You are on page 1of 2

Центар за комуникации

на ВМРО-ДПМНЕ

Предмет: Интегрален текст од прес конференција, реакција на прес


конференцијата на Љупчо Николовски
Говорник: Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Датум: 14.05.2020

Јавно да кажеш дека изборите треба сега да се одржат само заради здравјето
на граѓаните и притоа да не се засрамиш, има само 2 реални објаснувања зошто
мора да го говориш тоа. Едното е да си отсутен од реалноста или народно кажано да
ти летнало врапчето, а другата да си слеп послушник на Зоран Заев чиј пораз сакаш
да го ублажиш.

Суштината на СДСМ и Зоран Заев е дека брзаат за избори среде пандемија во


која може да броиме човечки жртви наместо гласови од граѓаните е само поради 2
причини.

1. Република Македонија е пред економски крах и ќе крахираме како држава


и економија затоа што има дупка во Буџетот и стопанството трпи огромни штети
само заради неспособноста на Владата на СДСМ да се справи со економската криза.

2. СДСМ и Зоран Заев грчевито се борат да го ублажат поразот и падот на


кариерата на Зоран Заев, кој по секоја цена е неизбежен.

Поразот на Зоран Заев е неизбежен, иако воопшто не им е гајле за здравјето


на граѓаните и по секоја цена дури и по цена на човечки животи на граѓаните на
Република Македонија се подготвени да организираат избори, во моменти кога нема
апсолутно никакви услови.

Очајноста и стравот од пораз е очигледен и СДСМ мора да се соочат со тоа.

Тука веќе е јасно се гледа кој работи и се бори за граѓаните, а кој работи и
се бори против граѓаните односно се бори да ја спаси сопствената кожа од пораз тоа
е Зоран Заев.

Најнакрај, Љупчо Николовски говори за некоја нова нормалност која треба


да гради можности, ова е малку несфатлива теза за граѓаните и за нас, но морам да
му потенцирам и објаснам дека новата нормалност со која ќе се соочат е дека СДСМ,
Зоран Заев и сите останати од власта на СДСМ се завршена приказна и ќе
одговараат за сите криминалии кои ги сториле во минатото.
Центар за комуникации
на ВМРО-ДПМНЕ

Ви благодарам на вниманието

You might also like