You are on page 1of 1

РОМАНТИЗАМ

Општо
1. Романтизмот во литературата се јавува во периодот од 18-ти до 19-ти век.
- Терминот романтично се јавува најпрвин во Англија и означува нешто
авантуристичко, фантастично, чудесно, чувствено.
- епохата на европскиот романтизам е обележана со појавата на Француската
Република, со нејзината парола ,,Слобода, еднаквост, братство’’, како и со
владеењето на Наполеон во Франција.
- Наполеоновата личност се јавува како олицетворение на сите револуционерни
заложби за ново и модерно, граѓанско управување со државата.

2. главни карактеристики на овој правец се:


○ инвидуализмот – клучните одлики на романтичарската литература. Се афирмира
со човековата индивидуа во сложената граѓанска држава. Се размислува за природата
на општественоста во цивилизираните општества. Романтичарите во овој период ја
истакнуваат слободата на индивидуата и неговата психичка стварност. Честопати во
овие дела се истакнува чувството на осаменост и светската тага.

- во романтичарските дела се трага по: егзотични предели на исток, природа,


среден век. Сите овие ,,патувања’’ произлегуваат од потребата на романтичарот за
пресоздавање на светот и човековата ситуација со него, но од друга страна – ја
посочуваат неговата изолирана и дистанцирана позиција во која честопати се јавува
само како осамен и оттуѓен набљудувач на настаните. Во оваа изолирана позиција на
осамен набљудувач, постојано во бегство, е содржана основата на чувството на
светска тага, кое насекаде го следи романтичарскиот поет.
Речиси сите простори за бегство, за романтичарот претставуваат можност да се
напушти светот на познатото и да се искуси и спознае лицето на ДРУГОСТА. Се трага
по сонот и јавето и патување на главниот јунак кој насекаде е како пустинец во светот.

○ однос кон традицијата – во времето на романтизмот, силно се истакнувала


традицијата и народното творештво и писателите твореле врз тие принципи. Воедно
се собирале и народните творби и биле образец за создавање индивидуални дела.
Освен во литературата, овој правец се појавува и во другите подрачја на уметноста.

You might also like