You are on page 1of 6

Вежба:

Концентрација на растворите
 Дефиниции

Концентрацијата е заеднички назив за величини кои го одредуваат составот на


некое соединение. Соединенијата може да бидат гасовити, течни или цврсти.
Течните и цврстите соединенија може да бидат хомогени и хетерогени.
Хомогените течни и цврсти соединенија ги нарекуваме раствори. Кај растворите
разликуваме растворувач и растворена супстанца. Растворена супстанца е
гасовита, течна или цврста супстанца која се раствора во растворувачот. Во
најголем број случаи растворот содржи повеќе растворувач, а помалку
растворлива супстанца. Растворувачот може да биде и смеша. За секојдневната
работа во лабораториите најинтересни се водените раствори, затоа што како
растворувач најчесто се користи водата. Во водата се растворливи сите соли,
некои повеќе, некои помалку, како и повеќето неоргански киселини и бази. За
супстанците кои не се растворливи во вода често се користат етанол, бензен,
хлороформ, етер и други растворувачи.

 Количинска (молска) концентрација

Количинската концентрацијата на растворот е однос помеѓу количеството


растворената супстанца и волуменот на растворот.

nB
c B=
V

cB – количинска (молска) концентрација


nB – количество супстанца на растворената супстанца
V – волумен на растворот

SI единица за концентрација е mol/m3, но во пракса најчесто се употребува


mol/dm3 или mmol/cm3. Бројчаните вредности за концентрацијата изразени
во mmol/cm3 и mol/dm3 се еднакви.

 Масена концентрација

Масената концентрација е однос помеѓу масата на растворената супстанца и


волуменот на растворот.

mB
γ B=
V

γB – масена концентрација
mB- маса на растворената супстанца
V – волумен на растворот

SI единица за масена концентрација е kg/m3, а се користи и g/dm3.


 Молалитет

Молалитет е однос помеѓу количеството на растворена супстанца и масата на


растворот.
nB
b B=
m

bB – молалитет
nB – количество супстанца на растворената супстанца
m – маса на растворот

SI единица за молалитет е mol/kg.

 Количински (молски) удел

Количинскиот удел на некоја супстанца во смеша или раствор претставува


однос помеѓу количеството на таа супстанца и вкупната количина сите
супстанци.
nA nA
x A= или x A=
n A + nB ∑ ni
χА – количински удел
nA– количество супстанца на супстанцата А
nA+ nB / Σni – вкупна количина на сите супстанци во
растворот или смесата

 Масен удел

Масениот удел на некоја супстанца во смеша или раствор претставува однос


помеѓу масата на таа супстанца и вкупната маса на смешата или растворот.

mA mA
w A= или w A=
m A +mB
∑ mi
wА – масен удел
mA– маса на супстанцата А
mA+ mB / Σmi – вкупна маса на сите супстанци во растворот
или смесата

 Волуменски удел

Волуменски удел е еднаков на односот на волуменот на таа супстанцата и


вкупниот волумен на сите компоненти во растворот.
VA или
VA
ϕA= ϕA=
V A +V B ∑Vi
φА – волуменски удел
VA– волумен на супстанцата А
VA+ VB – волумен на сите супстанци во растворот или
смесата

 Врска помеѓу количинска (c) и масена (γ) концентрација


nB mB
c B= γ B=
V V
mB
Ако во односот за cB се внесе односот: n B= се добива:
MB
mB γB
c B= односно c B= а оттука γ B =c B⋅M B
V⋅M B MB
 Врска помеѓу количинска концентрација (с) и масен удел
(w)
nB mB
c B= w Б=
V m ( раствор )

mB
Ако во односот за cB се внесе односот: n B= се добива:
MB
mB
c B=
V⋅M B
Волуменот на растворот може да се изрази со густината и масата на растворот:

m( раствор )
V ( раствор )=
ρ( раствор )
Оттука за количинската концентрација се добива следниот израз:

mB ρ( раствор)
c Б= ⋅ односно:
m ( раствор ) MB

w Б⋅ρ( раствор) c B⋅M B


c Б= и w Б=
MB ρ( раствор )

а за масата на растворената супстанца следниот израз: mB =w⋅ρ⋅V


 Врска помеѓу масената концентрација (γ) и масениот удел
(w):

