You are on page 1of 8

– Што е електроенергетски систем? Кои елементи го сочинуваат ЕЕС?

ЕЕС е сложено множество на постројки, конструкции, опрема и уреди за


произвотство, пренос, дистрибуција и потрошувачка на ел. енергија.
Делови од ЕЕС се водовите и трансформаторите за пренос и
дистрибуција на ел енергија.
Кои се основните параметри на елементите од ЕЕС, а кои параметрите на
работните режими на ЕЕС? – Параметри на елементите се: активните
отпорности и спроводности, реактивните отпорности и спроводности,
пресеците на спроводниците од поедините водови, номиналните
моќности, коефициентите на трансформација на ТР и др. Параметри на
работните режими се : фреквенцијата, напоните во поедините јазли,
струите и моќностите низ елементите од мрежата, факторот на моќност
и др.
– Од кои фактори зависи подолжната активна отпорност на водови со
Al / Ce јажиња?
1) вредноста на специфичниот отпор ρ зависи од чистината на
материјалот и од начинот на технолошка обработка.
2) заради појава на скин ефект доаѓа до течење на струја на
површинските слоеви и се зголемува отпорноста. поради тоа доаѓа до
неефеективно искористување на проводникот бидеќи густината на
струјата е поголема на надворешните слоеви.
3) активната отпорност зависи од температурата на површината
ρ0=ρ20[1+α(Θ-200)].
4)од самата изработка на јажињата, бидрќи жиците од кои се направени
се усукани и се подолги за 2-3 % од должината на јажето.
5) загубите од хистерезис и виорни струи кај алуминиум челичните
јажиња заради усукување на алуминиумските жици околу челичното
јадро.
– Што претставува појавата на корона, на кој начин се манифестира и како
се елиминира, и како се пресметува напонот на корона?
Ако јачината на ел. поле на површината на спроводникот ја надмине
диелектричната цврстина на воздухот, тогаш во околината на
спроводникот се јавува комулативна јонизација на воздухот. Оваа појава
се нарекува корона и се манифестира со карактеристични зуење и
виолетова светлина околу спроводниците. Се елиминира со
зголемување на пресекот на спроводниците, а за позначајни
зголемувања на пресекот се користат таканаречени спроводници во
сноп.
Линискиот напон на водот при кој ќе дојде до појава на корона се
нарекува критичен напон на корона и се пресметува по равенката
Ukor= 3 21,2*mr* mv*δ*rp *ln(Dm/rm).
– Од кои капацитети е составен погонскиот капацитет на надземните
водови? Нацртај еквивалентни шеми на капацитивната гранка со
еквивалентирање до погонски капацитет.
– доземни капацитети Cz, - меѓуфазни капацитети Cm.

2 0 55,55 *10 9


Cp  
Погонски капацитет: D D
ln ln
rp rp
–Категоризирај ги водовите според нивната должина и напонското ниво.
Нацртај заменски шеми на средно долги водови со номинален напон од
400 и 110 kV и на истите означи ги параметрите?
Кратки водови (должина помала од 80 км, напони не поголеми од 35
кV), -средно долги водови ( должина од 80 до 250 км, напони од 110 kV и
повеќе), - долги водови ( должина над 250 км напон од 400kV)

