You are on page 1of 17

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ.

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”
БИТОЛА
ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВО - ДИСПЕРЗИРАНИ
СТУДИИ БИТОЛА

ТРЕТ ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА СТУДИСКА ПРОГРАМА


МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И МЕЃУНАРОДНА ПОЛИТИКА

Семинарска работа по предметот:


ЕУ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ

Тема:
ЕУ ЗА ВРЕМЕ НА ГЕРМАНСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ
ВО 2020 ГОДИНА

Ментор: Кандидат:

Проф.Д-р Горан Илиќ Магдалена Станковска

Проф.Д-р Елена Тиловска-Кечеџи Индекс бр. 8-III/Б

Битола, 2020
СОДРЖИНА

ВОВЕД 3

1. ПРИОРИТЕТИ И ПРЕДИЗВИЦИ НА ГЕРМАНСКОТО


ПРЕТСЕДАВАЊЕ 5

1.1 НАДМИНУВАЊЕ НА КРИЗАТА ОД КОВИД 19 5

1.2 ПОСИЛНА И ПОИНОВАТИВНА ЕВРОПА---------------------------------------7

1.3 ПРАВЕДНА ЕВРОПА---------------------------------------------------------------------7

1.4 ОДРЖЛИВА ЕВРОПА--------------------------------------------------------------------7

1.5 ЕВРОПА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ------------------8

1.6 СИЛНА ЕУ НА СВЕТСКАТА СЦЕНА- ГЕОСТРАТЕШКИ


ПРИОРИТЕТИ----------------------------------------------------------------------------------8

2. ЗАПАДЕН БАЛКАН И ГЕРМАНСКОТО ПРЕТСЕДАВАЊЕ 11

ЗАКЛУЧОК 15

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 16

2
ВОВЕД

Претседателството со Советот ротира меѓу земјите-членки на ЕУ на секои 6


месеци. Во текот на овој 6-месечен период, претседателството претседава со
состаноци на секое ниво во Советот, помагајќи да се обезбеди континуитет во
работата во Советот.
Земјите-членки кои претседаваат тесно соработуваат во групи од по три
тела, наречени „Тројка“. Овој систем беше воведен со Договорот од Лисабон во
2009 година. “Тројката” поставува долгорочни цели и подготвува заедничка
агенда за утврдување на темите и главните прашања што ќе ги решава Советот во
период од 18 месеци. Врз основа на оваа програма, секоја од трите земји
подготвува своја подетална 6-месечна програма. Сегашното трио е составено од
претседателствата на Германија, Португалија и Словенија.
Во втората половина од 2020-татагодина, со почеток од 1-ви јули, Германија
започна со претседавање со Советот на Европската Унија. Ова е најголемата
шанса на земјите членки да ја организираат агендата на ЕУ во текот на шест
месеци, а ова до толку повеќе важи и за Германија, силен играч во ЕУ односите.
Германија ја презема оваа улога од Хрватска и потоа ќе биде наследена од
Португалија и Словенија во 2021-ва година, и Франција и Република Чешка во
2022-ра година, севкупно земено поволни, силно про-европски ориентирани
последователни претседателски тројки. По хрватското претседателство со
Советот, чиишто резултати беа условени од избувнувањето на кризата
предизвикана од Ковид-19, се вложуваат големи надежи во трансформативната
моќ на германското претседателство, кое е вовед кон „Конференцијата за
иднината на Европа“ под француското претседателство. Покрај ова, и во
Франција и во Германија претстојат избори за време на или близу по односното
претседателство.
Германија го презема своето „Корона претседателство“ во услови на
европска криза, но подеднакво и во време на нова можност за Европа. Овие
околности првично предусловија германската влада да мора да ги помести
приоритетите на своето претседателство. Корона кризата длабоко ги потресе
европските економии, поставувајќи високо на агендата прашања поврзани со
економската и социјалната конвергенција во рамките на ЕУ и давајќи можност за
обновени дискусии за фискалната иднина на ЕУ (а следствено и политичката).

