воспитание и образование, начинот на нивната реализација и
ефектите кои се постигнуваат, доминантно се насочени кон сегметот на моторичкиот

18
развој, самата поставеност на целите и нивната операционализација низ образовните,
функционалните и воспитните задачи укажуваат на влијанието на ФВО врз севкупниот
развој на децата. Во таа смисла образовните задачи кои се насочени кон стекнување на
моторички знаења, навики и умеења, развој на базични движечки вештини (природни
движечки форми), стекнување и развој на елементарните облици на специфични
моторни вештини, односно надоградба, усовршување и корекции на постојните
моторички знаења на децата и учениците, претставуваат интеграција на сегментите на
моторичкиот и когнитивниот развој. Функционалните задачи се насочени кон развивање
на способностите на децата и учениците, во прв ред моторичките способности
(изведбено насочени и здравствено насочени моторички способности) и сензорно-
перцептивните способности, стекнување навики за здрав и активен начин на живот, како
и стекнување здрави хигиенски навики се насочени првенствено кон сегментот на
моторичкиот развој. Воспитните задачи подразбираат развој на перцепцијата за сам
себе, формирањето на сликата за сам себе, интерперсонална комуникација и
социјализација, развој на позитивни морални особини, односно формирање на
карактерните, емоционалните, волевите и естетските особености на младата личност.
Наведените цели и задачи се реализираат преку содржините на ФВО односно различните
форми на фундамендаментали движечки вештини предвидени во програмските
документи за предучилишно воспитание и одделенска настава.

Физичкото воспитание и моторичкиот развој

Моторичкиот развој претставува секвенционален и континуиран процес на


модификација низ кој детето усвојува одредени шеми или форми на движење и вештини.
Овој процес е резултат на влијанието на нервно – мускулно созревање, развојните
карактеристики на детето, темпото на раст и созревање, влијанието на претходното
моторичко искуство и новото моторичко искуство (Malna et al, 2004). Моторичкиот
развој се однесува на развој на способностите за движење, односно развојните промени
кои се случуваат во моторичкото однесување и факторите кои ги предизвикуваат овие
промени. Преку учењето и изведбата на различните форми на движењедетето стапува во
интеракција со околината, ја осознава, делува во неа и го збогатува своето искуство. На
овој начин преку движењето децата целосно го запознаваат светот. Оттука, различните
форми на локомоторни, нелокомоторни и манипулативни движења (различни видови на
одење, трчање, скокање, качување, провлекување, ползење, тркалање, водење,
додавање, фрлање, фаќање, ротирање, нишање и сл) кои се дел од програмските

19
документи за ФВ, влијаат врз подобрување на моторичкиот развој, преку развој и
усовршување на движечките вештини, стекнување и развој на елеметарните облици на
специфични моторни вештини од различни движечки категории, подобрување на
визуелата сензација, развој на кинестетскиот систем кој ни дава информација за
положбата на деловите од телото во текот на одредено движење, просторни односи (горе
– доле, потоа напред – назад, лево - десно), развој на просторна ориентација која
подразбира локализирање на делови од телото во просторот, развој на латерализацијата
како свесност дека телото има две страни кои се движат независно, развој на
перцептивните способности, асиметрија и сл. Кај децата во помала возраст,
усвојувањето на различни начини на движење и користењето на сетилата овозможува
полесно совладување и движење низ просторот, задоволување на вродената
љубопитност и повеќе можност за учење, што директно влијае на когнитивниот развој и
развојот на говорот итн. Корелација помеѓу моторичкиот, интелектуалниот и
емоционалниот развој кај мали деца, се зголемува со возраста што укажува на зголемена
можност за позитивно влијание врз интелектуалното и емоционалното однесување на
децата преку развој и унапредување на нивното моторичко однесување (Bala, 1981). Од
друга страна, не сите промени во движењата се резултат на развојот. Промените кои се
резултат на искуството, а не на карактеристиките на одредена возраст не се резултат на
моторичкиот развој туку претставуваат моторичко учење. Промените во моториката кои
се резултат на моторичкото учење укажуваат на директна меѓусебната поврзаност и
условеност на моторичкиот и когнитивниот развој.

20

You might also like