You are on page 1of 32

GALANOS S. A.

IRON-CONCRETE FINISHING MACHINERY


Α΄ IND. AREA, 385 00 VOLOS (HELLAS)

: +30 (24210) 95645 /  : +30 (24210) 95577


web: www.galanos.com.gr e-mail: info@galanos.com.gr

УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

ЕЛЕКТРОНСКА МАШИНА ЗА ВИТКАЊЕ УЗЕНГИИ

ROBOT 162

УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ROBOT 162


Вовед
Гаранција
Листа со технички податоци
Плочка со податоци - Опис на машината
Изјава за сообразност

1. ГЛАВА – БЕЗБЕДНОСТ И СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕСРЕЌИ


1.1. Употреба на машината
1.2. Безбедност и спречување на несреќи
1.2.1. Општо
1.2.2. Предупредување
1.2.3. Употреба
1.2.4. Електрична инсталација
1.2.5. Пред пуштање на машината
1.2.6. Пуштање на машината
1.2.7. Запирање на работата
1.2.8. Општи правила

2. ГЛАВА – ПОДИГНУВАЊЕ - ОТСТРАНУВАЊЕ - МОНТАЖА


2.1. Подигнување – Отстранување
2.2. Работни услови
2.3. Поставување на локацијата – Монтажа
2.3.1. Монтажа на елентронска машина за виткање узенгии - потребен простор
2.3.2. Поврзување на машината со електрична мрежа
2.3.3. Поврзување на машината со компримиран воздух

3. ГЛАВА – ОПИС НА РАБОТЕЊЕТО


3.1. Опис на функциите на контролната табла - програмирање – ракување
3.2. Стартување на машината
3.3. Поставување на железото во валците
3.4. Порамнување на железото

4. ГЛАВА – ПРОВЕРКИ - ПРИСПОСОБУВАЊА - ОДРЖУВАЊЕ


4.1. Безбедност пред сервисирање
4.2. Редовен сервис
4.3. Различни приспособувања
4.4. Одржување
4.4.1. Резервни делови
4.4.2. Упатства коишто го засегаат редовниот оператор
4.4.3. Дневно, неделно или редовно сервисирање
4.4.4. Проверка на маслото и вентилите и замена на хидрауличното масло
4.4.5. Системот за компримиран воздух на машината
4.4.6. Системот за компримиран воздух на држачите за котури

5. ГЛАВА – ДИЈАГРАМИ
5.1. Електричен дијаграм
5.2. Хидрауличен дијаграм
5.3. Пневматски дијаграм

6. ГЛАВА – ПРОГРАМИРАЊЕ
Програмирање во Windows
Вовед

Машината за виткање узенгии од арматурно железо со помош на електронска контрола ROBOT 162 е
дизајнирана и произведена за рамнење, виткање и отсекување арматурно железо со различни
дијаметри од котур. Таа автоматски произведува голем број едноставни но и конусни узенгии.

Вреди да се спомене дека нашата компанија ги исполнува и ги применува сите барања предвидени
со стандардите и со тоа потврдува дека сите машини се дизајнирани и произведени во согласност со
Директивата 98/37 на Европскиот парламент којашто се однесува на машини и ја носи ознаката СЕ.

ГАРАНЦИЈА

Компанијата GALANOS S.A. се обврзува да обезбеди бесплатна поправка и замена на дефектен дел
(освен електрични делови) на целата машина за виткање узенгии од типот ROBOT 162 за специфичен
период од (1) година за нова машина и 6 (шест) месеци за половна фабрични репарирана машина
сметано од датумот на продажбата.

Во случај кога машината за виткање узенгии ROBOT 162 е оштетена поради неправилно ракување или
недоволно одржување за време на горе наведениот временски период, купувачот ја сноси
целокупната одговорност и нема одговорност од страна на производителот. Во изолирани случаи на
евентуална разлика во мислењата помеѓу купувачот и производителот во врска со решение околу
настанатиот проблем, доколку биде потребно, проблемот ќе го истражат 2 техничари, од кои едниот
го назначува купувачот а другиот компанијата производител.

