You are on page 1of 4

ВТОРА НАРАЦИЈА

Почитувани,

Тековнава 2021 година е прогласена за Година на Блаже Конески, затоа што


ни носи уште еден голем јубилеј: 100 години од раѓањето на Блаже Конески,
нашиот реномиран лингвист, книжевник, врвен и ненадминлив македонски
поет и патриот, прв претседател на МАНУ, прв претседател на реномираното
Друштво на писатели на Македонија, ректор на Универзитетот Св. Кирил и
Методиј, славен кодификатор на македонскиот литературен јазик и автор на
првата научна граматика на македонскиот литературен јазик. Покрај
националното одбележување, со оглед на големината на делото на Конески
истото ќе се чествува и во рамки на годишната програма на УНЕСКО.

150 години пред раѓањето на Блаже Конески е роден Кирил Пејчиновиќ-


Тетоец. Ова не води кон мислата дека ништо не е случајно и ништо не
станува преку ноќ. За една идеја да доживее вистинска реализација,
потребно е напластување на многугенерациски придонес. Она за кое што
копнееше и сонуваше Пејчиновиќ, на врвно академско ниво го реализираше
Конески. Тие чекорат по истиот пат, нивните пориви се со иста суштина и иста
цел. Целта е остварена, па со право ќе речеме дека кога македонецот
зборува за Кирил Пејчиновиќ и за Конески треба да стои простум, со почит,
како на интонирањето на македонската химна. Оти историјата ни потврди
дека ретко се раѓаат личности од ваков ков, ваков габарит, луѓе пред своето
време, визионери и родољуби.

Блаже Конески е вистински мајстор на зборот. За него зборот е се.


Навлегувајќи во самата суштина на кажаното, Конески, како под рентген-
зраци го открива дури и најмалечкото значење на секој негов дел. Во своите
научни анализи Конески честопати го проучувал Кирил Пејчиновиќ.
Задлабочен во сите зборови, изрази, па дури и во психолошката нишка на
поривите на Лешочкиот игумен, Конески ни открива едно цело широко поле
во кое се гледа значењето и габаритот на просветителот.
Така Конески потенцира:

,, Посебно место му припаѓа на Кирила во однос на оформувањето на


нашиот писмен јазик. Имаше и пред него извесна подготовка за
пригодување на народниот јазик за книжевна употреба. Но тој е првиот
што му дава звучење на стилски лична доживеаност. Кирил е роден
стилист, типичен изразител на она што ја чини душата на простонародното
кажување. Неговата реч донесе емоционално доживеано жижнување. ‘‘

За Конески, не е туѓа вредноста на народниот говор. Вредноста на народниот


израз во почетоците на просветителството во Македонија, тој го препознава
како иницијациско жарче за една нова ера на науката за јазикот. Уште
повеќе, делата како,, Огледало ‘‘, ,, Утешением грешним ‘‘ и ,, Слово за
празниците ‘‘ се една слика за живиот македонски говор кој активно се
користел при црковните проповеди и во секојдневнието. Заради ова,
Конески ќе забележи:

,,Покрај Цепенков тој е несомнено кај нас најблизу сврзан со душата на


простонародната реч, со тајните и изненадите на нејзината ритмика и
сликовитост. Вистина, кажувањето му е сето ишаркано со
црковнословенизми, но тие му идат како чад од лулето на некој старец што
држејќи го в уста си ја кажува непречено својата приказна. ‘‘

Темпераментот на Кирил Пејчинвоќ е отсликан преку следниве сборови на


Конески: ,,Му лежела нему простата реч, тоа е очевидно, знаел за себе дека
се подгрева на некаков внатрешен жар неговото кажување. Но, тој сепак ќе
прибегнува често и кон црковнословенски цитати од Библијата, за да му
даде на тоа кажување имено печат на авторитетна уверливост... Добро го
познава Кирил својот противник, селскиот лисец што се прави недоветен,
што си го знае и си го тера своето. Му ги знае слабите страни , но му ја
познава и неподатливоста на разумна поука, тврдоглавоста,
неразбирштината. Го лути непослушивоста на оној за чие добро тој си ги
корне градите, го прави јадовит, го тера да го исчека со извесно
задоволство моментот кога со полно право, а особено поради самото тоа
што е за негово добро, ќе може да му упати некоја закачка, досетка,
јадовита забелешка па и тежок збор. Кирил укажува како што се гледа на
заинтересираноста за Бога како партнер во една обострана спогодба. ‘‘

Конески ја цени навидум простата форма на епитафот на надгробната плоча


на Кирил Пејчиновиќ. Токму тука Конески гледа една полнота на зборот, иако
врежан во камен, сепак жив, целовит , постојан и јасен. Едноставниот исказ
како да отскокнува од дводимензионалноста на подлогата врз која е вклесан
и се поткрева над просторот и времето. Потписот на Кирил е трајно втиснат
во каменот, но и во колективната меморија и ако таков, зачуван е од
заборав. Затоа Конески ќе рече: ,, Отимање од мракот на анонимноста,
копнеж да се одбележи личноста во својата средина и во споменот на
потомството – тоа е така видлива ознака на животниот пат на овој наш
калуѓер. Преку него првпат можеме во нашата книжевна историја со
доволно податоци да го следиме самоутврдувањето на личноста. Заедно
со тоа првпат ни се оцртува проблемот на судбината на културно
дејствувачката личност во една заостаната средина. ‘‘

И не малку време е поминато од она тешко време на скромниот Кирил до


колосалниот Конески. Но сепак, таа временска нишка спојува две идеи во
едно дело со континуитет. Конески ова многу убаво го кажува со следните
зборови:

,, Времето на Кирила е кај нас време на повидливо изразување на некои


процеси што водат постепено кон преустројство на економските,
културните и етичките односи во нашето општество во текот на минатиот
век. Со бавното, но неизбежно вклучување на Отоманската империја во
процесот на европскиот капиталистички развиток се случува и преобразба
во нова варијанта на граѓански живот. Неиздигнат уште до нешто повисоко
во културна смисла нашиот човек влегува во тој процес со она што го има,
што му е оставено од дедо и прадедо, а тоа има израз како никогаш
претходно. ‘‘

Кон ова можеме само да додадеме: времето на Конески е надоврзување на


просветителството на Пејчиновиќ. Едниот со проста реч го запалил жарчето
на просветителството, а другиот го втемелил како код на македонскиот јазик
на академско ниво.

Заради ова нивно дело можеме и мораме да речеме - Ви благодариме !

You might also like