You are on page 1of 1

Микена се наоѓала на Пелопонез во Арголида.

Планинските карпи во оваа


област на неколку места ја пресекуваат ридската долина, која денес се смета
за најнеплодна област на Пелопонез, кој и без друго е сиромашен со вода.
Главна река во оваа област е Инах, чиј извор се наоѓа во планините, но
најмногу вода добива од дождовите. Во лето сосема пресушува. [1]
Овде се наоѓале најстарите градови: Аргос, Тиринт и Микена, оддалечени од
морскиот брег на 18 км. Градот се наоѓал на надморска височина од 278 м, [2] и
бил сместен меѓу два рида. Од воено-стратешки поглед, положбата на градот
Микена била многу поволна, затоа што градот доминирал на тоа подрачје.

Досегашните податоци укажуваат дека микенското општество имало класна


поделба. На чело на државата се наоѓал крал, постоеле крупни
земјопоседници, а земјата ја обработувале робови. Во некои натписи се
споменуваат ситни закупци, како и занаетчии кои живееле во посебни населби:
дрводелци, грнчари, пекари, кројачи, златари и други.

Во целина, социјално-политичкото уредување во Микена и во другите ахејски


држави може да се окарактеризира како раноробовладетелско, кое имало
многу сличности со робовладетелските држави на Исток.

ПисменостУреди
Долго време во науката владеело мислењето дека во Микена немало
писменост, но потоа се најдени глинени плочи, пишувани со боја или остар
предмет. Датираат од 15-12 век п.н.е. Во 1939 година, а потоа и во 1952
година, најдени се архиви: архивата во Пилос содржи над 900 глинени плочки,
а таа во Микена 39 плочки. Овие плочки се пишувани со „линеарно писмо Б“

You might also like