You are on page 1of 1

Мрзата е најчеста причина за неуспех во животот на човекот

Зошто не успеваме некогаш ? Наједноставниот одговор би бил дека сите правиме грешки и дека мрзата не
тера и убедува секогаш да бараме изговори кои се пречки на патот кон успехот . Мрзата е коренот на сите
мизерии на светот . Под дејство на МРЗАТА човекот самиот на себеси се убедува дека не може да ја креира
реалноста што ја посакува. Човекот во овој универзум просто не може да не креира. Причината зошто не
успеваме е многу едноставна и очигледна : ние не успеваме и правиме грешки затоа што сме мрзливи, не се
трудиме . Мрзеливоста може да уништи кариери , иднини , врски , семејства , пријателства...

Сите сме виделе кога во серии или комедија филмови каде што се венча двојка и послем неколку години
откако мажот и жената ќе се мрзливи и несреќни . На мажот му е поинтересно да гледа телевизија кога ќе
се врати дома, наместо да поминува време и да се дружи со неговата сопруга или со своите деца . Тој не
вложува дополнителни напори во неговото дотерување или во убедувањето на неговата сопруга. Таа не се
мачи да облекува фустан за кога ќе излезат на вечера . Ниту еден од двајцата не се трудат да ја задржат
врската возбудлива. Не е дека не се грижат едни за други или дека не се сакаат , тие едноставно се
премногу мрзливи.

You might also like