Сериски број на машината за виткање узенгии


Тип ROBOT 162
Датум на почеток на гаранцијата
Датум на престанок на гаранцијата
ТАБЕЛА СО ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
ЕЛЕКТРИЧЕН НАПОН 380 V – 3P+Mp ЗАЗЕМЈУВАЊЕ
ЕЛЕНТРИЧЕН НАПОН НА КОНТРОЛНА ТАБЛА 24 V AC
КОЊСКИ СИЛИ 34 КЅ
ПРИТИСОК НА ВОЗДУХОТ 8 bar
ПРИТИСОК НА ХИДРАУЛИЧНОТО КОЛО 150 bar
БРЗИНА НА ДВИЖЕЊЕ НА ЖЕЛЕЗОТО 80 m/min
МАКСИМАЛНА БРЗИНА НА РОТАЦИЈА ПРИ ВИТКАЊЕ 750o/sec
РИТАМ НА СЕЧЕЊЕ 80 pulse/min
ДИМЕНЗИИ НА МАШИНАТА
НАДВОРЕШНИ ДИМЕНЗИИ НА МАШИНАТА
ДОЛЖИНА 5200 mm
ВИСИНА 2500 mm
ШИРИНА 1500 mm
ТЕЖИНА 4150 kg
ДИМЕНЗИИ НА ДРЖАЧ НА КОТУР
ОСНОВА 1500 х 2000 mm
ДИЈАМЕТАР НА ДРЖАЧ НА КОТУР 1700 mm
ВКУПНА ВИСИНА 2200 mm
ТЕЖИНА 450 kg
СПЕЦИФИКАЦИИ НА ПОТЕНЦИЈАЛОТ
КВАЛИТЕТ НА АРМАТУРНОТО ЖЕЛЕЗО S500s
2 6, 2 8, 2 10, 212,
ДИМЕНЗИИ НА СЕЧЕЊЕ
1 14, 1 16
КОЛИЧИНА НА ФОРМИРАНИ ПАРЧИЊА 24, 30, 40, 45, 56
ПОТЕНЦИЈАЛ НА ФОРМИТЕ
МАКСИМАЛНА ДОЛЖИНА НА СТРАНА НАДЕСНО 180ο
МАКСИМАЛНА ДОЛЖИНА НА СТРАНА НАЛЕВО 180ο
МАКСИМАЛНА ДОЛЖИНА НА СТРАНА 2500 mm
МИНИМАЛНА ДОЛЖИНА НА ПРВА КРИВИНА 80 mm
МИНИМАЛНА ДОЛЖИНА НА ПРВА КРИВИНА 50 mm
ТОЧНОСТ НА АГОЛОТ  1Ο
ТОЧНОСТ НА ДОЛЖИНАТА  1 mm
Плочка со елементи и спецификации на машината

GALANOS SA CE
IRON-CONCRETE FINISHING MACHINERY
Α΄ IND. AREA, 385 00 VOLOS (HELLAS)
: +30 (24210) 95645 /  : +30 (24210) 95577
web: www.galanos.com.gr e-mail: info@galanos.com.gr

ТИП ROBOT 162


СЕРИСКИ БРОЈ RSA 162/…..
МОЌНОСТ 25 KW 380V/50Hz
РАБОТЕН ПРИТИСОК 150 bar
ВКУПНА ТЕЖИНА 4150 kg
ДАТУМ НА 200..
ПРОИЗВОДСТВО

Забелешка
Плочката со податоци за машината е од алуминиум, со втиснат запис и поставена е на видно место
на машината. При одржување на машината важно е да се наведат податоците коишто се наоѓаат на
плочката.
GALANOS S. A.
IRON-CONCRETE FINISHING MACHINERY
Α΄ IND. AREA., 385 00 VOLOS - HELLAS
: +30 (24210) 95645 /  : +30 (24210) 95577
web: www.galanos.com.gr e-mail: info@galanos.com.gr

ИЗЈАВА ЗА СООБРАЗНОСТ
МАШИНА ЗА ИСПРАВАЊЕ, ВИТКАЊЕ И ОТСЕКУВАЊЕ

НА АРМАТУРНО ЖЕЛЕЗО

ЕЛЕКТРОНСКА МАШИНА ЗА ВИТКАЊЕ УЗЕНГИИ

ТИП: ROBOT 162


СЕРИСКИ БР.:
ДАТУМ НА ПРОИЗВОДСТВО

GALANΟS S. A. потврдува дека оваа машина е дизајнирана и произведена во согласност со следниве


Директиви и стандарди:

ДИРЕКТИВИ:
98/37/ЕУ, 89/336 ЕЕЗ како што е изменета со 92/31 ЕЕЗ и 93/68 ЕЕЗ, 73/23 ЕЕЗ како што е изменета со
93/68 EEЗ, 92/58 EEЗ, 89/686 EEЗ како што е изменета со 93/95 EEЗ и 93/68 EEЗ.

СТАНДАРДИ:
EN 292-1, EN 292-2, EN 1050, EN 60204-1, EN 953, EN 982, EN 983, EN 418, EN 349 и EN 811.

Каква било модификација на применетите безбедности системи е сериозна причина за поништување


на ознаката СЕ.

Датум на издавање:
GALANOS S.A.

Константиниа Галаноу
Официјално изјавила
Машината ROBOT 162 е конструирана и тестирана имајќи ги предвид постојните Европски
регулативи. Навистина е важно внимателно да се следат упатствата од оваа глава заради правилно
користење на машината и безбедност на операторот.

1.1 Користење на машината


ROBOT 162 е исклучиво конструиран заради исправање, виткање и отсекување на арматурно железо.

Корисникот е одговорен за обука на вработените. Компанијата продавач треба да го информира


операторот на машината за опасностите од несреќи, безбедноста и за општите правила и
прописите коишто се на сила во земјата кадешто се користи машината.

