Виножитото

You might also like

You are on page 1of 2

Виножитото,неговите бои и значење

Виножитото е едно од најубавите појави во природата,


доколку ги оттргнеме објаснувањата на физиката, личи на
вистинска магија на небото. Но, сте се запрашале кое е
значењето на боите на виножитото?

Црвена
Црвената е една од најсилните бои на виножитото. Симболизира страст, енергија и самодоверба.
Затоа е најзастапената боја на Денот на вљубените. Во Кина невестите носат црвени фустани
бидејќи за нив црвената боја е синоним за среќа.

Портокалова
Топла боја која буди чувство на среќа. Портокаловата асоцира на добри манири и добра
комуникација, гордост и самоконтрола.

Жолта
Може да се рече дека жолтата боја е извор на инспирација за уметниците. Доколку ви снема
инспирација опкружете се со жолти предмети или облечете се во жолтa облека. Оваа уникатна
боја на виножитото асоцира на надеж и добро расположение.

Зелена
Боја на пролетта која асоцира на преродување, хармонија и промена. Исто така означува
балансирање на емоциите и срцето.

Сина
Сината е боја која смирува и буди мир. Обојувањето на вашата соба во оваа боја ќе ве релаксира и
опушта секој ден. Асоцира на лојалност и мудрост.
Темно сина

Асоцира на интуиција и одговорност, проследена со идеализам. Оваа боја ги опишува мирните луѓе
кои мразат конфликти и проблеми.

Виолетова
Не може а да не ја обожавате мистериозноста која ја има оваа прекрасна боја. Асоцира на
фантазија, емпатија и креативност. Луѓето кои ја сакаат оваа впечатлива боја на виножитото се
емотивни и имаат добро срце.

You might also like