3
Германија се претставува себеси одлучна да ја зграпчи можноста за европска
интеграција, организирајќи го своето претседателство под мотото „Заедно. Да ја
направиме Европа повторно силна.“
Поинаку од она на што сугерира мотото, Германците не бараат инспирација
во САД на Трамп, наместо тоа ја нагласуваат важноста на мултилатерализмот и
одговорите на глобалните предизвици, како климатските промени, ориентирани
кон иднината. „Солидарноста“, изјави Ангела Меркел во својот говор во мај 2020,
„ќе биде водечкото начело на германското претседателство со Советот.“
Започнувајќи дома, Меркел се претставува себеси одлучна да не дозволи
авторитарните сили, популистите и радикалите да ја злоупотребуваат сегашната
економска криза за нивните политички агенди и наместо тоа да го искористи
претседателството за навраќање кон дебатата за иднината на ЕУ и нејзино
преземање назад од непријателите на ЕУ. Пријателите на Европа би требало да
бидат наспроти ова нејзини конструктивни критичари и амбициозни креатори.
Семинарскиот труд ќе се осврне кон приоритетите на германското
претседателство во контекст на поширокото ротирање на претседателските
тројки. Посебен осврт ќе биде даден на приоритетите на ЕУ од надворешната
политика, креирајќи врска со политиката на проширување на ЕУ и идејата за
европско обединување каде што треба да се случуваат важни настани -
вклучително и презентацијата на преговарачката рамка за пристапување и
пакетот за проширување за Северна Македонија (и Албанија).

4
1. ПРИОРИТЕТИ И ПРЕДИЗВИЦИ НА ГЕРМАНСКОТО ПРЕТСЕДАВАЊЕ

Во мотото, „Заедно. Да ја направиме Европа повторно силна.“, германската


влада го става фокусот на своето претседателство на надминување на
пандемијата КОВИД-19 и бара одговори на идните предизвици на кои треба да се
осврнеме сега, изразувајќи ја исто така и својата цел за правејќи ја Европа
посилна, порамноправна и поодржлива. Стратешката агенда на Европскиот совет
од јуни 2019 година и прилагодената програма за работа на Европската комисија
претставуваат темелници на програмата на Германија.1
Програмата на германското претседавање се фокусира на 6 области:2
 Надминување на кризата од пандемијата Ковид 19, како и економско и
социјално закрепнување;
 Посилна и поиновативна Европа;
 Праведна Европа;
 Одржлива Европа;
 Европа на безбедноста и заедничките вредности;
 Силна Европа во светот;
Eден од главните приоритети ќе биде обезбедување брзо завршување на
преговорите за повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ (МФФ) за периодот од
2021 до 2027 година. Буџетот на ЕУ, од една страна, мора да биде насочен кон
тековните предизвици во врска со кризата COVID-19 и, од друга страна, кон
долгорочните стратешки цели на Европската унија во светот што се менува.3

1.1 НАДМИНУВАЊЕ НА КРИЗАТА ОД КОВИД 19

Пандемијата на коронавирус го преврте светот на глава и води кон


најголемата економска криза во последните 100 години. „Не е никакво
претерување да се каже дека ЕУ се наоѓа пред најголемиот економски предизвик
во нејзината историја. И мерките за нејзино надминување треба да бидат
адекватни", изјави новиот претседавач со ЕУ, германската канцеларка Ангела
1
The Presidency Programme describes the guiding principles of Germany’s Presidency of the Council of the European
Union(2020); Достапно: https://www.eu2020.de/eu2020-en/programm; посетено: 07.09.2020;

2
“Together for Europe’s recovery”, The Programme for Germany’s Presidency of the Council of the European Union (2020),
Auswärtiges Amt,Berlin, достапно на:https://www.eu2020.de/blob/2360248/e0312c50f910931819ab67f630d15b2f/06-30-pdf-
programm-en-data.pdf; посетено на: 07.09.2020
3
Ibid.

