You are on page 1of 2

Концепт на е- трговија

Пред да се посветиме во потполност на е-трговијата (е-commerce), потребно


е најпрво да создадеме една вистинска слика за трговијата.Ако се разбира
концептот на обичната трговија ,тогаш ќе биде едноставно да се разбере и е-
трговијата.Трговијата е секаде околу нас во милиони различни форми.Кога
купуваме нешто на киоск ние , всушност , учествуваме во трговијата.
Може да се забележи дека на ова ниво , трговијата е релативно едноставен
концепт .Било да станува збор за продажба или купопродажба одредени
производи на улица или преку потпишување на купопродажни договори или по
електронски пат мора да се води сметка за основните делови на трговијата:
 Производ
 Место на продажба
 Начин на достава
 Маркетинг
Во e-commerc каналите на продажба се нешто променети , но и натаму се
потпираат на истиот принцип.
Е продажбата е потесен дел на е-работењето.Станува збор за начин на
работење во текот на кое доаѓа од купување и продажба, односно размена на
вредности или трансакции на парични средства.Пример на е-работење кое во
себе содржи е-трговија , во вид на на мал e -shop е “Ривер софт
”(www.riversoft.com.mk). Од друга страна , кога се зборува за начин на работење на
дневен весник “Вечер”(www.vecer.com .mk),зборуваме само за информирање
преку интернет технологијата. МРЕЖИ

КОРПОРАТИВНИ
ПРОДАЖБА

МАРКЕТИНГ
ИНТЕРНЕТ

ПРОЦЕСИ КОМЕРЦИЈАЛНИ

Слика 1:Компоненти на електронско тргување


Воведувањето на електронската трговија или електронското одвивање на
комерцијалните трансакции е дирекно поврзано со појавата и огромната
популарност на интернетот .
Најголем дел од луѓето сметаат дека е-трговијата значи купување и
продавање стоки и услуги преку интернет ,но неговото поимно објаснување е
најчесто пошироко и опфаќа многу повеќе аспекти на комерцијалното
работење ,вклучувајќи услуги на купувачите , соработка меѓу деловни партнери и
водење електронски комерцијални трансакции во рамките на една компанија.Во
новата литература може да се сретнат и ставови според кои е-трговијата го има
значењето во поширока смисла на зборот и се третира еднакво со е-работењето .
Електронското водење на бизнис се темели на комбинација на користење
на интернет , интранет и апликација на тимска работа.Со нивното здружување е
можно е да се унапреди комуникацијата меѓу партнерите ,меѓу понудувачите и
потрошувачите и да се комплентираат виталните деловни процеси.
Електронското тргување се гради врз предноста и структурата на
традиционалната трговија со додавање на флексибилноста што ја нудат
електронските мрежи.Преку оперирање со дигитални информацииво
електронските мрежи ,електронското тргување нуди нови можности за водење
комерцијални активности.На пример , со користење на дигитални информации за
комерцијални активности ,,е-трговијата ја прави полесна соработката на различни
групи.Групите може да бидат одделени , а разменуваат информации во рамките на
компанијата за планирање маркетинг -кампања ,компании коишто работат заедно
во дизјанирањето нов производ или услуга или бизнис, а кои ги разменуваат
информациите со нивните потрошувачи за да ги подобрат односите со
потрошувачите.
Електронското тргување овозможува нови форми на бизнис како и нови
начини на вршење на бизнисот.Конкретно , им овозможува да ги затворат
продавниците , да ги редуцираат барањата за чување на залихи и да ги
дистрибуираат производите преку интернет.

You might also like