You are on page 1of 12

РЕГИСТРАЦИЈА И ЛОГИРАЊЕ

Пред да започнете со учење, ќе треба да се регистрирате на веб страницата за да можеме да го


следиме вашиот напредок при полагањето на модулите од курсот, како и за да ве наградиме со
сертификат откако успешно ќе ги положите сите модули. Ќе треба да се регистрирате само првиот
пат кога ќе пристапите на веб страницата, а ќе треба да се логирате секој нареден пат кога ќе сакате
повторно да пристапите до курсот. И двете опции се достапни на првата страна на веб страницата во
горниот десен агол, означени во црвен правоаголник на сликата подолу. За да можете полесно и
побрзо да ракувате со веб страницата, особено доколку не сте доволни флуентни со англискиот јазик,
ве молиме да кликнете на знакот за јазик, означен во жолт правоаголник, каде што ќе можете да го
изберете вашиот јазик и да ја смените содржината на веб страницата на јазикот кој што ќе го
изберете.

КАКО ДА СЕ РЕГИСТРИРАМ?
За да се регистрирате, кликнете на копчето за регистрација Register на првата страна од веб
страницата. Ќе ви се отвори страна со содржина како таа што е претставена на сликата подолу. Ќе
треба да ги внесете бараните податоци во формуларот и сите полиња се задолжителни.

Ве молиме обратете посебно внимание при внесувањето на вашето име и презиме, затоа што ќе биде
напишано на сертификатот што ќе го добиете откако ќе го завршите курсот. Ние го пополнивме
формуларот подолу само за да го имате како пример.

Ќе бидете замолени да ја оставите вашата имејл адреса и да креирате корисиничко име, затоа што
ова ќе ви биде потребно кога ќе сакате да се логирате подоцна или во текот на курсот. Исто така, овие
податоци се многу важни во случај да треба да комуницираме со вас за заборавена лозинка, доколку
имате проблеми со курсот или со сертификатот и сл..
1
При креирањето на лозинката, треба да внесете комбинација од голема буква, мала буква, бројки и
интерпункциски знаци, за да биде безбедна вашата лозинка. Еве неколку примери:

Spring2019.. iLearn2019.
2019Course.
Ве молиме да не ги користите овие наведени примери кои се видливи за сите, туку да креирате
ваша лозинка. Под делот за внесување на лозинката ќе имате информација дали истата е доволно
безбедна.

Ве молиме да ја запаметите вашата лозинка или да ја запишете на некое место кое ќе ви виде
лесно достапно кога ќе треба да се логирате на веб страницата.

Ќе треба повторно да ја внесете вашата лозинка за да може системот да потврди дека сте ја
запомниле. Под делот за внесување ќе добиете известување дали двете лозинки се софпаѓаат или не.
Доколку не се софпаѓаат, ќе треба повторно да ги внесете.

Безбедноста на вашите податоци ни е од големо значење, и затоа следува уште еден чекор со кој се
докажува дека вие лично ги внесувате информациите, при што ќе треба да потврдите дека не сте
робот. Ќе треба да кликнете на полето од левата страна на изјавата „Јас не сум робот“ (I’m not a robot)
и ќе добиете задача која ќе треба да ја решите за да може да се комплетира вашата регистрација.
Подолу се приложени два примери.

Во првиот пример од вас се бара да кликнете на сите фотографии на кои има мост, а во другиот
пример да ги обележите сите фотографии на кои има семафор.

Задачите ќе бидат секогаш на англиски јазик, бидејќи серверот не може да ги преведе. Погледнете го
примерот во црвениот правоаголник подолу. Дадената слика ви покажува што треба да барате меѓу
останатите фотографии. Во овој случај станува збор за мост. Во вториот пример, дадени ви се
задебелени зборови (пр. traffic lights), во случај да не разбирате англиски. Можете да користите Гугл
транслејт (Google translate) или некоја слична онлајн алатка за преводот.

Откако ќе ја решите задачата кликнете на копчето за верификација.

2
Откако ќе ги пополните сите полиња, ќе ја внесете вашата лозинка и ќе потврдите дека не сте робот,
можете да кликнете на големото копче REGISTER најдолу на страната.

До формуларот, ќе најдете важни информации за вашата приватност и заштита на податоци. Ве


молиме да ги прочитате пред да се регистрирате на оваа страница, и на сите други на кои ќе се
регистрирате во иднина.