Нацртај еквивалентна шема на трифазен тринамотен трансформатор. Од


кои обиди се пресметуваат параметрите на трансформаторот?
Параметрте на трансформаторот се
пресметуваат од тежимот на празен
од и од режимот на куса врска.
Податоците за загуби во железото се
пресметуваат од режимотна празен од.
- Напиши ги општите равенки на ZIP моделот?
– Константна импенданса Zp,независна од напонот (односно адмитанс а
Yp= 1/Zp) за b1=b2=c1=c2=0 при a1≠0 и a2≠0.
– Константна струја Ip, независна од напонот за a1= a2= c1=c2 при b1≠0 ,
b2≠0.
– Константна моќност P и Q, независни од напонот за a1= a2= b1= b2 при
c1≠0, c2≠0.
– Комбинација при ненулти коефициенти. Pp= a1U2+ b1U+C1, Qp= a2U2+
b2U+C2
– Кои базни големини се потребни за сведување на параметрите (при
едно напонско ниво) во единечни (per unit) вредности? Напиши ги
релациите помеѓу базните големини.
Потребни се: базна моќност, базен напон, базна струја, базна
импенданција и базна адмитанција.
SB UB U B2 1 SB
IB  ZB   YB  
3 *U B 3 * I B SB Z B U B2
– Кои типовите на јазли се дефинираат при анализа на тековите на
моќност во ЕЕС, и кои големини се познати, а кои непознати за секој тип на
јазол?
– ΘV – за него се познати модулот и фазнио став на напонот, а се
непознати инјектираната активна и реактивна моќност.
– PQ – овај јазол можи да биди и потрошувачки и генераторски. за нив се
познати инјектираната P и Q моќност. непознати големини се модулот и
фазниот став на напонот.
– PU или PV јазли за кој се познати инјектираната активна моќност и
ефективната вредност на напонот. непознати големини се Θ и Q.
– Наведи ги правилата за формирање на матрицата на адмитанции Ybus на
ЕЕС.
1) дијагоналниот елемент на матрицата на адмитанции кој одговара на
одреден јазол се формира со сумирање на адмитанциите на сите
елементи поврзани за тој јазол.
2) вондијагоналниот елемент на матрицата на адмитанции кој
кореспондира на два јазли на системот се формира од негативната
вредност на подолжната адмитанција на елементот помеѓу тие два
јазли.
– Во каква форма може да се напишат билансните равенки на моќност на
ЕЕС? Напиши барем една форма.
- можат да бидат прикажани во три форми:
1- во правоаголни координати Pk=DKΣ(GkiDe-BkiFe)+FkΣ(GkiFe+BkiDe)
Qk=FkΣ(GkiDe-BkiFe)-DkΣ(GkiFe+BkiDe).
2- во поларни координати: Pk=VkΣYkiVkicos(Qk-Qi-δki) Qk=VkΣYkiVkisin(Qk-Qi-
δki).
3- во хибридна формула; ако U се усвои во поларни координати, а
адмитанциите во во правоаголни координати се добиваат таканаречени
хибридни формули. Pk=VkΣVki(GkicosΘki+BkisinΘki)
Qk=VkΣVki(GkisinΘki+BkicosΘki), Θки=Θк-Θi.
Со кои модели се решаваат системите на равенки на биланс на моќности?
Опиши ги карактеристиките на секој од моделите? Кој модел има
најдобри карактеристики?
Се користат два модели и тоа: модел на контурни струи и модел на
потенцијали на јазли. Моделот на потенцијали на јазли има подобри
карактеристики и затоа повеќе се употребува.
– Што е куса врска? Наброј ги и опиши ги причините за појава на куса
врска во ЕЕС, наброј ги последиците од појава на куса врска во ЕЕС,
типовите на куса врска и процентот на појава на одреден тип на куса
врска?
Оштетувањата кои доведуваат до електричен спој помеѓу деловите кои
во нормални околности се наоѓаат на различни потенцијали се
нарекуваат куси врски. – познавањето на состојбата на мрежата за време
на траењето на куса врска е неопходно од повеќе причини, а самата
аналитичка постапка со која се определува оваа состојба се нарекува
пресметка на куса врска.
- воглавно последиците се штетни за изворите на електрична енергија во
елементите од мрежата и за потрошувачите. последиците воглавно
потекнуваат од зголеменат вредност на струјата која врши термичко и
динамичко напрегање на елементите од ЕЕС, а исто така настанува и
поради намалување на напонот. ваквата особина на струјата доведува
до оштетување на разни електрични делови.
1- еднофазна куса врска65%:

2- двофазна куса врска со и без земја 10 % и 20 %

3- трифазна куса врска 5%

– Напиши ја равенката за струјата на куса врска и објасни ги нејзините


членови? Скицирај го обликот на струјата на куса врска во трите периоди
од нејзиното траење.
i(t)=√2Ip(t) cos ωt – ia(t). Ip(t)- e ефективна вредност на наизменичната
компонента која се менува во текот на времето. Ip(t)=(I"-I')e-t/Td"+(I'-I)e-
t/Td'+I. I" – суптранзиентна. I'- транзиентна. I- трајна струја на куса врска.
Наведи ги дозволените упростувања при анализа на режимот на куса
врска во мрежите со висок напон?
– Дозволени упростувања се следните: - процесот што настанува во
системот со повеќе синхрони генератори при појава на куса врска се
поистоветува со процесот што настанува кога во системот постои само
еден синхрон генератор. – како второ упростување се занемаруваат сите
попречни гранки во системот во кој настанала кусата врска. – како трето
и најзначајно упростување се занемаруваат активните отпорности на
сите елементи на мрежата со висок напон. [ Un≥110kV]. Грешката со
уважените упростувања е помала од 15%, ако ако се занемарат
активните отпорности. а кај мрежите со 110кV и повеќе и имаат однос
x/R поголем од 3, грешката поради занемарувањето на отпорот R се
помали и од 5%.
– Со кој математички метод се решава проблемот на куси врски? Наведи
ги и скицирај ги соодветните компоненти кои се однесуваат на струите за
сите режими?

Ida=Id, IdB=a2Id, Idc=aId. IiA=Ii, IiB=a2Ii, IiC=a2Ii. I0A=I0, I0B=I0, I0C=I0.


– Нацртај и означи го еквивалентните шеми за синхрон генератор со
заземјена неутрална точка преку отпорност R , за сите симетрични
режими за почетен период на струјата на куса врска.

You might also like