You are on page 1of 13

79-81 стр

Продажба
Дефиниција
Продажбата и продажна функција во еден бизнис
претставува основа за нормално и успешно
функционирање на бизнисот.
Секој бизнис мора да продава без разлика дали е
тоа производ или услуга.
Без продажба, нема приход, нема ни пари за
финансирање на бизнисот. Тоа е основата на
функционирањето на секој бизнис
Промена на начинот на продажба низ времето
Продажбата се одвива преку одреден вид на контакт
помеѓу бизнисот (најчесто продажно лице) и купувачот.
Но развојот на технологијата и интернетот во голем дел
доведоа до промени во можностите во начинот на
изведување на продажбата.
Не мора да постои директно продажно лице за да се
изведе самата продажба, сепак во голем дел
принципите остануваат исти.
Психологијата на човекот иако е малку изменета сепак
размислувањето и клучниот елемент на донесување на
одлука останува приближно ист.
Наместо човек во позадина е машина која е
програмирана на некој начин да се однесува како човек
Начини на продажба
Состанок
Состанок: Состанок
лице во лице меѓу
продавачот или
купувачот. На еден ваков
состанок се презентира
производот или услугата
и се преминува во фаза
на преговарање и
договарање до конечната
одлука – спроведување
на продажба или
откажување на истата
Продажба на саеми:
Ова е вообичаена
продажба каде преку
директна презентација
на производот/услугата
на настани како
саемите се сретнуваат
продавачот и
потенцијалниот
купувач.
Продажба од врата до врата
Во овој случај
продавачот оди од
врата до врата
презентира и очекува
да обезбеди продажба.
Телефонска продажба
 Овој начин на
продажба претставува
избирање на група на
телефонски броеви на
кои во одреден период
продавачот ќе се јави,
ќе изведе презентација
преку која очекува да се
спроведе процесот на
продажба
Каталошка продажба
Овој вид на продажба
се изведува кога
бизнисот ги листа
производите/услугите
во негов или нечиј (туѓ)
специјализиран каталог
кој се распределува до
потенцијални купувачи
и се очекува тие да
нарачаат производ или
услуга
Поштенска продажба
Продажбата може да се
изведува и преку пошта
при што купувачот
нарачува производи
кои му се доставуваат
преку пошта.
Продавница
Еден од најзастапените
начини на продажба е
продажбата преку
продавница каде
потенцијалните купувачи
влегуваат, гледаат, избираат
и купуваат.
Освен преку сопствени
продавници бизнисите
може да продаваат и преку
други продавници
(продавници на други
бизниси)
Интернет (online) Продажба
Овој начин на продажба
е кога имате web
страница (сопствена,
туѓа) преку која купувачот
бира производ или
услуга, плаќа со помош на
кредитна картичка и
производот му се
доставува преку пошта за
физички производи или
електронски за
електронски производи
Affiliate продажба
 Претставува посебен вид на
продажба која се обавува
преку интернет и преку која
еден бизнис станува affiliate
(член на affiliate програмот) на
вистинскиот продавач и тој
добива награда од продавачот
за секој пратен посетител на
сајтот кој извршил купување.
 Овој процес предизвика бум
во продажбата во последните
години и се користи од сите
светски познати интернет
бизниси.

You might also like