КАКО ДА СЕ ЛОГИРАМ?
Доколку не можете да го завршите целиот курс одеднаш, ќе треба повторно да се логирате за да
продолжите таму каде што сте застанале.

За да се логирате, пронајдете го копчето LOG IN на главната страница, во десниот горен агол,


обележан со црвен правоаголник на сликата подолу.

Откако ќе кликнете на копчето LOG IN ќе дојдете до страницата за логирање, која изгледа како
сликата подолу.

Во првото поле треба да ја внесете имејл адресата или


корисничкото име кое сте го креирале при регистрацијата,
а во второто лозинката (која сте ја запомниле или
запишале).

По пополнувањето на полињата, треба да потврдите


дека не сте робот (опис во „Како да се регистрирате?“).

Штом ги пополните сите полиња, кликнете на


копчето Log in за да пристапите кон модулите на
курсот.

3
ЗАБОРАВЕНА ЛОЗИНКА

Доколку за време на логирањето ги паметите имејл адресата или корисничкото име кои сте ги
користеле, но не и на вашата лозинка, не грижете се! Можете да ја промените лозинката преку
следните чекори.

Чекор 1

Одете на страницата за логирање (Log In).

Чекор 2

На страницата за логирање ќе најдете два линка, веднаш под


копчето Log in. Треба да кликнете на линкот „Forgotten your
password?“ (прикажано во црвен правоаголник на сликата
лево), кој ќе ве однесе до следниот чекор за промена на
лозинката.

Чекор 3

4
Штом стигнете до страницата „Reset your password“, треба да
ја внесете имејл адресата или корисничкото име кои сте ги
користеле за регистрацијата. На сликата лево можете да
видите пример, вие треба да ја внесете вашата имејл адреса.
Кликнете Submit, и ќе добиете имејл со инструкции за
промена.

Чекор 4

PSmith
Во вашето имејл сандаче ќе најдете порака од
курсот, која содржи URL адреса (прикажано
во црвениот правоаглоник на сликата лево).
Треба да го кликнете линкот, или да го
ископирате на вашиот интернет пребарувач и
да кликнете Enter. Ќе бидете пренасочени до
страницата каде што ќе треба да го кликнете
копчето Log in. Имајте предвид дека линкот
во имејлот има ограничен рок на траење, и
дека ако во иднина повторно ја заборавите
вашата лозинка, ќе треба да ја повторите
целата постапка.
Чекор 5

Штом пристигнете до страницата со сите ваши податоци, треба да ја повторите постапката за


креирање на лозинка (опишана во делот „Како да се регистрирате?“ во прирачникот) и да кликнете на
копчето Save најдолу на страницата.

5
ЗА ОНЛАЈН КУРСОТ ЗА МИКРО:БИТ

Курсот за Микро:бит се состои од 12 модули. Во секој модул има видео со


интерактивни прашања, кои ќе се појавуваат за време на курсот. Под секое видео има
краток опис за содржината, како и линкови до други веб страници и канали за повеќе
информации. Преку видеата, нашиот искусен презентер за Микро:битот, ќе ви ги
претстави основите и дополнителните задачи.

Содржина на модулите:

1. Запознајте се со уредот микро:бит и уредувачот на програмски блокови

2. Основни наредби.

3. Влезни и излезни наредби

4. Јамки за повторување, променливи и Булова логика

5. Звук

6. Икони и анимации

7. Математика, променливи и обработка на податоци

8. Игри

9. Блутут (Bluetooth) и радио

10. Пинови и надворешни уреди

11. Вам ви е редот

12. Употреба на Python

Треба да го изгледате секое видео и да одговорите на прашањата директно на екранот.


За да ги поминете модулите, треба на секој да имате најмалку 70% точни прашања.
Откако ќе ги завршите сите модули, ќе можете да го симнете вашиот сертификат од
страницата Learning programme.

КВИЗ ПРАШАЊА

Прашањата од квизот ќе се појавуваат на екранот за време на видеата, и вие ќе треба


да кликнувате на нив за да ги одговорите. Жолтите точки на екранот под видеото ги
претставуваат прашањата.
Прашањата ќе се појавуваат на вашиот екран. Треба да кликнете на нив за да можете да ги
одговорите. Некои ќе се појаваат за време на видеото, а некои ќе го паузираат истото.
Има неколку типови на квиз прашања кои ќе се појават за време на видеата.

