You are on page 1of 1

Животот на Архимед

Архимед е роден г п.н.е во Сиракуза, Сицилија во тоа време колонија во Голема


Грција, тој бил старгрчки математичар, физичар и инженер. Најверојатно Архимед
поминал дел од својата младост во Александрија, Египет. Автобиографијата за
Архимед била напишана од страна на неговиот пријател Хераклит но била загубена,
оставајќи ги деталите нејасни. Не е потребно на пример, дали Архимед бил оженет и
дали имал деца. Архимед починал во 212 п.н.е. за време на Втората пунска војна,
Архимед носел математички инструменти, и бил убиен поради тоа што војникот
сметал дека се вредни предмети

Делото на Архимед
Нова круна во форма на ловоров венец била направена за кралот Хиерон II и од
Архимед се барало да открие дали е од чисто злато или во круната имало додадено
сребро. Тој морал да го реши проблемот без да ја оштети круната, па според тоа не
смеел да ја истопи и да ја измери густината што било и наједноставното решение.
Додека се бањал, тој забележал дека нивото на водата се зголемило кога влегол во
неа. Тој сфатил дека може да го искористи овој ефект во одредувањето на
зафатнината на круната, а според тоа и нејзината густина откако ќе ја измери.
Густината на круната би била помала доколку поевтини и помалку густи метали биле
додадени во неа.
Иако Архимед не го откри лостот, тој ги има напишано најраните објаснувања во
врска со него. Според Папус од Александрија, Плутарх опишува како Архимед
конструирал системи од трупци и јажиња, овозможувајќи им на морнарите да го
искористат принципот со лостот за кревање на објекти кои поинаку не би можеле да
се померат.
Кралот Хиерон втори му наредил на Архимед да конструира огромен брод,
Сиракузија, којшто би бил употребуван за патување, пренесување на резерви и како
воен брод.Тоа бил најголемиот брод изграден во тоа време на него можело да
патуваат 200 луѓе а вклучувал и градинарски декорации, фискултурна сала и храм со
брод од ваква големин би течело големо количество на вода низ дното, тој создал
завртка со цел да ја отстрани водата од дното. Тоа била машина со сечило во форма
на штраф кој се врти во внатрешноста на цилиндар. Таа била придвижувана со рака и
можела да се користи за пренесување на вода во канали за наводнување
Архимед исто така ја подобрил моќта и прецизноста на катапултот, а исто така го
измислил мерачот на милји за време на Втората Пунска војна.Мерачот на милји беше
опишан како механизам со брзини којшто испуштал топче во сад по секоја
пропатувана милја.
Папус од Александрија истакна дека Архимед напишал ракопис(сега изгубен) за
конструкцијата на овие механизми наречен За правењето на сферата. Модерната
истрага во оваа област беше насочена на Антикитера механизмот, друга направа од
античко време која најверојатно била дизјнирана за истата цел.

You might also like