5
Меркел на прес-конференција пред почетокот на ротациското претседавање. 4
Главната задача за време на германското претседателство ќе биде европскиот
одговор на последиците од кризата предизвикана од Ковид-19. До одредена мера,
ова значи дека Германија мораше да направи компромис за одредени приоритети
зацртани пред Корона хаосот, но сепак ова најмногу ѝ дава шанса да го зграпчи
моментот и да ги постави основите за поголема европеизација. Управувањето со
кризи за време на германското претседателство ќе вклучува два аспекти.
Очигледно го опфаќа развојот на конкретни планови за опоравување насочени
кон директна финансиска помош. Оваа дебата најверојатно ќе биде испреплетена
со тековната расправа за долгорочниот буџет на ЕУ, задача која претставуваше
предизвик дури и пред избувнувањето на кризата предизвикана од Ковид-19. Во
нејзиниот акциски план5 за Корона кризата, Комисијата веќе презентираше
интелигентни инструменти за финансирање на опоравувањето на државите и
намалување на ранливоста на ЕУ од идни економски шокови.
Во суштина, планот „Следна генерација на ЕУ“ вклучува (привремено)
покачување на плафонот на сопствените ресурси на ЕУ од 1% на 2% од бруто
националниот приход на ЕУ, при што „дозволувајќи ѝ на Комисијата да го
користи својот силен кредитен рејтинг за да позајми 750 милијарди евра на
финансиските пазари.“6. Од друга страна, развојот на Европска здравствена унија
и реалокацијата на критичната здравствена индустрија се клучни компоненти од
планот за опоравување од Ковид-19 за Европа, кои изискуваат долгорочни
стратегии и соработка помеѓу институциите.
И покрај општата криза, германското претседателство нема да биде
ослободено од дневна политика, вклучително и претходно споменатата
Повеќегодишна финансиска рамка (MFF), која се очекува да биде финализирана
наесен годинава како и (да се надеваме) конечни преговори за пост Брегзит
договорот, за кој е предвидено да бидат заокружени до крајот на 2020-тата
година, вклучувајќи и изработка на сеопфатен Договор за слободна трговија.7
4
Ригерт Б.(01.07.2020). Германското “сосема поинакво” претседавање со ЕУ. Достапно на:
https://www.dw.com/mk/%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE-
%D1%81%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D0%B2%D0%BE-
%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D1%81%D0%BE-
%D0%B5%D1%83/a-53996570; посетено: 10.09.2020
5
Европска комисија (2020): The EU Budget Powering: The Recovery Plan For Europe –Factsheet.Достапно на :
https://ec.europa.eu/info/sites/info/files/factsheet_1_en.pdf; посетено: 08.09.2020;
6
Европска комисија (2020): Financing the recovery plan for europe; достапно на:
https://ec.europa.eu/info/sites/info/files/factsheet_3_04.06.pdf; посетено: 08.09.2020
7
Кирхнер М., Нечев З. Тилев Д. (2020). Да ја направиме цела Европа повторно силна. Германското претседателство со
Советот на ЕУ во 2020 година и импликациите врз Северна Македонија. Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за

6
1.2 ПОСИЛНА И ПОИНОВАТИВНА ЕВРОПА

Основните цели во програмата на германското претседавање со Советот


како одговор на влијанието на пандемијата Ковид 19 за Посилна и Поиновативна
Европа се проширувањето на дигиталниот суверенитет, зголемување на
конкурентноста, стабилен и одржлив финансиски пазар и праведно оданочување.8
Пандемијата КОВИД-19 јасно покажа повеќе од кога било дека Европа мора
да постигне суверенитет во дигиталниот домен со цел да стекне способност за
дејствување самостојно во иднина.

1.3 ПРАВЕДНА ЕВРОПА

Социјалната кохезија, социјалната сигурност и солидарноста се темелите на


праведна Европа. Пандемијата КОВИД-19 доведе до големи нарушувања во
секојдневниот живот на многу Европејци и ги влоши нееднаквостите. Поради тоа
германското претседателство со Советот има за цел да се справи со социјалните
последици од кризата, да ја зачуваат социјалната кохезија и да ги промовира
долгорочните идни перспективи на младите во Европа, поголема родова
еднаквост. Промовирање на меѓугенерациска солидарност е клучен приоритет.
Ова особено се однесува на заштитата на децата и старите лица, кои се особено
ранливи во време на криза. 9

1.4 ОДРЖЛИВА ЕВРОПА

Програмата за одржлив развој е наочена кон водење на поамбизциозна


политика за климатските промени и животна средина, одржлив развој на
земјоделството, риболовот, како и и заштита на потрошувачите.
Процесот на економска, технолошка и социјална трансформација е
неопходен за ваква амбициозна политика за климатските промени, а политиката

демократија “Социетас Цивилис” – Скопје.


8
“Together for Europe’s recovery”, The Programme for Germany’s Presidency of the Council of the European Union (2020),
Auswärtiges Amt,Berlin, достапно на: https://www.eu2020.de/blob/2360248/e0312c50f910931819ab67f630d15b2f/06-30-pdf-
programm-en-data.pdf ; посетено на: 10.09.2020
9
Ibid.