- се добива со комбинација на односите помеѓу количинска и


масена концентрација и односите помеѓу количинска
концентрација и масен удел

m Б⋅¿ m р− р
γ Б= ¿ V=
V ρ

mб m б⋅ρ
γ Б= γ Б=
m р−р m р− р
ρ

γB
γ B=w B⋅ρ( ратвор ) w B=
ρ( раствор )

 Разредување на растворите

При разредување на растворите се намалува нивната концентрација, но


количината на растворена супстанца или масата на растворената супстанца пред
и после разредувањето на растворот останува непроменета. Концентрацијата на
растворените супстанци пред и по разредувањето се дефинира со следните
изрази:

m1 m2
γ 1= и γ 2= .
V1 V2
Масата на растворената супстанца останува непроменета, па оттука следи:
m 1=m2
односно
V 1⋅γ 1 =V 2⋅γ 2
Количеството на растворената супстанстанца е исто така непроменето, па
оттука следи:
n1 =n2
Односно:
c 1⋅V 1 =c 2⋅V 2

 ЗАДАЧИ
1. Да се подготви 200 cm3 раствор на цинк сулфат со концентрација
2 mol/dm3.

2. Да се пресмета молската и масената концентрација на растворот


кој содржи 50 грама натриум хлорид во dm3 раствор?

3. Да се пресмета количинската концентрација на растворот кој


содржи 20 грама натриум карбонат во 300 грама раствор, при
густина на растворот 1,067 g/cm3?

4. Да се подготви 100 cm3 раствор на калиум хлорид со масена


концентрација 45 g/dm3.

5. На колкав волумен треба да се разреди 100 cm3 азотна киселина со


масена концентрација 80 g/dm3 за да добиеме раствор со масена
концентрација на азотна киселина 40 g/dm3.

6. Колку натриум сулфат е потребно за да се подготви 250 cm 3


раствор со масена концентрација со а) 60 g/dm3 и б) 150 g/dm3.

7. Колку грама калиум карбонат е потребно за да се припреми 1 dm3


раствор со концентрација 1 mol/dm3.

8. Пресметај кој волумен на хлороводородна киселина со


концентрација 5 mol/L треба да се земе, за да се подготви 250 cm 3
раствор на солна киселина со концентрација 0,2 mol/dm3.

9. Како ќе подготвите 1 L раствор на хлороводородна киселина со


концентрација 0,646 mol/dm3 од раствор на истата киселина со
концентрација 2 mol/dm3 раствор?

10. 25 ml раствор на калиум нитрат со концентрација 0.866 mol/dm 3 се


става во одмерна колба од 500 ml и се дополнува со вода до
ознаката. Која концентрација ја има крајниот раствор?

11. Виното содржи 12 ml алкохол (етанол) во 100 ml раствор. Да се


пресмета уделот на алкохолот во виното.

12. Да се пресмета количинската концентрација на 20% раствор на


хлороводородна киселина со густина 1,102 g/cm3 .

13. Да се подготви 100 g 10 % раствор на натриум хлорид.

14. Направен е раствор кој содржи 6,9 g шеќер и 150 g вода. Да се


пресмета масениот удел на шеќерот во растворот.

15. Колкава е молската концентрација на раствор од натриум


карбонат кој содржи 40 грама натриум карбонат во 600 грама
раствор? Густината на ратворот е 1,023 g/cm3.
16. Раствор на фосфорна киселина во 1 dm 3 раствор содржи 1436 g
фосфорна киселина? Густината на растворот е 1,689 g/cm 3. Да се
пресмета масениот удел на фосфорната киселина и да се изрази во
%.

17. Колкава е молската концентрација на раствор од сребро нитрат,


ако масената концентрација е 100 g/dm3 ?

18. Колку натриум-тиосулфат (Na2S2O3) треба да се измери за да се


припреми 400 g 5% раствор на натриум-тиосулфат во вода?

19. Колку натриум хидроксид треба да се измери за да се подготви


500 cm3 25% раствор со густина 1,045 g/cm3?

20. Густината на 20% фосфорна киселина е 1,114 g/cm 3. Да се


пресмета молската и масената концентрацијата на тој раствор.

You might also like