You are on page 1of 4

Архимед и златната круна

Изработил:Петар Ристовски 9-3


 Архимед бил математичар, физичар и пронаоѓач кој
живеел во античката грчка колонија Сиракуза, на
островот Сицилија, во периодот од 287 до 212 година п.н.е.
Kралот на Сиракуза, Хијерон, побарал од Архимед да му
каже дали неговата кралска круна е изработена од злато
или во неа има и сребро. Архимед долго време
размислувал како да го стори тоа и едно попладне,
влегувајќи во кадата да се избања, забележал како се
подигнува нивото на водата. Веднаш излегол од кадата и
истрчал на улицата, извикувајќи „Eурека!“. Еурека во
превод значи „пронајдов!“
 Архимед успешно го решил кралскиот проблем. Ја
измерил масата на круната, зел грутка злато и грутка
сребро со маса колку што е кралската круна. Ја спуштил
круната во сад со вода и измерил за колку се поткренало
нивото на водата. Истото го направил и со грутката
злато. Ако круната била изработена од чисто злато,
водата би се покренела до истата висина, но не било така.
Архимед го измерил и среброто и утврдил колкав е
точниот размер на овие два метали (златото и среброто)
во круната.
 На тој начин Архимед го дефинирал законот кој во
негова чест го носи името Архимедов закон: Секое тело
потопено во течност, губи од својата тежина онолку
колку што изнесува тежината на течноста што ја
истиснува.

You might also like