7
за животна средина може да биде успешна само ако и двете се економски
избалансирани и социјално праведни, иако зад тоа стои целото општество.
За да се надмине пандемијата КОВИД-19, потребно е потрошувачите да
имаат доверба во силниот европски единствен пазар. Германското
претседателство се повикува на вклучување на Советот при изготвувањето на
новата агенда за потрошувачи, што Комисијата сака да ја претстави во втората
половина на 2020 година. Агендата мора да помогне во заштитата на
потрошувачите во Европската унија, со цел да се прилагодат на тековните
дигитални и еколошки предизвици, да се заштитат потрошувачите и да бидат
поефикасни во спроведувањето на постојните права на потрошувачите.10

1.5 ЕВРОПА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ

Оваа цел е насочена кон зајакнување на основните вредности и човекови


права, зајакнување на безбедноста на граѓаните, унапредување на европската
политика за миграција и азил. Во свет на растечко ривалство меѓу големите сили,
европската политика мора да ја зајакне способноста на Европа да дејствува во
глобалниот свет со цел да ги брани европските интереси и вредности и да преземе
одговорност на светската политичка сцена. 11
Политиката за миграција останува клучно прашање. На Европа и треба нов
почеток за реформата на заедничкиот систем за азил. Политичкиот дијалог за
владеење на правото треба да се зајакне на долг рок меѓу земјите-членки преку
сеопфатни дискусии засновани на новиот извештај на Комисијата за владеење на
правото.

1.6 СИЛНА ЕУ НА СВЕТСКАТА СЦЕНА- ГЕОСТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТИ

Германија е посветена на меѓународен поредок заснован на правила и


човекови права во кои ЕУ има улога во обликувањето на стандардите и нормите
ширум светот. ЕУ има значителна одговорност да помогне во обликувањето на
глобалниот поредок во духот на посилна меѓународна координација и соработка,
како и поголема одржливост и солидарност.

10
Ibid.
11
Ibid.

8
И покрај јасната насока која се очекува во поглед на внатрешните работи на
ЕУ, претседателството со ЕУ традиционално е можност за земјите членки да ги
истакнат приоритетите во надворешната и безбедносната политика на ЕУ.
Еден често истакнуван приоритет за време на германското претседателство
се надворешните односи со Кина, сѐ поголем стратешки конкурент, но сепак
важен за да се воспостави партнерство со него. Планирано беше да се одржи
Самит ЕУ-Кина во септември 2020 во Лајпциг, Германија, за да се воспостават
основите за заемните односи и, меѓу другото, да се продолжат разговорите за
Сеопфатниот договор за инвестиции меѓу ЕУ и Кина. По претходното
откажување на истиот поради кризата со пандемијата, сепак самитот ЕУ-КИНА
се одржа на 14ти, Септември, 2020 година преку виртуелна конференција на кој
присуствуваа кинескиот претседател Си Џинпинг и Претседателот на Советот
Чарлс Мишел.12 Покрај нив на конференцијата учествуваа Урсула фон дер Лајен,
претседател на Европската комисија и германската канцеларка Ангела Меркел.
На виртуелниот состанок се дискутираа четири клучни теми: климатските
промени, економските и трговските прашања, меѓународни работи и човекови
права, Ковид 19 и економското закрепнување. Клучен момент е потпишувањето
на првиот значаен билатерален трговски меѓу ЕУ и Кина, Договорот за
Географски ознаки. Со овој договор 100 земјоделско-прехрамбени производи од
ЕУ (пр. бафало моцарелата Капмана, виното Лангедок, полската водка) ќе добијат
заштита на кинескиот пазар, а 100 кинески производи ќе бидат заштитени на
пазарот на ЕУ, со што ќе се обезбеди меѓусебно почитување на најдоброто од
двете земјоделски традиции. Во однос на преговорите за амбициозниот
инвестициски договор, додека двете страни регистрираа напредок во правилата за
регулирање на однесувањето на државните претпријатија, преку засилен
трансфер на технологија и транспарентност на субвенциите, ЕУ истакна дека
треба итно да се работи на прашањата за ребаланс на пристапот до пазарот и за
одржливиот развој. ЕУ ја повика Кина да ја засили својата амбиција за овие
прашања. Двете страни ја потврдија својата цел да ги затворат преостанатите
празнини пред крајот на годината. Страната на ЕУ истакна дека ќе биде потребен
висок политички ангажман во рамките на кинескиот систем за да се постигне

12
EU-China leaders' meeting via video conference, 14 September 2020; https://www.consilium.europa.eu/en/press/press-
releases/2020/09/14/eu-china-leaders-meeting-upholding-eu-values-and-interests-at-the-highest-level-joint-press-release-by-
president-michel-president-von-der-leyen-and-chancellor-merkel/; посетено 16.09.2020;

