You are on page 1of 1

Берберски занает

Берберите или машките фризери се занаетчии кои се занимаваат со


потстрижување и бричење на мажи. Во близина на мојата зграда има
неколку берберници и неколку фризерски салони.
Во берберскиот салон има две големи огледала, два големи стола и пред нив
две натказни на кои стои алатот на берберот. Столовите може да се
подесуваат во висина. Исто има и лавабо за миење на коса.
Алатот на беберот се состои од ножици, чешли, машинка за потстрижување,
четка за отстранување на влакна, фен, четка за сапунење, брич.
Секако имаат и метла и лопатка за собирање на влакната.
Повеќето муштерии одат на потшишување кај берберите, а само постарите
одат за бричење или средување на својата брада.

You might also like