Прашања со еден одговор – се прашања на кои има само еден точен одговор. Се

одговараат со кликнување на кругот пред одговорот и потоа кликнете на “Check”.

Некои видови на прашања може да се појават по неколку во редослед. Треба да кликнете


на answer, и потоа ќе ви се појави следното прашање.
Прашања со повеќе опции за точен одговор – се прашања на кои може да има два или
повеќе точни одговори. Можете да ги одговорите со кликнување на квадратчињата пред
одговорите, и потоа кликнете на “Check”.
Прашањата „влечи и спушти“(“drag and drop”) се состојат од неколку сликички, од кои
треба да изберете една за точен одговор. За да ги одговорите овие прашања, треба
избраната сликичка да ја влечете со глувчето до сивото поле, и потоа да кликнете
“Check”.

Откако ќе го одговорите прашањето, со кликнување на копчето Continue можете да


продолжите со видеото.
Откако ќе поминете еден модул, ќе ви се појави екран за да преминете на друг модул,
или опција за да го повторите истиот (доколку сакате подобар резултат).

Откако успешно ќе ги завршите сите модули, ќе можете да го симнете вашиот


сертификат. На екранот ќе ви се појави копче Download certificate, под текстот
Learning Programme.
ШТО ПРЕТСТАВУВА БРИТАНСКИОТ СОВЕТ

Британскиот совет е меѓународна организација од Обединетото Кралство за културни


врски и образовни можности. Ние градиме пријателство и разбирање помеѓу луѓето од
Обединетото Кралство и другите земји. Ова го правиме преку позитивен придонес во
Обединетото Кралство и земјите со кои работиме - менуваме животи преку создавање
на можности, градиме врски и доверба. Ова го правиме преку позитивен придонес во
Обединетото Кралство и земјите со кои работиме - менуваме животи преку создавање
на можности, градиме врски и доверба.

За кого е наменет онлајн курсот за Микро:бит ?

Онлајн курсот за Микро:бит е наменет за секој наставник: можете да ги научите


основите за кодирањето со блокови или да изнајдете начини за да ги
подобрите вашите наставни часови. Нема потреба да бидете искусен
наставник по информатичка технологија, ние обезбедивме содржина,
дополнителни идеи и материјал за да ви помогнеме. Како што ќе напредувате со
видеата, ќе добивате се што ви треба за да го завршите курсот.

Дали морам да креирам профил (account)?

Не можете да започнете со онлај курсот за микро:бит без креиран профил. Доколку сакате
да добите поексклузивна содржина и да продложите да учите, тогаш треба да имате
профил. Регистрацијата е бесплатна, брза и лесна.

Како да се регистрирам на онлајн курсот за Микро:бит?

Регистрацијата е лесна и соодветна. Можете да се пријавите со користење на


корисничко име и обезбедување на имејл. Повеќе за ова имате во делот Регистрација и
логирање.

Кога ќе го добијам мојот сертификат?

Откако ќе ги завршите сите модули со 70% или повеќе точни одговори, вашиот
сертификат ќе биде достпан за да го симнете. На сертификатот ќе го пишува името и
презимето кое што сте го внеле за време на процесот на регистрација. Документот ќе
се појави во PDF формат и можете и да го испечатите.

Кој е најдобар начин за да се гледа видеото на мобилен уред?

Наша препорака е да се користи уредот во landscape mode, затоа што така ќе се


прикаже на речиси цел екран и интерактивните прашања ќе се читаат појасно.

Дали мојата работа ќе биде зачувана?

Откако ќе се регистрирате, ќе имате свој личен профил со кој се следи вашиот


напредок низ сите модули, и се забележува колку модули сте поминале, како и вашите
резултати на точно одговорените прашања. Не треба да се грижите дека вашата работа
нема да биде сочувана.
11
Дали може да се обидам повторно да одговорам на прашањата?
Секако! Онлајн курсот за микро:бит е флексибилна платформа и ви дозволува
повторно да ги гледате видеата, или повторно да се обидете да одговорите на
специфичните прашања, за да бидете сигурни дека можете да учите и да ја
користите платформата кога вас ви одговара.

Дали треба да користам специфични уреди за да пристапам до веб страницата?

Онлајн курсот за микро:бит може да се користи на лаптопи, смарт телефони и


таблети, вклучувајќи Android and iOS уреди. За најдобро искуство како
корисник, ви препорачуваме интернет пребарувач како што се Chrome, Mozilla
or Safari.

11

You might also like