1.2 БЕЗБЕДНОСТ И СПРЕЧУВАЊЕ НЕСРЕЌИ

1.2.1 Општо
Безбедносните упатства се однесуваат на:
- Вработените одговорни за монтажата
- Операторите на машината
- Техничарите одговорни за одржувањето на машината.
Непридржувањето до упатствата за безбедност и ракување може да предизвика сериозни и
непоправливи оштетувања на инсталацијата, вработените одговорни за контрола и одржување
или на самата машина.
Следете ги правилата бидејќи се неопходни за безбедноста на вработените и доброто
функционирање на машината. Внимателно прочитајте ги упатствата пред стартување на машината.
Чувајте ја оваа книга на чисто и безбедно место. Инструкциите поставени на машината одржувајте ги
чисти и читливи. Во случај да се оштетат, веднаш заменете ги.
Придржувајте се до безбедносните упатства важечки во земјата кадешто работи машината.
Постои можност од дополнителни безбедносни потреби во определени држави коишто не се
споменати во оваа книга.

1.2.2 Предупредување
Нестручната употреба на машината може да предизвика несреќа или сериозна и/или
непоправлива штета на корисникот и/или машината.
Вработените коишто не знаат како се користи машината треба да стојат настрана. Освен преку знаци
за предупредување, вработените треба и вербално да се информираат дека употребата на оваа
машина е забранета за оние коишто не знаат како да ракуваат со неа.

1.2.3 Користење
Оваа машина мора да ја користи вешт оператор обучен за таа прилика, во согласност со
напатствијата за ракување и безбедност.

1.2.4 Електрична инсталација


За време на монтажа на електриката мора внимателно да се следат напатствијата за електричниот
напон.
Избегнувајте работење во близина на кабли под напон за време на монтажата. Изолирајте се себе си
од кабли под напон користејќи изолирани алати, гумени ракавици и специјални чевли. Секогаш
користете волт-ом метар за да проверите дали низ каблите поминува електрична струја. Прекријте ги
сите кабли под напон во областа на монтажа со изолационен материјал, н. пр. специјални пластични
прекривки, челични цевки со специјална заштита, итн. Само посебно обучени луѓе може да користат
електричен алат.
Никогаш не допирајте ги електричните водови коишто не се изолирани.
Монтажата на електриката треба да ја вршат само специјално обучени вработени. Електричната
инсталација треба да содржи жици за „нула“ и „заземјување“. Секогаш проверувајте дали напонот се
совпаѓа со оној којшто е наведен на машината. Секогаш заштитувајте ги каблите од остри рабови,
киселини, високи температури, итн. Со придржувањето до горе наведените безбедносни упатства
може да се заштитите од опасност од струен удар. Секогаш поставувајте ги каблите на таков начин
што тие нема да го попречат отстранувањето на машината. Расфрланите кабли се можна опасност по
луѓето бидејќи може да предизвикаат струен удар, сопнување и сл.
Главниот прекинувач за исклучување треба да биде на вратата на електричната табла. Уверете се
дека работи.
Електричната табла треба да биде заклучена, а клучот да се чува на безбедно место.
1.2.5 Пред стартување на машината
Пред стартување на машината уверете се дека нема никој во опасните зони.
Проверете ги безбедносните системи пред стартување а машината. Машината може безбедно да
работи само ако предвидените безбедносни системи се функционални. Во случај некој од
безбедносните системи да не работи, мора веднаш да се поправи или замени. Никогаш не
преместувајте ги прекинувачите и/или безбедносните системи од нивното првобитно место.

1.2.6 Стартување на машината


Стартувањето и користењето на машината мора да го врши вешт посебно обучен вработен
запознаен со ракувањето и функциите на машината.
Вработените коишто не се посебно обучени или запознаени со машината може да предизвикаат
несреќа или да ја оштетат машината. Доколку дојде до прегорување на безбедносен осигурувач,
веднаш треба да се истражи причината за прегорувањето. Ако оштетувањето не се открие и
машината повторно започне со работа, тоа е опасно како за операторот така и за машината. За време
на работењето не допирајте ги деловите коишто се движат.

1.2.7 Запирање на работата


Кога има потреба да се запре со работа, користете го копчето за „Стоп“ поставено на контролната
табла, а копчето за итен прекин на работата користете го само во итни случаи.

1.2.8 Општи правила


Имајте ги предвид најефикасните мерки за безбедност за деловите кадешто опасностите сеуште не
се елиминирани. Информирајте ги корисниците на машината за преостанатите опасности користејќи
безбедносни знаци.
Би сакале да напоменеме дека иако ние во „GALANOS SA“ ги имаме проучено и проценето
опасностите, секогаш во предвид сме го имале нормалното работење и користење на машината и
поради тоа не одговараме за евентуални преправки или промени направени на машината без
овластување од „GALANOS SA“, неправилна употреба, неправилна монтажа, ракување со машината
во лоши временски услови, некористењето на ова упатство, заобиколувањето на безбедносните
системи и знаци или сл.
Наведените безбедносни знаци не ги заменуваат предвидените безбедносни системи, туку само
укажуваат на деловите од машината кадешто веќе се преземени безбедносни мерки.
ТАБЕЛА НА ЗНАЦИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

ОПАСНОСТ ОД СТРУЕН УДАР

НЕ ВЛЕГУВАЈТЕ

НЕ ДОПИРАЈТЕ

НЕ ПРЕМИНУВАЈТЕ

НЕ ОТВОРАЈТЕ - ПОДВИЖНИ ДЕЛОВИ

ЛИЧНА ЗАШТИТА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

ЗАШТИТА НА ГЛАВАТА
Секогаш носете правилно затегнат шлем на својата глава. Употребата
на шлем може да спречи сериозни повреди.