9
значаен договор.13“Европа треба да биде играч, а не поле за играње”, изјави
претседателот на советот Мишел, по завршувањето на видео конференцијата со
Кина14, истакнувајќи дека стремежот на ЕУ кон изградба на однос кој ги
исполнува зедничките обврски, ќе генерира конкретни резултати и за двете
страни. Резултати кои се добри и за целиот свет.
Политиката за Кина донесена од сите институции на ЕУ и политиките на
земјите-членки треба да бидат обединети, избалансирани и обликувани врз
основа на долгорочни заеднички интереси и вредности, со цел да се остварат
долгорочните цели и приоритети на ЕУ.
Европа го отвора патот за посилно и поамбициозно партнертсво со Африка,
при што одржувањето на Самитот ЕУ Африка е планирано за претстојниов
октомври помеѓу европските и африканските лидери во Брисел. 15 Во нејзиниот
говор пред германскиот Бундестаг, Ангела Меркел го истакна значењето на
силното партнерство со африканските земји каде што едногласноста на ЕУ би
била неопходен предуслов за стратешка улога. Обновената соработка за
партнерство ќе биде насочена кон 5 клучни области: зелена транзиција;
дигитална трансформација; одржлив развој и вработување; мир и управување; и
миграција и мобилност. 16
За Германија, надворешно политичките приоритети се поврзани со
верувањето дека солидарноста мора да биде заснована на ЕУ вредности.
Навраќајќи се кон темата помош за Корона кризата, политичарите истакнуваат
дека ваквата солидарност мора да излезе надвор од границите на ЕУ, покажувајќи
меѓународна одговорност нудејќи помош на особено тешко погодените партнери.
Во претходно споменатиот говор, германската канцеларка Ангела Меркел ја
повика Европа да биде партнер од доверба во светот, потпора на стабилност и
креатор на мир и безбедност во светот.17
Еден од геостратешките приоритети на германското претседавање е заедно
со високиот претставник на ЕУ да се поттикне сеопфатна и активна соработка

13
Ibid.
14
The European Council. Charles Michel, President of the European Council (14.09.2020). достапно
на:https://www.consilium.europa.eu/en/european-council/president/; посетено на: 16.09.2020;
15
Европска комисија: EU paves the Way for a stronger, more ambitious partnership with Africa. достапно на:
https://ec.europa.eu/commission/presscorner/detail/en/ip_20_373; посетено: 12.09.2020
16
Ibid.
17
Кирхнер М., Нечев З. Тилев Д. (2020). Да ја направиме цела Европа повторно силна. Германското претседателство со
Советот на ЕУ во 2020 година и импликациите врз Северна Македонија. Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за
демократија “Социетас Цивилис” – Скопје.стр.6;

10
помеѓу ЕУ и САД, вклучувајќи широк политички дијалог и позитивна агенда за
трансатлантска трговија. САД се најблизок партнер за надворешна и безбедносна
политика на ЕУ. Друг амбициозен приоритет е визијата за сеопфатно партнерство
меѓу ЕУ и Велика Британија со што Германија ќе преземи значајна улога за да
обезбеди преговори помеѓу Европската унија и Велика Британија за идно
партнерство кое треба да најде добра рамнотежа помеѓу правата и обврските како
и фер услови за конкуренција. Ова бара паралелен напредок во преговорите во
сите области. Во исто време, целосно спроведување на Договорот за повлекување
останува клучна цел.

2. ЗАПАДЕН БАЛКАН И ГЕРМАНСКОТО ПРЕТСЕДАВАЊЕ

Како што претходно е споменато, на 1-ви јули,2020 , Германија го презеде


претседателството со Советот на ЕУ од Хрватска. Кога Хрватска го претстави
своето мото „Силна Европа во свет на предизвици“, тие сигурно не можеа да го
замислат најголемиот предизвик пред нив, кој ја покажа својата сила токму среде
нивното претседателство. Денес, нивните приоритети изгледаат речиси иронично
во услови на кризата предизвикана од Ковид-19. Меѓутоа, мора да се признае
дека за време на Хрватското претседавање, Загреб успеа да го убеди Советот да
донесе одлука за отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и
Албанија. Покрај тоа, тие исто така го остварија планираниот Самит за Западен
Балкан во мај 2020 година, организирајќи виртуелен наместо физички состанок,
на врвот од неизвесноста од Ковид-19 во Европа. Западниот Балкан и неговата
интеграција во структурите на Европската унија беше деклариран приоритет на
хрватското претседателство.18
Но, со така полни раце работа, зошто германското претседателство би дало
значење на Западниот Балкан и, поспецифично, на Северна Македонија (и
Албанија), за време на така пресудно време за иднината на Европа?

