You are on page 1of 4

1. Што е ЕЕС и кои елементи го сочинуваат ЕЕС?

– ЕЕС е сложено
множество на постројки, конструкции, опрема и уреди за
произвотство, пренос, дистрибуција и потрошувачка на ел. енергија.
Делови од ЕЕС се водовите и трансформаторите за пренос и
дистрибуција на ел енергија.
2. Наведи ги стандардните номинални напони на мрежи со напон
над 1000 V? – 3kV, 6kV, 10kV, 20 kV, 35kV, 60kV, 110kV, 220kV, 380kV.
3. Нацртај ги симболите за означување на елементите од ЕЕС во
еднополните шеми: ,
,
, ,
4. Кои се основните параметри на елементите од ЕЕС, а кои
параметрите на работните режими на ЕЕС? – Параметри на елементите
се: активните отпорности и спроводности, реактивните отпорности и
спроводности, пресеците на спроводниците од поедините водови,
номиналните моќности, коефициентите на трансформација на ТР и др.
Параметри на работните режими се : фреквенцијата, напоните во
поедините јазли, струите и моќностите низ елементите од мрежата,
факторот на моќност и др.
5. Што се компензациони уреди, зошто се користат и какви видови
постојат? – Постојат две групи: во 1 група спаѓаат синхрони
компензатори, синхрони мотори и попречно вклучени кондензаторски
батерии, и служата за компензација на реактивна моќност што ја
бараат потрошувачите и елементите од мрежата. во 2 група спаѓаат:
сериски вклучени кондензаторски батерии и попречно вклучени
придушници, и служата за компензација на реактивните компоненти
на водовите.
6. Што е потребно за да се формира математички модел на еден
елемент од ЕЕС? – Потребно е да се познаваат: а)- неговите
еелектрични и погонски параметри како што се активна и реактивна
отпорност R и X и активната и реактивната спроводност G и B; б)-
соодветна еквивалентна заменска шема на елементот ; в)- релациите
кои ги поврзуваат електричнте погонски елементи и параметрите н
режимот на работа.
7. Со кои равенки се пресметува единечната индуктивна отпорност
х на надземен вод со фазни спроводници поставени во темињата на
триаголник со страни D12, D13, D23? – x=ωL (Ω). ω=2πf- кружна
фреквенција, L=2*10-4ln(Dm/rm). Dm = D12 * D13 * D23 - средно геометриско
3

растојание меѓу спроводниците.


8. Кога и зошто се препорачува изведување на транспозиција на
фазните спроводници на водовите ? – Бидеќи распоредот на фазните
спроводници на главата на столбот, најчесто е такво да растојанието
помеѓу нив е различно, а заради тоа ииндуктивностите на фазните
спроводницисе различни, се врши транспозиција. Со транспозицијата
се врши рамноправен третман на позицијата на секоја фаза во трасата
на водот.
9. Што претставува појавата на корона, на кој начин се манифестира
и како се пресметува критичниот напон на корона? – Ако јачината на
ел. поле на површината на спроводникот ја надмине диелектричната
цврстина на воздухот, тогаш во околината на спроводникот се јавува
комулативна јонизација на воздухот. Оваа појава се нарекува корона и
се манифестира со карактеристични зуење и виолетова светлина околу
спроводниците. Ukor= 3 21,2*mr*mv*δ*rp *ln(Dm/rm).
10. Од кои капацитети е составен погонскиот капацитет на
надземните водови? – доземни капацитети Cz, - меѓуфазни капацитети
Cm .

11. Категоризирај ги водовите според нивната должина и напонско


ниво? – кратки водови (должина помала од 80 км, напони не
поголеми од 35 кV), -средно долги водови ( должина од 80 до 250 км,
напони од 110 kV и повеќе), - долги водови ( должина над 250 км
напон од 400kV)
12. Нацртај заменски шеми на водови со номинален напон од 400 kV
и 110kV и на истите означи ги параметрите на водовите и на работниот
режим.

13. Нацртај заменска шема на трифазен, двонамотен трансформатор


со спрега Yd5. од кои обиди се пресметуваат подолжните, а од кои
попречните параметри на трансформаторот? – Подолжните се
пресметуваат преку обидот на
куса врска а попречните преку обид
на празен од.

14. Нацртај еквивалентна шема на трифазен тринамотен


трансформатор. Кои ознаки стојат на
надписната плочка на
трансформаторот? На натписната
плоча стојат: -Sn номинална моќност.
– Un1, Un2, Un3- номинален примарен, секундарен и терциерен напон –
загуби на активна моќност во режим на празен од, - струја на празен
од, - загуби на активна моќност во режим на куса врска, - напони на
куса врска %.
15. Кога и каде се користат трифазните автотрансформатори,
предности и недостатоци? – Овие трансформатори се користат за
поврзување на мрежи со блиски номинални
напони Пр: 110 и 220 kV, 220 и 380 kV, 110 и 380 кV.
Предности се: од економски аспект е поповолно да
се поврзат две мрежи преку авто трансформатор чии
номинални напони не се разликуваат повеќе од 50
%. За изработка на еден авто трансформатор потребно е помала
количина бакар и железо, а од таму е и помалиот габарит и цена.
Недостаток е што авто трансформаторите можата да се користата само
во мрежи со директно заземјена неутрална точка.
16. Објасни со кои модели се претставуваат потрошувачите во ЕЕС?
напиши ги општите равенки на ZIP моделот? – Константна импенданса
Zp,независна од напонот (односно адмитанс а Yp= 1/Zp) за b1=b2=c1=c2=0
при a1≠0 и a2≠0. – Константна струја Ip, независна од напонот за a1= a2=
c1=c2 при b1≠0 , b2≠0. – Константна моќност P и Q, независни од
напонот за a1= a2= b1= b2 при c1≠0, c2≠0. – Комбинација при ненулти
коефициенти. Pp= a1U2+ b1U+C1, Qp= a2U2+ b2U+C2
17. Параметрите U1, I1 Z1 Y1 од напонско ниво 1 сведи ги на напонско
ниво 2 ако преносниот однос помеѓу мрежите е Tn=Un1/Un2? -
U1(2)=Tn*U1, I1(2)=I1/Tn, Z1(2)=Tn2*Z1, Y1(2)=Y1/Tn2.
18. Колку и кои базни големини се потребни за сведување на
параметрите при едно напонско ниво во перјунит вредности? –
Потребни се 5 и тоа: базна моќност, базен напон, базна струја, базна
импенданција и базна адмитанција.
19. Kои базни големини најчесто се усвојуваат, а кои произлегуваат од
нив? – Вообичаено се избираат базната моќност SB и базниот напон UB
а останатите базни големини се пресметуваат според равенките: IB=SB/
3 *UB, ZB=UB/ 3 *IB=UB2*SB, YB=1/ZB=SB/UB2.
20. Кои услови треба да ги исполнуваат базните напони и базните
моќности на две мрежи од ЕЕС поврзани со преносен однос
Тn=Un1/Un2? - UB1/ UB2=Un1/Un2

You might also like