ЗАШТИТА НА РАЦЕТЕ
Секогаш носете ракавици за заштита на вашите раце кога работите со
машината, за да спречите ризик од повреда.

ЗАШТИТА НА ТЕЛОТО

ЗАШТИТА НА СТАПАЛАТА
Секогаш носете чевли со специјална метална заштита напред, за да
ве заштитат од сериозни повреди предизвикани од паѓачки
предмети.
ЗАШТИТА НА ОЧИТЕ
Секогаш носете специјални заштитни очила додека работите со
брусилка бидејќи така ги заштитувате очите очите од метални
парченца коишто летаат при острење.

ЗАШТИТА НА ОЧИТЕ
Секогаш носете специјална заштитна маска заради заштита на очите
од искри предизвикани од електрично заварување.

ЗАШТИТА НА ДИШНИТЕ ПАТИШТА


Секогаш носете специјална заштитна маска во случај на постоење на
прав како резултат на вашето работење. Вдишувањето прав воглавно
предизвикува проблеми на дишните патишта.

ЗАШТИТА НА УШИТЕ
Секогаш користете антифони кога работите на места кадешто нивото
на бучавата надминува 85 dBΑ. Антифоните го штитат вашиот слух.
2.1 Подигнување - Отстранување
 Квалификувани вработени или тела треба да вршат редовни проверки на деловите коишто се
користат за подигнување. Деловите за подигнување може да се сметаат за безбедни само
доколку нивната безбедност се проверува и со нив се постапува согласно упатството.
 Поправаните сајли се изречно забранети. Кога се користи повеќе од една сајла, мора да се
уверите дека секоја од нив е способна самата да го носи целиот товар.
 Областа кадешто машината ќе биде поставена треба да биде подготвена пред
растоварувањето. На тој начин се овозможува истата тежина да не се подигнува подолго
време.
 Секогаш користете заштитна кука и уверете се дека товарот е правилно обесен така што нема
опасност од негово паѓање.
 Товарот може да се подигне само ако има визуелен контакт со областа кадешто истиот ќе
биде поставен. Постои опасност од паѓање доколку визуелниот контакт е лош.
 Уверете се дека подигнатиот товар, заради поголема безбедност, секогаш се движи по патека
на која нема препреки.
 Никогаш не подигнувајте каков било товар над луѓе. Забрането е под подигнат товар да
поминуваат луѓе бидејќи постои голем ризик од несреќа.
 За време на натоварување на машината на возило заради транспорт, мора да се користат
соодветни делови и опрема за поддршка, пред се заради безбедноста на луѓето и заради
заштита на машината.
 Машината треба да се транспортира со помош на соодветни јажиња. Постои опасност од
превртување на машината доколку таа не е правилно врзана и обезбедена.
 За транспорт на таков вид товар користете соодветни возила. Ако транспортното возило не е
соодветно, постои висок ризик од несреќа.

 Секогаш запознајте се со тежиштето на машината. Ако тоа не е случај, постои ризик од


придвижување на товарот, што може да доведе до несреќа.

 Заштитете ја машината од сонце и влага за време на транспортот. Изложувањето на


машината на лоши временски услови може да ги оштети нејзините електрични и електронски
делови.

Деловите предвидени како места за подигнување на машината се точките А и Б коишто се избрани во


согласност со тежиштето на машината.

 Точка А  Точка Б
2.2 Работни услови
За да работи добро, машината треба да работи во рамки на границите наведени подолу:
 Мрежниот напон / фреквенцијата треба да бидат 380 V / 50 Hz, како што е наведено на
плочката.
 Работниот притисок на пневматското коло треба да биде 8 bar.
 Осветлувањето треба да биде ефикасно.

Внимание
Машината има заштита од можни промени на напонот, но правилното функционирање се
овозможува со стабилен напон со флуктуации коишто не надминуваат ± 10%.

2.3 Поставување на локацијата - Монтажа


2.3.1 Монтажа на електронска машина за виткање узенгии - потребен простор
Телото на машината и независните делови мора да бидат на рамна подлога направена од бетонски
под. Задниот дел на машината треба да има минимален слободен простор од 1,5 m за да може да се
отвораат вратите. Не е потребна дополнителна грижа за местото на машината ако таа со работењето
ја одржува својата стабилност и не се забележуваат вибрации.
Држачот на котур треба да биде поставен на истата рамна бетонска подлога. Неговиот центар треба
да биде најмалку три а најмногу 6 метри оддалечен од левиот крај на машината. Кога растојанието е
правилно и држачот е паралелен со машината, тој може да се анкерира во бетонот. Ако со машината
се испорачани повеќе од еден држач на котур, тогаш сите се монтираат на истата рамна бетонска
подлога. Центарот на првиот држач на котур треба да биде најмалку три а најмногу 6 метри
оддалечен од левиот крај на машината. Другите држачи на котури мора да бидат поставени
подолжно, оддалечени најмалку два метри од своите центри додека попречното растојание мора да
биде околу 0.5 метри од еден до друг држач. Сите држачи на котури мора да бидат анкерирани во
бетонот со по четири специјални анкери за бетон.
Клупата за чување на исправено арматурно железо исто така се монтира на рамната бетонска
подлога, паралелно на машината. Нејзината лева страна мора да биде на растојание од најмалку 20
cm од центарот на чаурата. Треба да биде и правилно центрирана во однос на излезот на
арматурното железо. Пред да ја поставите AM 500 во избраната област, треба да ги имате предвид
димензиите на областа.