18
Green light to accession talks with North Macedonia and Albania fulfils one of EU2020HR priorities (25.03.2020). достапно на:
https://eu2020.hr/Home/OneNews?id=227; посетено: 12.09.2020

11
Механизмите за поддршка на Западниот Балкан19, одлучени неодамна,
покажуваат дека регионот се смета како значаен партнер на ЕУ кој може да
очекува поголема поддршка за време на германското претседателство.
Повторното обединување на Германија беше важно за да се заврши
Студената војна во Европа и да се започне создавањето на Европската унија со
потпишување на Договорот од Мастрихт. Подеднакво, обединувањето (и
континенталниот интегритет) на ЕУ со вклучување на земјите од Западен Балкан
во европското семејство е важно за посилна, геополитички и геостратешки будна
ЕУ, и како такво може да го поплочи патот кон европски суверенитет. Ако
германското претседателство сака трајно да ги докаже своите политички
приоритети, тие треба со најдобри намери да го земат во предвид Западниот
Балкан не само во ресорот надворешна помош и проширување на ЕУ, туку исто
така и имплицитно и експлицитно во програмите на ЕУ за (внатрешен) одговор
на кризи и конвергенција. И овој пристап треба да биде проширен уште повеќе и
не ограничен само на одговор на тековната криза предизвикана од Ковид-19, туку
и надвор од тоа, на сите политики и акции на ЕУ, од животна средина до
граѓански и воени мисии како дел од нејзината Заедничка безбедносна и
одбранбена политика. Поради тоа што оваа агенда е од суштинско значење за
иднината на Европа, и оттаму, за успехот на претстојното германско
претседателство.20
Може да се надеваме дека на Западниот Балкан ќе му биде дадено
потребното време на агендата на претседателството, земајќи го предвид бројот на
поврзани настани закажани за втората половина од 2020- та година, како и фактот
дека Меркел притискаше за тесна соработка со регионот уште од нејзиното
преземање должност како канцелар и особено со воведувањето на Берлинскиот
процес во 2014-тата година. Конкретно, ова е повик за Германија да го следи
хрватското претседателство и да ја оживотвори и спроведе Загрепската
декларација.21 Ова значи да се продолжи со Економскиот и инвестицискиот план

19
Infographic - COVID-19: €3.3 billion EU package for the Western Balkans:
https://www.consilium.europa.eu/en/infographics/economic-support-to-western-balkans/;
20
Кирхнер М., Нечев З. Тилев Д. (2020). Да ја направиме цела Европа повторно силна. Германското претседателство со
Советот на ЕУ во 2020 година и импликациите врз Северна Македонија. Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за
демократија “Социетас Цивилис” – Скопје.стр.10;
21
Zagreb Declaration, 6 May 2020.достапно на: https://www.consilium.europa.eu/media/43776/zagreb-declaration-en-
06052020.pdf ; посетено 12.09.2020;

12
за Западен Балкан и, подеднакво важно, да се исполнат нејасно дефинираните
ветувања.
Преговарачката рамка се смета за најважен документ со кој земјите членки
ги утврдуваат основните позиции за преговори со кои ја обврзуваат Европската
комисија, која ги води технички преговорите во име на земјите членки, да се
придржуваат до истите, со обврска за текот и резултатите од преговорите,
редовно повратно да ги информира земјите членки. Со преговарачката рамка се
дефинира текот, опсегот и структурата, клучните услови кои мора да се прифатат,
процедурите и структурите преку кои ќе се одвиваат преговорите до нивното
завршување, под клаузулата, „ништо не е договорено додека сè не се договори“,
што значи дека преговорите ќе се сметаат за отворени до моментот на
постигнување на целосна согласност.22
На 1ви Јули е презентирана нацрт - преговарачката рамка за Северна
Македонија и Албанија,23 на кои им беше дадено зелено светло за почеток на
пристапните преговори во март, со надеж за расчистување на ситуацијата за
официјално отпочнување со пристапните преговори за време на германското
претседателство.
Во однос на билатералните прашања со Република Северна Македонија,
минатиот октомври, бугарскиот Парламент усвои Декларација поставувајќи
предуслови, повикувајќи се на елементи од Договорот за пријателство од 2017
година со допирање на некои чувствителни прашања (историја, јазик,
малцинства, име на државата) под кои тие може да се согласат со текстот на
Преговарачката рамка за Северна Македонија. Судејќи од текстот на
Декларацијата, ваквата бугарска позиција има потенцијал да го искомплицира
процесот во рамките на ЕУ за усогласување на текстот на нацрт преговарачката
рамка.
По усогласувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија, ќе се
создадат и услови за одржување на првата Меѓувладина Конференција (МВК).
МВК е исклучително важен камен темелник во пристапните преговори.
Додека Преговарачката рамка ги поставува условите под кои земјата (Северна
Македонија) ќе биде примена како членка на ЕУ, МВК организирана од

