You are on page 1of 1

ЦАРОТ И ОРАЧОТ

Си живеел еден цар и еден ден заедно со своите министри тргнал помеѓу
народот да види што се случува. Оделе така заедно и поминале низ многу градови и
села, но и покрај еден орач.

Царот и министрите го поздравиле орачот со Добар ден, а царот му поставил


две прашања: Дали планината одамна е покриена со снег? и Дали може да ги острижи
овните? Орачот му одговорил на царот, а царот и министрите продолжиле по патот.
Малку потоа царот ги прашал министрите: Дали знаете што го прашав орачот и што тој
ми одговори? Министрите се замислиле и одговориле дека незнаат. Царот им рекол да
размислат и да му кажат, а ако не му кажат ќе ги отпушти од работа и на нивно место
ќе го земе орачот. Царот си заминал и ги остави министрите замислени. Тие не можеле
да се сетат и решиле да го прашаат орачот. Орачот им ветил дека ќе им каже, но да му
ги дадат своите жолтици и тие се сложиле. Одговорите биле, побелената коса на
главата на орачот и острижувањето на овните е земањето на жолтиците на министрите.
Министрите се засрамиле и си тргнале накај царот.

Министрите му ги кажале одговорите на царот и му предложиле, да не ги


отпушта од работа туку за главен министер да го стави орачот, а тие од орачот да
учат мудрости. Царот се сложил бидејќи со предлогот ќе направел две добри дела.

Прераскажала Петра Ласкова 4а одд

You might also like