You are on page 1of 10

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

Факултет за туризам и бизнис логистика

СЕМИНАРСКА РАБОТА

Тема:
Групни индекси

Ментор: Изработил:
декември,2019 год
Содржина

Вовед.......................................................................................3
1. Поделба на групните индекси...............................4
1.1. Групни индексни броеви..............................4
1.2. Групни индекси на физички обем.......................4
1.3. Групен индекс на физички обем според методот на
Ласпер..5
1.4. Групен индекс на физички обем според методот на Паше..5
2. Групни индекси на цени.......6
2.1. Групен индекс на цени според методот на Ласпер.....6
2.2. Групен индекс на цени според методот на Паше....6
3. Индекс на вредност.........................7
4. Заклучок.........................................8
5. Користена литература......................9

2
Вовед
Индексите претставуваат релативни броеви кои се добиваат со споредување
на големината на појавата во набљудуваниот (тековниот) период со нејзината
големина некој друг период. Според тоа тие ја откриваат динамиката на
појавата, односно нејзиното движење во различни временски
периоди.Периодот што се споредува се нарекува тековен, аа другиот период
со кој се споредува појавата - базен. Индексите може да се класифицираат
според варијаблите за кои тие се наменети. Така имаме индекс на
големопродажни цени, индекс на потрошувачки цени, индекс на индустриско
производство, индекс на вредноста на извозот.

Групни (агрегатни) индекси – Ги покажуваат промените на повеќе сродни


појави. Групните индекси ја изразуваат динамиката, односно релативните
промени на повеќе сродни појави.(пример:индекс на производство на
текстилни производи, индекс на прометот на прехрамбените производи,
индекс на увоз на производна опрема.)

Групните индекси ни овозможуваат следење на движењето на комплексни


целини, како што се на пример: производството на индустријата,
производство на земјоделството, вредноста на вкупниот промет,
вредноста на увозот и извозот, цените на производите за исхрана, облека
и обувки и сл., продуктивноста на трудот на индустријата во целина, како
и на гранките пооделно итн.

3
1. Поделба на групните индекси.

Индексите може да се поделат според неколку критериуми и тоа :

1.зависно од тоа дали базата е постојана или променлива се делат на :


-Базни
-Верижни
2. зависно од тоа на колку појави се следи динамиката и развојот, се делат на :
-Индивидуални
-Групни
3. зависно од тоа на кои појави се следи динамиката и развојот, се делат на :
-Индекси на физички обем (квантум)
-Индекси на цени
-Индекси на вредност

1.1. Групни индексни броеви.


Групните (агрегатни, множествени) индексни броеви ги покажуваат
релативните промени на повеќе сродни појави заедно, односно покажуваат
како се менуваат повеќе сродни појави заедно во еден временски период во
однос на друг временски период. На пример, индексот на производство на
група текстилни производи, индексот на промет на повеќе прехранбени
производи, индексот на цени на нафтени деривати итн. Во продолжение ќе
бидат објаснети групните индексни броеви на физички обем, на цени и на
вредност.

1.2. Групни индекси на физички обем.


Групните индекси на физички обем овозможуваат следење на движењето
(динамиката) на производството на повеќе производи заедно. Со нив се следи
производството на цел асортиман на производи што ги произведува една
компанија, производството на група производи, производството на една
стопанска дејност, прометот на група производи итн. Кога производите се
разновидни и се мерат во различна единечна мера, потребно е да се одреди
пондер (множител), кој ќе овозможи собирање различни видови производи.
Таков пондер е цената. Имено, кога станува збор за различни видови
производи изразени во различни мерни единици не може едноставно само да
се соберат, туку е потребно да се знаат нивните цени како пондери, кои ќе
помогнат да се добие вредноста на секој вид производ (количеството
помножено со цената ја дава вредноста). Но, се наметнува прашањето, со кои
цени да се изврши пондерирање? Постојат два метода на пресметување на

4
групниот индекс на физички обем, познати по името на авторот на методот:
Ласперов и Пашеов индекс.

1.3. Групен индекс на физички обем според методот на Ласпер.

Познатиот статистичар Етјен Ласпер (Etienne Lasperes) развил метод на


пресметување, групен индекс на физички обем каде што како пондер ја зема
цената од базниот период. Тоа значи, дека производството или прометот и во
тековниот и во базниот период се множат со цената од базниот период.
Etienne Lasperes (1834-1913) ја дефинирал формулата за пресметка на
групните индексни броеви, денес позната како Ласперов индекс. Бил
професор на неколку универзитети во Германија и главен поборник на
мислењето дека е потребно економијата да се квантифицира со примена на
официјалната статистика.
Групниот индекс на физички обем според Ласпер се добива кога тековната
количина ќе се помножи со базните цени и така добиениот производ ќе се подели
со производот од базните количини и базните цени. Добиениот резултат се множи
со 100. Изразено со симболи, Ласперовиот индекс на физички обем се пресметува
со следнава формула:

каде што:
Iq = групен индекс на физички обем;
q1 = производство или промет во тековниот период;
q0 = производство или промет во базниот период;
p0 = цена во базниот период.