22
Толев Д., Нечев З. (2020): Ѓаволот се крие во деталите: преговaрајќи го членството на Северна Македонија во Европската
Унија; Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје.стр.7
23
European Commission (Press 01.07.2020): Commission draft negotiating frameworks for Albania and North Macedonia;
https://ec.europa.eu/commission/presscorner/detail/en/IP_20_1021; посетено: 12.09.2020;

13
претседателството на ЕУ, го означува официјалниот почеток на пристапните
преговори, ја поставува политичката и институционалната сцена како и
законската основа за пристапни преговори помеѓу земјите членки на ЕУ и
Северна Македонија. Со преговорите како такви управува Европската комисија,
во име на земјите членки на ЕУ.24
МВК е од исклучителна важност поради фактот дека од тоа зависи и кога ќе
продолжи аналитичкиот преглед на европското законодавство (скринингот) со
втората фаза, односно билатералните скрининзи (на есен или на почетокот на
2021 година), според новата ревидирана методологија за зајакнати пристапни
преговори. Билатералните скрининзи ќе се одвиваат според новата Методологија,
во период кој ќе биде подолг од една година, почнувајќи со кластерот
Фундаменти (Основи), следен од останатите пет кластери (во кои се групирани 33
поглавја), и тоа, Внатрешен пазар, Конкурентност, Конективност (Поврзаност),
Земјоделство и Надворешни односи. Редоследот покој ќе се одвиваат
билатералните скрининзи ќе зависи од договорот со Европската Комисија, но и
од стратешките приоритети на земјата и институционалната подготвеност за
започнување на преговорите.25
За време на германското претседателство, ЕУ мора да покаже дека [и колку]
се навистина „одлучни понатаму да го интензивираат својот ангажман на сите
нивоа како поддршка за политичка, економска и социјална трансформација на
регионот“.

24
Кирхнер М., Нечев З. Тилев Д. (2020). Да ја направиме цела Европа повторно силна. Германското претседателство со
Советот на ЕУ во 2020 година и импликациите врз Северна Македонија. Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за
демократија “Социетас Цивилис” – Скопје.стр.16;
25
Толев Д., Нечев З. (2020): Ѓаволот се крие во деталите: преговaрајќи го членството на Северна Македонија во Европската
Унија; Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје.стр.15;

14
ЗАКЛУЧОК

Германското претседателство со право упатува кон важноста на


солидарноста, нивната сеопфатна тема, за справување со предизвиците на
денешницата и спречување на кризите утре. Поимајќи го нивното „Корона
претседателство“ како можност која треба да се искористи, германската влада
јасно се позиционираше себеси во полза насилна, суверена и обединета Европска
унија претставувајќи го духот потребен да се излезе од оваа криза. Сепак,
најважно од сѐ, Германците дадоа до знаење дека тие не го сфаќаат нивното
претседателство како соло спринт, туку напротив, како штафета. Усогласувањето
на програмите помеѓу претседателските тројки и кооперативниот пристап ќе им
овозможи на земјите да работат на долгорочни стратегии и приоритети потребни
за иднината на Европа. Со одлучна дебата за европеизација, која е сега обновена,
Европејците треба силно да бидат заинтересирани за текот и резултатите од
Конференцијата за иднината на Европа во 2022-ра година. Во секој случај, клучот
за европско себе-разбирање и идни успеси низ германска призма е единството
(солидарноста), па сотоа претседателството открива претпазливо реорганизиран
пристап кон надворешната политика, започнувајќи со повикот за поголема
европска солидарност и фокусот на новите стратешки партнерства. Настаните
кои претстојат нудат многу можности за Европејците под германско
претседателство. Во процесот на дискутирање и евентуално пребојување на
европската иднина, Северна Македонија и остатокот од Западниот Балкан ќе
бидат постојано на агендата, соодветно истакнувајќи го своето значење за
иднината на Европската унија со надеж дека ваквото значење ќе биде отсликано
со нивно вклучување во „Следна генерација на ЕУ“. Задачата за германското
претседателство ќе се состои во тоа да преземе конкретни активности за
понатамошно поттикнување на обединувањето (и континенталниот интегритет)
на ЕУ. Во согласност со приоритетите на претседателството, овој пристап мора
да биде заснован на идејата за европска солидарност и мора да биде поткрепен со
економски и стратешки аргументи врз основа на кои следните претседателства ќе
можат да го надоградуваат. Европејците ги чека работна есен. По хаосот со

