You are on page 1of 2

 ЗА ЕЛИНИСТИЧКИОТ ПЕРИОД

Во времето на А. Македонски предност им е дадена на


експресионизмот и натурализмот, портретот се
индивидуализира, во барелјефите се пробива
пејзажот. Се создава тип на Херкул – симбол на сурова
сила, атлет, но и на хермафродити. Истакната е и
борбата помеѓу боговите и гигантите.
 ЛАОКОН
Едно од најинтересните вајарски дела во историјата e
Лаокон. Лаокон е човекот кој ги предупредил
Тројанците дека не треба да им веруваат на Грците
(дури и кога носат дарови) и да не го внесуваат во
градот коњот –„подарок“.
Фрлајќ и копје кон дрвениот коњ при што коњот не ни
трепнал, од морето се појавиле две змии кои ги
задавиле Лаокон и неговите два сина. Пријам,
сметајќ и дека змиите се казна затоа што Лаокон
стрелал во коњот, го внел коњот внатре. Остатокот е
легенда и почеток на светската „историја“.
 НИКИ ОД САМОТРАКИ
Крилестата божица Најк (победа) била ќ ерка на Палас
и Стикс. Откако му помогнала на Зевс да ги прогони
Титаните од планината, врховниот бог Олимп, ја
крунисал Најк и таа тогаш ја стекнала титулата -
божица на победата. Најк е истакната низ целата грчка
уметност и традиционално се поврзувала со победа во
војна, атлетика, па дури и натпревари во поезија. Исто
така, морнарите ја носеле како амајлија затоа што
нејзиното присуство повикувало на дух на славење.
 МИЛОСКА ВЕНЕРА
Милоска Венера или „Афродита од Милос“ — античка
статуа и едно од најпознатите дела од скулптурата од
стара Грција. Се верува дека ја претставува божицата
на љубовта и убавината Афродита (римјаните ја
викале Венера). Тоа е мермерна скулптура од чија
оригинална основа рацете за жал се изгубени. Се
верува дека ја изработил Александар Антиохиски во I
век п.н.е.

 ПРИМЕНЕТА УМЕТНОСТ
Во овој период посебно се развиваат градовите
Антиохија (Сирија) и Александрија (Египет) каде што
се негувала применетата уметност и производството
на луксузни предмети. Зачувани се примероци на
сребрени домашни садови, калапи од тврд камен за
печати, релјефи изработени од ониксов камен итн. Се
изразува и ковањето пари на елинските уметници и
најубави примероци се најдени во Сиракуза.

You might also like