1. Држач на котур * Електронска машина за виткање узенгии


2. Тело на машината Дијаграм на локација - потребен простор
3. Клупа Минимални димензии 5,00 x 20,00 m.
Специјални упатства се даваат кога машината е придружена од механизми за поддршка на спирални
узенгии за врме на фазата на нивната изработка.

2.3.2 Поврзување на машината со електрична мрежа


За електрично поврзување на машината следете ги упатствата наведени во делот 2.2 и прописите
коишто се на сила во државата кадешто машината се монтира. Поврзете ја машината на
електричната мрежа со конектор соодветен на приклучокот на машината

2.3.3 Поврзување на машината со компримиран воздух

Машината користи воздух под притисок и треба да се


приклучи на независна компресорска единица или пак на
централниот компресор којшто циркулира воздух низ
работните станици во погонот.
За долг животен век, се препорачува поврзување на
машината со ефикасна компресорска мрежа којашто
осигурува добро работење со ниски трошоци. Поради
тоа, потребни се определени делови како што е сад за
прибирање влага, славина за испуштање и филтер за
воздух.

* Довод на воздух од компресорот


3.1 Функционален опис на контролната табла - Програмирање - Ракување

Контролната табла е опишана на сликата подолу.

1 2 3 4 5 6 11 12

10

13

14

15

17 18 19 20 16 21 23 24 26 28 29

22 25
27
Слика 1
1. Прекинувач ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО за валци Група 1
2. Прекинувач ВНАТРЕ/НАДВОР за валци за израмнување Група 1
3. Прекинувач ВНАТРЕ/НАДВОР за специјален валјак за двојно железо
4. Прекинувач ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО за валци Група 2
5. Прекинувач ВНАТРЕ/НАДВОР за валци за израмнување Група 2
6. Прекинувач ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО за специјален валјак за двојно железо
7. Прекинувач за избор на насока на валјак за израмнување
8. Прекинувач за избор РАЧНО/АВТОМАТСКИ
9. Прекинувач за избор на работење на средните валци за буткање
10. Прекинувач за избор на работење на плочата за виткање ЛЕВО/ДЕСНО
11. Прекинувач за избор на работење на плочата за виткање ВНАТРЕ/НАДВОР
12. Прекинувач за избор на работење на машината за сечење
13. Прекинувач за сигурно работење
14-15. Старт на пумпа
16. Прекинувач за избор на погонувањето
17. Прекинувач за директен избор на СТОП
18-19. Прекинувач за избирање СТОП на пумпа
20. Прекинувач за избор на движење на валците
21. Влез за тастатура
22. Влез за USB
23. Прекинувач за избор на СТАРТ/СТОП на компјутерот
24. Потенциометар за левиот агол
25. Потенциометар за десниот агол
26. Потенциометар за брзина на валците
27. Потенциометар за брзина на плочата
28. Прекинувач за РЕСЕТ на програмата
29. Прекинувач за СТАРТ на програмата

3.2 Задвижување на машината


По завршување на поставувањето, го проверуваме напонот на електромоторот. Со притискање на
копчето СТАРТ еден и два (светнуваат Слика 2) електромоторот врти надесно, онака како што
покажува стрелката на врвот на машината (Слика 3).

Слика 2 Слика 3

На таблата за работа во рачен режим (Слика 4) го


завртуваме:
 Прекинувачот бр. 8
од положбата АВТОМАТСКИ/РАЧНО во положбата
РАЧНО (со рака)
Со прекинувачите:
 Бр. 9 (валци НАНАПРЕД/НАНАЗАД)
 Бр. 10 (машина за виткање НАДЕСНО/НАЛЕВО)
 Бр. 11 (машина за отсекување СЕЧЕЊЕ)

Машината треба да ги изврши командите.

Слика 4
Притисокот на хидрауличното коло треба да покажува 140 bar (Слика 5)
Во случај електромоторот да се врти налево, манометарот нема да
покажува притисок и машината нема да ги извршува рачните команди.
ВНИМАНИЕ: Електромоторот не треба да врти налево подолго од 10
секунди.

Слика 5
Мерење на притисокот на маслото со
манометар
3.3 Минување на железото по валците
Предлагаме железото да се постави во внатрешниот жлеб на валците (Слика 6) кај првата група
валци, а во надворешниот жлеб на втората група валци (Слика 7).

Слика 6

Слика 7

Чекорите коишто ги правиме за минување на железото се следните:


 Рачно го поставуваме железото во првата група валци, а потоа продолжуваме со втората
група валци за транспорт на железото (Слика 6)
 Со прекинувачот бр. 16 го движиме железото додека тоа да достигне до централните валци
на машината (Слика 8).
 Со прекинувачот бр. 1 ги затвораме валците се додека
тие лесно не се потпрат врз железото (Слика 9).

