You are on page 1of 2

Коцентрација и Брзина на реакцијата

Брзината на хемиската реакција за еден реактант или продукт во


дадена хемиска реакција е интуитивно дефинирана со тоа колку
брзо се одвива хемиската реакција. На пример, оксидацијата на
железото под атмосферата е бавна реакција која може да трае и до
неколку години, но согорувањето на бутанот во оган е реакција која
се одвива во дел од секундата.
Хемиската кинетика е дел од физичката хемија која ја проучува
брзината на хемиската реакција. Концептите на хемиската кинетика
се применуваат во многу дисциплини, како хемиско
инженерство, ензимологија и инженерство на животна средина.

Фактори кои влијаат на брзината


Концентрација-Брзината се зголемува заедно со
концентрацијата.
Температура-Најчесто, одвивањето на една реакција на
повисока температура дава повеќе енергија на системот и ја
зголемува брзината со предизвикување на повеќе судири
меѓу честичките .
Растворувач-Многу реакции се одвиваат во раствор, а
својствата на растворувачот влијаат на брзината.
Притисок-Брзината на гасните реакции се зголемува со
притисок.
Катализатор- Присуството на катализатор ја зголемува
брзината со обезбедување на алтернативен пат со пониска
активациона енергија.
Ред на реакцијата-Тој контролира како концентрацијата на
реактантот влијае на брзината.
Коцентрација и Брзина на реакцијата

Изработено од:
Радмила Србиновска и Кристијан Апостоловски

You might also like