You are on page 1of 1

Подготовка за контролна задача

1. Кои од броевите се деливи и со 3 и со 10?


300, 411, 3210, 6100, 823110, 92340, 90410, 70000, 7101, 2070

2. Заокружи го бројот 2345,708 на:


a. на една децимала__________
b. на две децимали _________
c. на најблиска стотка _________

3. Бројот 42 разложи го на прости множители.

4. Дополни ја низата и определи го правилото:

2,1; ______; 4,9; 6,3; ______; ________ Правило ______________________________

5. Одреди ги најмалиот заеднички содржател на броевите 12, 30 и 18 и најголемиот


заеднички делител на броевите 28, 32 и 24.

6. Пресметај го бројниот израз: 910 : 4 – (16+11∙17)=

7. Пресметај го бројниот израз: 10,45 – 3,08 : 4 +1,05 ∙9=

8. Тијана собрала 5 албуми со 34 сликички, Бисера 3 албуми со 34 сликички, а Верче


еден албуми со 34 сликички. Колку вкупно сликички собрале другарките?

9. Марко и Дамир треба да поделат вкупно 2100 денари. Марко треба да земе двојно
помалку од Дамир. Колку пари треба да земе Марко, а колку Дамир?

10. Во една продавница биле донесени првиот ден 12,5kg банани, вториот ден 40,8kg
повеќе од првиот ден, а третиот ден двапати помалку од вториот ден. Колку вкупно
банани биле донесени трите дена во продавницата?

11. Исидора прочитала книга која има 326 страници. Првите четири дена прочитала
по 22 страници секој ден, а остатокот го прочитала точно за една седмица.

a. По колку страници читала во текот на седмицата ако подеднакво читала


секој ден?
b. За колку дена ја прочитала целата книга?

You might also like