Слика 9
 За да може прекинувачот бр. 1 да функционира, треба да го завртиме прекинувачот бр. 7
надесно и да го оставиме во таа положба (Слика 10).

Слика 10

Слика 10
 Со прекинувачот бр. 20 (Слика 11) ги отвораме централните погонски валци и со
прекинувачот бр. 16 (Слика 12) го доведуваме железото до предложените жлебови на
валците. Водилките коишто се наоѓаат помеѓу валците помагаат за подобро водење на
железото во валците (Слика 13).

Слика 11 Слика 12

Слика 13
 Ги затегнуваме погонските валци и го завртуваме потенциометарот бр. 26 (Слика 14) налево
се додека системот не започне бавно да сече.

Слика 14
 Со прекинувачот бр. 9 (Слика 15) го движиме железото кон втората група валци се до
системот за сечење (Слика 16).

Слика 15

Слика 16
 Со прекинувачот бр. 4 (Слика 17) ги затвораме валците се додека тие лесно не се потпрат врз
железото (Слика 18). За да може прекинувачот бр. 4 да функционира, треба да го завртиме
прекинувачот бр. 7 надесно и да го оставиме во таа положба (Слика 10).

Слика 17
Слика 18

3.4 Израмнување на железото во валците


ЧЕКОР 1ο
Проверуваме дали сите валци на машината, израмнувачките и погонските, се во контакт со железото.
ЧЕКОР 2ο
Го движиме железото со прекинувачот бр. 9 (Слика 15) за да ја видиме неговата насока.
ЧЕКОР 3ο
Со прекинувачот бр. 7 (Слика 10) ракуваме со последователни чекори, го спуштаме прекинувачот бр.
1 (Слика 9) за да му дадеме насока на железото.
ВНИМАНИЕ!!! НЕ Е ПОТРЕБЕН ГОЛЕМ ПРИТИСОК ВО ВАЛЦИТЕ
Со прекинувачот бр. 2 (Слика 19) го водиме железото во посакуваната насока (Слика 20).
ВКЛУЧЕНО=НАВНАТРЕ, ИСКЛУЧЕНО=НАНАДВОР

Слика 19
Слика 20
Со прекинувачот бр. 3 (Слика 21) го регулираме двојното железо во зависност од поставеноста (над
или под), додавајќи или одземајќи притисок за да постигнеме задоволителна израмнетост (Слика
22).

Слика 21 Слика 22

ЧЕКОР 4ο
Со прекинувачот бр. 7 (Слика 10) во положба надесно ракуваме со последователни чекори, го
спуштаме прекинувачот бр. 4 (Слика 17) за да му дадеме насока на железото.

ВНИМАНИЕ!!! НЕ Е ПОТРЕБЕН ГОЛЕМ ПРИТИСОК ВО ВАЛЦИТЕ


Со прекинувачот бр. 5 (Слика 23) го водиме железото во посакуваната насока над или под (Слика 24).

Слика 23 Слика 24
 Со прекинувачот бр. 6 (Слика 25) 3 (Слика 21) го регулираме двојното железо во зависност од
поставеноста (навнатре или нанадвор), додавајќи или одземајќи притисок за да постигнеме
задоволителна израмнетост (Слика 26).

Слика 25

Слика 26
Машината за виткање узенгии Robot 162, е траен производ којшто е изработен од внимателно
одбрани и проучени материјали. Со примена на следните упатства се осигурува одржување на
состојба на добра функционалност на машината и нејзино долготрајно работење.

БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ПРОЦЕСОТ НА ОДРЖУВАЊЕ

4.1 БЕЗБЕДНОСТ ПРЕД ОДРЖУВАЊЕ


1. Влегувајте во опасните зони само заради контрола на правилната функционалност на машината,
односно доколку таа не работи правилно или пак нема услов за повторно покренување (нема пренос
на електрична енергија или пак дошло до прегорување на електрично коло).
2. При утврдување на дефектот или пак при извршување на периодично
одржување или контрола, треба на видно место да биде истакната ознаката
„ВНИМАНИЕ! ПОПРАВКА ВО ТЕК.“. Проценете дали вие сте во можност
самите да го поправите дефектот. Доколку вие не сте во можност да го
поправите дефектот, треба да стапите во контакт со GALANOS SA за да
дојдат и тие да го отстранат. Доколку немате соодветно познавање, не
обидувајте се самите да го отстраните дефектот, бидејќи на тој начин може
да предизвикате уште поголем дефект.

4.2 Редовни контроли


Редовните контроли вклучуваат контрола на недостатоци кај механичките
делови и кај системите за воздух.
На задната страна од машината постојат два електронски контролери.
Првиот (Слика 27) се гледа на левата страна одзади. онаму кадешто е
механизмот за виткање, сечење и мерење нааголот на виткање на железото
коешто се движи во машината.

Слика 27
Електронски мерач на
аголот за виткање

Вториот (Слика 28) се гледа на десната страна одзади каде што се


погонските валци и тој ја мери должината на железото вовлечено во
машината.