15
Корона кризата и борбата на многумина во текот на првата половина од 2020-та
година, очекувањата од германското претседателство се големи.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

EU-China leaders' meeting via video conference, 14 September 2020;


https://www.consilium.europa.eu/en/press/press-releases/2020/09/14/eu-china-leaders-
meeting-upholding-eu-values-and-interests-at-the-highest-level-joint-press-release-by-
president-michel-president-von-der-leyen-and-chancellor-merkel/; посетено
16.09.2020;
European Commission (Press 01.07.2020): Commission draft negotiating frameworks for
Albania and North Macedonia;
https://ec.europa.eu/commission/presscorner/detail/en/IP_20_1021; посетено:
12.09.2020;
The European Council. Charles Michel, President of the European Council (14.09.2020).
достапно на:https://www.consilium.europa.eu/en/european-council/president/;
посетено на: 16.09.2020;
Европска комисија: EU paves the Way for a stronger, more ambitious partnership with
Africa. Достапно на:
https://ec.europa.eu/commission/presscorner/detail/en/ip_20_373; посетено:
12.09.2020
Европска комисија (2020): Financing the recovery plan for europe; достапно на:
https://ec.europa.eu/info/sites/info/files/factsheet_3_04.06.pdf; посетено: 08.09.2020
Европска комисија (2020): The EU Budget Powering: The Recovery Plan For Europe –
Factsheet.Достапно на : https://ec.europa.eu/info/sites/info/files/factsheet_1_en.pdf;
посетено: 08.09.2020;
Green light to accession talks with North Macedonia and Albania fulfils one of EU2020HR
priorities (25.03.2020). достапно на: https://eu2020.hr/Home/OneNews?id=227;
посетено: 12.09.2020
Infographic - COVID-19: €3.3 billion EU package for the Western
Balkans:https://www.consilium.europa.eu/en/infographics/economic-support-to-
western-balkans/; посетено на:10.09.2020;

16
Кирхнер М., Нечев З. Тилев Д. (2020). Да ја направиме цела Европа повторно силна.
Германското претседателство со Советот на ЕУ во 2020 година и импликациите
врз Северна Македонија. Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за
демократија “Социетас Цивилис” – Скопје.
Ригерт Б.(01.07.2020). Германското “сосема поинакво” претседавање со ЕУ. Достапно
на: https://www.dw.com/mk/%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC
%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE-
%D1%81%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BF%D0%BE
%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D0%B2%D0%BE%D0%BF
%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%
B0%D1%9A%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%B5%D1%83/a-53996570;
посетено: 10.09.2020
The Presidency Programme describes the guiding principles of Germany’s Presidency of the
Council of the European Union(2020); Достапно: https://www.eu2020.de/eu2020-
en/programm; посетено: 07.09.2020;
Тилев Д., Нечев З. (2020): Ѓаволот се крие во деталите: преговaрајќи го членството на
Северна Македонија во Европската Унија; Фондацијата Конрад Аденауер и
Институтот за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје.
“Together for Europe’s recovery”, The Programme for Germany’s Presidency of the Council
of the European Union (2020), Auswärtiges Amt,Berlin, достапно на:
https://www.eu2020.de/blob/2360248/e0312c50f910931819ab67f630d15b2f/06-30-
pdf-programm-en-data.pdf; посетено на: 07.09.2020
“Together for Europe’s recovery”, The Programme for Germany’s Presidency of the Council
of the European Union (2020), Auswärtiges Amt,Berlin, достапно на:
https://www.eu2020.de/blob/2360248/e0312c50f910931819ab67f630d15b2f/06-30-
pdf-programm-en-data.pdf ; посетено на: 10.09.2020
14, September: President Xi attends EU Summit, Leipzig,
https://www.thechinaagenda.com/sep-14-2020-president-xi-attends-eu-summit-leipzig/;
посетено на: 12.09.2020
Zagreb Declaration, 6 May 2020.достапно на:
https://www.consilium.europa.eu/media/43776/zagreb-declaration-en-06052020.pdf ;
посетено 12.09.2020;

17

You might also like