1.4. Групен индекс на физички обем според методот на Паше.


Hermann Paasche (1851-1925) е германски економист. Познат е по
дефинирањето на формулата за пресметка на групните индексни броеви,
денес позната како Пашеов индекс.Студиралекономија, земјоделство,
статистика и филозофија во Универзитетот во Хале. Бил активен
политичар и познат по анализите за индустријата за шеќер во Германија.
Методот на пресметување групен индекс на физички обем според Паше како
пондер ја зема цената од тековниот период. Тоа значи дека групниот индекс на
физички обем според методот на Паше се добива кога тековната количина ќе
5
се помножи со тековните цени и така добиениот производ ќе се подели со
производот од базните количини и тековните цени. Добиениот резултат се
множи со 100. Изразено со симболи, групниот индекс на физички обем според
Паше се пресметува со следнава формула:

каде што:
Iq = групен индекс на физички обем;
q1 = производство или промет во тековниот период;
q0 = производство или промет во базниот период;
p1 = цена во тековниот период.

2. Групни индекси на цени.


Групните индекси на цени овозможуваат следење на движењето (динамиката)
на цените на повеќе производи заедно. Како пондер, за пресметување на
групните индекси на цени се користат количините. Притоа, се користат два
метода за пресметување во зависност од тоа, од кој период се користат
количините како пондери, познати како методот на Ласпер и методот на Паше.

2.1. Групен индекс на цени според методот на Ласпер.


Според Ласпер во пресметување на групниот индекс на цени како пондер се
користат базните количества. Индексот на цени според методот на Ласпер се
добива кога тековните цени ќе се помножат со базните количества, па така
добиениот производ ќе се подели со производот од базните цени и базните
количества.

2.2. Групен индекс на цени според методот на Паше.


Во постапката за пресметување на индексот на цени, Паше како пондер го
користи количеството од тековниот период. Групниот индекс на цени, според
методот на Паше се добива кога тековните цени ќе се помножат со тековните
количества и така добиениот производ ќе се подели со производот од базните
цени и тековните количества.

6
3. Индекс на вредност.
Индексот на вредност го следи движењето на вредноста на производството во
различни временски периоди. Вредноста на производството се добива кога
количината производи ќе се помножи со цената. Индексот на вредност се
добива кога тековната количина ќе се помножи со тековните цени и така
добиениот производ ќе се подели со производот од базните количини и
базните цени.

7
Заклучок

Индексните броеви се релативни броеви, кои ја покажуваат големината (нивото)


на појавата во еден период (тековен) во споредба со нејзината големина (ниво) во
некој друг период (базен). Индексите можат да се поделат според неколку
критериуми и тоа:

-зависно од тоа дали базата е постојана или променлива индексите се делат на


базни и на верижни;

-зависно од тоа на колку појави се следи динамиката и развојот индексите се


делат на индивидуални и на групни;

-во зависност од тоа на кои појави се следи динамиката и развојот индексите се


делат на индекси на физички обем (квантум), индекси на цени и индекси на
вредност.

Индивидуалните индексни броеви ги покажуваат релативните промени само на


една појава во еден во однос на друг временски период.

Групните (агрегатни, множествени) индексни броеви ги покажуваат релативните


промени на повеќе сродни појави заедно, односно покажуваат како се менуваат
повеќе сродни појави заедно во еден временски период во однос на друг
временски период. Базни индексни броеви (индекси со постојана база, индекси на
развојот) се релативни броеви, кои ја изразуваат релативната промена на
појавата во тековниот период во однос на базниот период кој е фиксен и
непроменлив. Верижни индексни броеви (индекси со променлива база) се
релативни броеви, кои ја изразуваат релативната промена на појавата во
тековниот период во однос на претходниот временски период. Индексните броеви
на физички обем или квантум ја прикажуваат промената во производството или
прометот во различни временски периоди. Тие можат да бидат индивидуални и
групни. Индексите на цени ја следат динамиката (движењето) на цените во
различни временски периоди. Тие можат да бидат индивидуални и групни.

Индексот на вредност го следи движењето на вредноста на производството во


различни временски периоди.

8
Користена литература
-д-р Борислав Благоев: „Статистика - општа статистичка методологија”, Скопје
1981;

-Јолевска Делова Евица, „Основи на статистиката”,Универзитет Американ колеџ,


Скопје, 2008;

-Јолевска Делова Евица, „Збирка задачи по основи на статистиката”,Универзитет


Американ колеџ, Скопје, 2009;

-д-р Радмила Његиќ: „Основи статистике анализа”, Београд, 1981;

-д-р Славе Ристески, м-р Драган Тевдовски: „Статистика за бизнис и економија”,


трето издание, Економски факултет, Скопје 2008;

-д-р Славе Ристески, м-р Весна Буцевска: „Статистика за бизнис и економија -


збирка задачи”, Скопје 2001;

-Калина Треневска - Благоева, „Статистичка анализа”, Економски факултет, Скопје


2003;

9
10

You might also like