Слика 28
Електронски контролер за должина
Во внатрешноста на машината (одзади) постојат 7 индуктивни сензори (Слика 29). Два од нив се за
машината за сечење и пневматскиот цилиндар а останатите пет подолу се редуцири (Слика 30).
Бр. 1

Бр. 2

Слика 30

Бр. 5

Бр. 6

Слика 29 Слика 32

Како што е прикажано на Слика 30, индуктивниот сензор бр. 1 ја


проверува насоката на машината за сечење, а индуктивниот
Бр. 3 сензор бр. 2 проверува дали таа се вратила на правилната
позиција за да се покренат погонските валци. Индуктивните
сензори бр. 3 и бр. 4 (Слика 31), ја лоцираат положбата на
завртената плоча за виткање (било да е за десен
или лев агол).

Бр. 4

Сензорот бр. 5 (Слика 32) проверува дали системот за виткање секој пат доаѓа во контакт со долниот
дел за да започне со процесот на сечење. Индуктивните сензори бр. 6 и бр. 7 (Слики 32 и 31), го
прекинуваат патот на машината за виткање налево и надесно.
ВНИМАНИЕ! За време на фазата на сечење, централниот клин треба да се вовлече навнатре за да се
активира машината за сечење и да го изврши отсекувањето.

По првите 20 работни часови, извршете визуелна контрола на машината и затегнете ги


разлабавените завртки. Следната визуелна контрола на машината и затегнување на разлабавените
завртки треба да биде по изминати 100 работни часови. Следните контроли стануваат дел од
редовните прегледи или по потреба заради друга причина.

ГРЕШКА ПРИ МЕРЕЊЕТО


Во случај кога системот не ја изработува зададената узенгија (грешка при мерње на страниците, или
пак постојано одземање должина) треба да се провери следното:
 Уверете се дека тоа не настанало поради програмска грешка.
 Проверете го движењето на преносната
спојница на електронскиот бројач (Слика
33 - Точка A) којшто се наоѓана десната
внатрешна страна од машината дали е
пресечена или има разлабавена стега.
 Проверете дали начинот на мерење на
бројачите (Слика 33 - Точка Б)
функцонира правилно (затегнатост на
железото заради правилно мерење).
На ваков начин се спречуваат поголеми
оштетувања на машината. Ако некои ознаки
или букви не се гледаат или пак се нечитливи,
мора веднаш да се заменат со нови. Во
спротивно, постои можност од неправилно
користење на машината кога ознаките не се
гледаат.
Точка А Слика 33 Точка Б
4.3 Разни регулирања
Важно е да се користат вистинските делови за машината во зависност од дијаметарот и количеството
на железото. При испорака на машината, заедно со неа се испорачуваат и група специјални делови
(Слика 34) за конфигурирање на машината како и делови за нејзино одржување. Оваа група вклучува
водилки и делови за виткање прикажани во табелата којашто следува.

ДЕЛ ЗА СЕЧЕЊЕ
ВОДИЛКА ЗА СЕЧЕЊЕ

СТРАНИЧЕН КЛИН
ЗА ВИТКАЊЕ

ВНИМАНИЕ! Слика 34
Страничниот клин за виткање мора да се монтира во согласност со делот за виткање.

ДЕЛОВИ ЗА
ВИД ЖЕЛЕЗО ВОДИЛКИ ЗА ВАЛЦИ ВОДИЛКИ ЗА СЕЧЕЊЕ
ВИТКАЊЕ

ЕДИНЕЧЕН

Ø6

ДВОЕН
24.14.01.0061

ЕДИНЕЧЕН

Ø8
15-3-10-09
ДВОЕН
17-1-10-04-02
24.14.01.0062
&
ЕДИНЕЧЕН

Ø 10

ДВОЕН

24.14.01.0063

ЕДИНЕЧЕН 17-1-10-14-01

Ø 12 15-3-10-10

ДВОЕН

24.14.01.0064

Ø 14 ЕДИНЕЧЕН

Ø 16 ЕДИНЕЧЕН
14-1-10-54 24.14.01.0100
15-3-10-11
4.4 Сервис
1. Почитувајте го рокот за сервисирање предвиден со упатството.
Недоволното и нередовно сервисирање ја зголемува веројатноста од оштетување на машината.
Датумите на сервисирање забележете ги во соодветната табела дадена на крајот од оваа книга.
За сервисирањето треба да се користат соодветни алатки. Во спротивно постои опасност како за
сервисерите така и за машината.
По извршеното сервисирање соберете го сиот алат и вратете го на соодветно
место. Расфрланиот алат и неуредноста ја зголемуваат веројатноста за
несреќа или оштетување на машината.
2. Евентуалните железни струготини треба да се собираат во соодветни
садови (буриња) и да се чуваат на места коишто не се штетни за околината
додека да се испратат на рециклирање. Почитувајте ги законите коишто се
однесуваат на животната средина. Избегнувајте видови енергија коишто се
штетни за животната средина Особено кога се работи во надворешни услови,
заштитувајте ја животната средина и зголемете ја заштитата на вработените.

