You are on page 1of 1

ДЕТАШИРАНИ РАБОТНИЦИ

(§29 Abs. 1 BeschV)

Термини можат да се закажат само онлајн преку нашата веб-страна. Барањето се поднесува само лично.
Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра, односно 35,- евра за престој под 90 дена.
Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии.

При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви).
 2 биометриски фотографии од понов датум.
 Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии, како и истечените пасоши на увид.
 Работна дозвола од Заводот за вработување во Штутгард – Werkvertragsarbeitnehmerkarte, во оригинал и 2 копии.
 Договор за работа, во оригинал и 2 копии.

При престој над 90 дена се доделува национална виза (Д-виза) за вработувањето во Сојузна Република Германија. Престојот во Германија може да
се продолжи во надлежната служба за странци за најмногу 2 години. За влез во Германија со нова работна дозвола (Werkvertragsarbeitnehmerkarte) може
да се додели нова виза само по одредено време на чекање.

 При претходен престој во Германија до 9 месеци времето на чекање изнесува 3 месеци.


 При претходен престој во Германија преку 9 месеци времето на чекање е еднакво со претходниот временски период на престој.

При краткотраен престој под 90 дена се доделува Ц-виза за вработувањето во Сојузна Република Германија.

Ве молиме обрнете внимание: Покрај наведените документи во одредени случаи може да се побараат и дополнителни документи.

Stand: Mai 2020

Адреса: работно време на визното одделение: визно одделение:


ул. Леринска 59 понеделник – петок: 08:00 – 11:00 часот интернет: www.skopje.diplo.de
1000 Скопје подигање на визи: е – пошта: visa@skop.diplo.de
понеделник – четврток: 15:00 – 15:30 часот закажување на термин: www.skopje.diplo.de
петок: 12:00 – 12:30 часот факс: 00389-2-3093-888

You might also like