You are on page 1of 1

Доказ за познавање на германски јазик

При постапката за виза за најразлични цели за престој (приклучување кон семејство: кон брачен другар, деца од 16 години кон родители, работна виза за здравствени
професии и сл.) апликантите треба да докажат дека поседуваат познавања на германски јазик на А1, А2, Б1, Б2, Ц1, Ц2 ниво, во согласност со Заедничката Европска
референтна рамка за јазици на Советот на Европа. Како доказ, уште при поднесување на барањето за виза мора да се приложи јазичен сертификат, кој е издаден врз
основа на стандардизиран јазичен испит според „Асоцијација на јазични центри за тестирање во Европа (АЛТЕ)”, („Association of Language Testers in Europe (ALTE)”).
Информација околу потребното ниво на познавање на германски јазик за соодветната цел на престој ви е достапна во соодветниот информативен лист. Во Република
Северна Македонија лиценца за издавање на соодветен јазичен сертификат поседуваат следниве институти:
Goethe-Institut (Гете Институт) Универзитет на Југоисточна Eвропа
бул. 8 Септември 18-1/5, 1000 Скопје Технолошки парк 700, Илинденска 335, 1200 Тетово
Тел./факс: +389 2 3121 604 моб.: +389 71 784 185
е-пошта: info-skopje@goethe.de е-пошта: german.language@ecenter.com.mk
интернет: https://www.goethe.de/ins/mk/de/index.html интернет: https://www.osd.at/
Училиште за јазици ЛингваЛинк
Васил Ѓоргов 33, 1000 Скопје
Тел./ факс: +389 2 322 57 55, +389 2 322 2189; моб.: +389 75 328 855, +389 70 212 129
е-пошта: LinguaLink@on.net.mk , lingualink2002@gmail.com
интернет: www.lingualink.com.mk
Термини за јазични испити како и информации за содржината и нивото на испитот Ви се достапни телефонски или на веб-страните на лиценцираните иснтитути. Каде и
како ќе се изучува германскиот јазик е ирелевантно. Веродостојноста, актуелноста и исправноста на јазичниот сертификат како и нивото на познавање на германскиот
јазик на барателот секако ќе биде проверено од страна на одделот за виза.
Исто така НЕ може да се прифатат јазични сертификати за делумно положени јазични индивидуални вештини/модули „зборување, пишување, читање, слушање“, туку
само јазични сертификати кои ги вклучуваат сите 4 вештини/модули. Ве молиме имајте во предвид дека јазичниот сертификат на денот на поднесување на барањето НЕ
смее да биде постар од 1 година. Постари јазични сертификати начелно не се прифаќаат.
При постапката за виза ВАЖАТ и СЕ ПРИФАЌААТ САМО следните јазични сертификати, без разлика дали се издадени во Република Северна Македонија или во
друга земја:
– сертификат од Гете Институтот, (Goethe-Institut e.V.),
– сертификат на Телк, (Telc GmbH),
– сертификат на ÖSD, (австриска јазична диплома, Österreichisches Sprachdiplom ÖSD).

Сите други сертификати како и потврди од училишта за јазици, кои само го потврдуваат учеството на јазичен курс, НЕ СЕ ПРИФАЌААТ при постапката за виза.
Stand: Mai 2020
Адреса: работно време на визното одделение: визно одделение:
ул. Леринска 59 понеделник – петок: 08:00 – 11:00 часот интернет: www.skopje.diplo.de
1000 Скопје подигање на визи: е – пошта: visa@skop.diplo.de
понеделник – четврток: 15:00 – 15:30 часот закажување на термин: www.skopje.diplo.de
петок: 12:00 – 12:30 часот факс: 00389-2-3093-888

You might also like