4.4.1 Резервни делови


1. Замената на деловите треба секогаш да биде со оригинални резервни делови. Тие ја
подобруваат ефикасноста на вработените и нивната заштита на работното место.
Ако деловите не се оригинални тие можат да предизвикаат неправилно работење и проблеми за
машината. Замената на деловите на безбедносните системи исто така треба да биде само со
оригинални делови. Употребата на делови коишто не се оригинални може да биде причина за
поништување на ознаката CE.
2. Замената на заштитните компоненти во електричното коло треба да биде со соодветни делови
според карактеристиките (тип, моќност, итн .). Ако не се внимава на заштитите карактеристики, може
да настане струен удар и големо оштетување на електричното кол. Тоа исто така може да биде
причина за поништување на ознаката СЕ.
3. Пред да го сервисирате пневматското коло, уверете се дека истото не е под притисок.
Во случај кога постои притисок во пневматското коло, може да дојде до придвижување на некој дел
и тоа да предизвика повреда на лицето или оштетување на машината.
Воздушните системи на машината не смеат да бидат во зоната на движење а вие не треба да вршите
интервенции, поправки или приспособувања додека системите се во употреба. Постои опасност од
повреда предизвикана од пневматските делови коишто се движат.
Машината ROBOT 162, е траен производ којшто е изработен од внимателно избрани и проучени
материјали и механизми и не е потребно некое посебно сервисирање, но сепак теба да се внимава
на следното:

4.4.2 Улога на одговорниот оператор


Лицето одговорно за ракување и одржување на машината треба да ги следи упатствата за својата
безбедност но и упатствата за високата продуктивност на машината:
Уверете се дека вашето работење како и тоа на другите оператори на машината секогаш се врши во
согласност со дадените упатства и прописи за заштита.
 Уверете се дека сите механизми и кола (електрични и пневматски) функционираат онака
како што предвидел конструкторот на машината.
 Уверете се дека машината максимално го користи својот капацитет за да обезбедите
највисока можна продуктивност.
4.4.3 Дневно, неделно или редовно одржување
Дневното, неделното или редовното одржување го врши корисникот.

ПОДМАЧКУВАЊЕ
Сите точки за подмачкување мора да се подмачкуваат на секои 40 работни часови, освен
централниот клин којшто се подмачкува на секои 10 работни часови.

Точки во коишто се нанесува мазиво

Препорачан вид мазиво: Во спреј или маст за отворените површини, со добри карактеристики на
покривање, додека за основите се препорачува машинска маст.
4.4.4 Замена на хидрауличното масло и контрола на маслото во запчаниците
Контролата на нивото на хидрауличното масло во централниот резервоар треба да се врши редовно
(Слика 35). На тој начин се обезбедува правилното работење на машината и навремено се
забележува евентуалната загуба на масло од хидрауличното коло.

ПОВРАТЕН ФИЛТЕР

ИНДИКАТОР
ФИЛТЕР

Слика 35

Мазивото за подмачкување на запчаниците и хидрсуличното масло содржат разни штетни


материи. Поради тоа, тие не треба да дојдат во контакт со кожата и не сметаат да се испуштаат во
животната средина. Треба да се почитуваат локалните прописи за животна средина.

Редовно треба да се контролира нивото на маслото на запчаниците и на хидрауличното масло во


резервоарот и доколку има потреба да се додаде соодветно масло.
Капацитетот на централниот резервоар е 220 литри хидраулично масло. При замената на масло не
дозволувајте тоа да истекува од машината. Доколку тоа се случи, внимателно исчистете ја
извалканата област. Избегнувајте ги овие опасни ситуации и препуштете им ги на сервисерите и
операторот на машината.
Замена на повратниот филтер: Отворете го капакот, отстранете го стариот филтер и поставете го
новиот.
Промена на јачината на филтерот за притисок: Јачината се менува кога индикаторот е во положбата
полно.
Редовно треба да се контролира нивото на маслото на запчаниците и на хидрауличното масло во
резервоарот и доколку има потреба да се додаде соодветно масло.
4.4.5 Систем за компримиран воздух на машината

Потребн е редовна контрола на правилното работење на пневматското коло (Слика 36)

Пред да вршите каква било поправка или одржување, уверете се дека системот не е под притисок
Регулатор на притисок на воздухот
Регулатор на количеството масло

Манометар за отчитување на
притисокот на воздухот.
Максимаен работен
притисок:
8 bar

Довод на воздух од компресорот

Сад за кондензат (влага) Резервоар за масло

Копче за испуштање вода од


пневматското коло

Слика 36
Садот за подотовка на воздухот се полни со хидраулично масло од типот: ISO 46. Треба да се
дополнува кога нема хидраулично масло

Регулирањето на количеството масло коешто треба да се содржи во воздухот се врши со помош на


регулаторот којшто се наоѓа на садот. Соодносот се пресметува како една капка масло на секои 5
команди.
4.4.6 Системот за компримиран воздух на држачите за котури

Сопирачка на држачот за
котур, пневматски садови

Совет: Одржувајте ја машината и сите нејзини делови во чиста


состојба.
ТАБЕЛА НА ОДРЖУВАЊЕ

ПЛАНИРАНО
ДАТУМ ИЛИ АНАЛИЗА НА ОДРЖУВАЊЕТО ИМЕ НА
СЕРВИСЕРОТ
ВОНРЕДНО
ОДРЖУВАЊЕ

 Потребно е сите интервенции извршени на машината да се евидентираат.

You might also like