You are on page 1of 1

ЦАРОТ И ОРАЧОТ – ПРЕРАСКАЖУВАЊЕ

Еднаш еден цар решил да излезе низ царството за


да види што прави народот. Царот со него ги зел и
неговите министри – советници. Набргу сретнале
еден орач, па царот му поставил три чудни
прашања, а орачот му одговорил одма и без
думање. Кога си заминале од кај орачот царот ги
прашал министрите дали го разбрале разговорот со
орачот. Тие рекле НЕ. Царот им се заканил дека ќе
ги избрка од царскиот двор ако не дознаат.
Министрите никако не можеле да ги разберат
одговорите од орачот па затоа решиле да појдат кај
него за да го прашаат. Орачот им рекол дека само
ако му дадат златници дека тогаш ќе им каже. Така
и било, но кога ги слушнале одговорите си
заминале засрамени и понижени.
Орачот по некој ден отишол кај царот и му кажал
дека министрите биле кај него и дека му дале многу
златници за да им ги каже одговорите. Царот се
налутил и веднаш ги отпуштил неспособните
министри и му се заблагодарил на орачот. Од тој
ден орачот станал советник на царот.

You might also like