You are on page 1of 1

Џексон Полок

Џексон Полок е значаен претставник на Њујоршката


школа.Тој во 1940 се свртел кон апстрактната
уметност, развивајќи лична техника што му давала
целосна спонтаност и случајни ефекти. Тој бил
уверен дека сликата живее со сопствен живот, а за
да се постигне тоа треба да се биде во тесен контакт
со платното. Неговата слика не е поставена на
штафелај, туку платното е поставено или на под или
на ѕид, а уметникот пак не се наоѓа пред сликата,
туку внатре во неа. Правејќи синхрони движења, ја
плискал бојата од кантите по платното правејќи
мрежа од плискани траги. Инспириран од
емоцијата во моментот или со повикување на
својата меморија, Полок оваа техника ја нарекол
„метод на плискање“ (dripping) која ја применил
првпат во 1946. Харолд Розенберг уметноста на
Полок ја нарекува гестуално или акционо
сликарство. Благодарение на овој автор,
американската уметност за првпат ќе добие примат
во светската уметност.

You might also like