You are on page 1of 6

Анекс:

Процедура за тестирање на цевката за HDPE


100, SDR11, SDR21 и SDR26 цевки со
дијаметар< 400 mm
1 Општо
Методот за тестирање на цевки презентиран подолу е применлив за сите материјали и
дијаметри, исто така и за HDPE100, SDR26, PN 6.3; HDPE100, SDR21, PN 8 и
HDPE100, SDR11, PN 16 цевки предвидени за водоводни цевки кои се предмет на
тендерирање. Стандардната процедура за методот со под на притисок се состои од пред тест,
пад на притисок и главен тест.
Тестот под притисок треба да се изведе со повисок притисок од притисокот во системот, т.е
максималниот оперативен притисок плус водениот удар. За да се поедностави процедурата
на тестирање, основниот тест на системскиот притисок STP е дефиниран за сите делови
да бидат тестирани според следното:

Материјал на цевката Класа на притисок PN Тест на притисокот во


системот STP
[bar]

HDPE100, SDR26 6.3 7.6

HDPE100, SDR21 8 10

HDPE100, SDR11 16 20

Табела 1 Тест на системскиот притисок STP во bar

Манаџерот на проектот треба однапред да биде информиран од страна на изведувачот за


точното време на тестирањето со цел да биде присутен на градилиште и да ја надгледува
вкупната процедура на тестирање.

1 Подготвителни работи
Пред почетокот на тестирањето треба да се направат следните подготвителни работи:
 Блоковитe за зајакновање и бетонот за потпирање треба да се наместат на своите места.

 Ако е потребно цевките треба да се фиксираат со покривање со земја. Како и да е врските


треба да се остават видливи

 Било каков материјал кој е во цевката мора да се извади (исчисти).

 Цевките мора да бидат наполнети на точките со најмала надморска висина. На


највисоките точки мора да се предвиди инсталација на испуст на воздух.

 На тие места каде цевките не се покриени со песок, цевките треба да се покријат со


покривки да се оневозможи директен контакт со сонцето. (температурата при тестирање
не треба да надминува 20°C).
За тестирање на цевката потребна е следната опрема:
 Пумпа и напојување со ел. енергија

 Мерач на притисокот градиран со точност од 0.1 bar за мерење на притисокот до 25 bar

 Стоперка

 2 слепи прирабници, една за деаерација и една за притисок

 Поголем сад (буре) со 20 до 40 l и еден сад од литар со градуација во децилитри

2 Изведба на тестот под притисок

Тестот ги опфаќа следните 3 фази презентирани подолу. Графиконот подолу ги покажува


трите чекори од процедурата за тестирање во однос на притисокот и времето.

Подолу се објаснети трите чекори детали:

1 Пред-тест (PT)
После полнењето на цевката и испуштањето на остатокот воздух во цевката,
делот од цевоводот кој се тестира останува да мирува 60 минути.
Температурата на цевката во текот на целиот процес на тестирање не треба да
надминува 20°C
Траењето на пред-тестот е 12 часа. Во текот на целиот процес на тестирање STP
треба да се одржува со континуирано пумпање. Варирањето на притисокот треба
да биде што е можно по константно, коки и да е не треба да надминува 1-2 bar.

3
2 Тест на пад на притисокот (Деаерационен тест)
Најкасно кон крајот на пред-тестот, препорачливо околу 1 час после почетокот
на пред-тестот треба да се испушти количина на вода ∆Vмерено и прецизно
измерено со цел да се постигне пад на притисокот од најмалку 0.5 bar. Во
случај на кратка делница може да биде неопходно да се постигне пад на
притисокот пад и до 1 bar. Максималната дозволена промена на притисокот
∆Vallowed треба да се пресмета според равенството прикажано подолу:

∆Vallowed максимална дозволена промена на волуменот [ml]


f фактор на компензација за неизбежно присутниот воздух [-]; f=1.05
за пластични цевки
ID внатрешен дијаметар [mm]
L должина на делот од цевката кој се тестира [m]
∆pmeasured измерен губиток на притисок [bar]
Kw модул на притисок на водата [N/mm2]; Kw=2'027 N/mm2
EP модул на еластичност на материјалот на цевката [N/mm2];
EPE100=1'200 N/mm2
e дебелина на ѕидовите од цевката [mm]
Деаерацијата на цевката е доволна, ако волуменот на испуштената вода ∆Vmeasured
не ја надминува дозволената промена на волуменот Vallowed пресметан според
равенката дадена погоре.

3 Главен тест (Тест на водонепропусност)


После завршувањето на тестот на пад на притисокот STP треба да се обнови и
одржува се до завршетокот на пред-тестот. После, со испуштање на вода треба
да се изведе пад на притисокот до 2 bar.
Траењето на главниот тест е 12 часа. Цевката е водонепропусна доколку падот на
притисокот мерен во текот на периодот на тестирањето а спореден со мерениот
максимален притисок (измерен во текот на главниот тест) е помал од
максимално дозволениот пад на притисокот ∆pallowed од 0.1 bar/h.

4
3 Документирање на тестот

Резултатите од целата процедура на тестирање како што се температурата и притисокот ќе


бидат континуирано запишувани и документирани. За прифаќање на тестот, треба да се
пополни протокол (види примерок на следната страна) и истиот да се потпише од
изведувачот и проектниот менаџер. Заедно со протоколот треба да се покаже и дијаграмот со
притисок/време кој што е прикажан во поглавјето 3 (да се нацрта рачно) во кој треба да се
означат вредностите на притисокот во однос на времето и истиот да се достави на
проектниот менаџер.

5
6

You might also like