You are on page 1of 28

Европа во движење

Борба против климатските промени


ЕУ го предводи патот

Европска Унија
Европска Комисија

Борба против климатските промени


ЕУ го предводи патот

Серијал Европа во движење

2008 – 24 pp. – 16.2 3 22.9 cm

Оваа брошура и други куси, јасни објасненија за ЕУ можете да најдете он-лајн, на:
ec.europa.eu/publications

Европска Комисија
Генерален директорат за комуникации
Публикации
B-1049 Брисел

Ракописот е завршен во септември 2007 и ажуриран во септември 2008

Илустрација на насловната страница: © iStockPhoto­­­

Луксембург: Канцеларија за официјални публикации на Европските Заедници, 2008

ISBN 978-92-79-13823-2
DOI 10.2775/14494

© Европски Заедници, 2008


Репродукцијата е дозволена

Печатено во Поранешна Југословенска Република Македонија


Борба против климатските промени
ЕУ го предводи патот
Содржина

Закана и предизвик 3

Патот напред: интегриран одговор 5

Надградување врз наште постигања 10

Придонес на енергетската политика 13

Улогата на технологијата 21

Намалување на својот јаглероден отпечаток 22

За натамошно читање 24

2
Закана и предизвик

Климатските промени се една од во текот на изминатите 10 000 годи-


најголемите закани со кои се соочу- ни, сè до индустриската револуција.
ва планетата. Доколку температура- Од 1850, првиот датум од кој има
та на Земјата се покачи за повеќе од конзистентни точни мерења, тем-
2°C над пред-индустриските нивоа, пературата порасна за 0.76°C. Ако
последиците може да се несоглед- не преземеме нешто, веројатно е
ливи. Областите на ниски надмор- дека таа ќе порасне и за натамош-
ски височини, вклучувајќи големи ни 1.8–4.0°C во текот на овој век,
делови од бројни европски земји, а можеби дури и до 6.4°C, според
би можеле на крајот да исчез- меѓународен панел на научници
нат под растечкото ниво на море- свикан од страна на Обединетите
то. Понатаму, во бројни делови од нации (ОН). Во тек е трката да се
светот нема да има доволно свежа спречи светот да ја достигне точ-
вода. Екстремните временски непо- ката за којашто се верува дека е
годи, кои предизвикуваат физичка пресвртна, пораст од 2°C. Таа трка
и економска штета, ќе станат поче- најверојатно ќе се загуби, докол-
сти, а економиите може да опаднат, ку глобалните емисии не се стаби- Со поекстремни клими,
заради трошоците за справување лизираат најдоцна до приближно Венеција не е единстве-
со инаквата клима. 2020, а потоа да се намалат на око- на која ќе мора да ја подо-
Просечната температура на земјата лу половина од нивните нивоа од бри својата заштита од
беше, во најголема мерка, стабилна 1990, најдоцна до 2050. поплави
© Belga

3
Борба против климатските промени

Зошто се менува климата?

Атмосферата содржи водена пареа, јаглерод диоксид и други природно присутни гасо-
ви, коишто овозможуваат сончевата светлина да продре, но ја апсорбираат топлината која
земјата ја зрачи назад. Овој природен процес, наречен „ефект на стаклена градина“ ја
одржува Земјата на температура која поддржува живот. Без него, глобалната просечна тем-
пература би изнесувала неподносливи – 18°C.

Сепак, човековите активности, како што е горењето на фосилни горива и уништувањето на


шумите за да се создаде обработлива почва, го зголемуваат нивото на јаглерод диоксид и
другите супстанци кои задржуваат топлина во атмосферата. Додатокот на овие стакленич-
ки гасови го зајакнува природниот ефект, со што земјата станува сè потопла и климата се
менува.

Решението лежи во намалувањето на глобалните емисии на стакленички гасови, особе-


но јаглерод диоксидот. Тоа значи дека треба подобро да се користат природните ресурси.
Фосилните горива – нафта, гас и јаглен за електрична енергија, греење, ладење и транспорт
– се главни извори на емисиите на стакленички гасови. Треба да согоруваме помалку од нив,
а и да ги гориме поефикасно. Истовремено, важно е да се спречи јаглерод диоксидот да исте-
че во атмосферата, на пример, така што тој ќе се ‘зафати’ штом ќе се произведе, а потоа да
се чува под земја, во осиромашени гасни полиња или во пештери за сол.

Исто така, суштествено за справувањето со климатските промени е да се сврти текот на


обесшумувањето, особено исчезнувањето на тропските шуми, кои делуваат како одводи за
јаглеродот. Шумите го впиваат јаглерод диоксидот кога растат, но го испуштаат кога ќе се
исечат.

Има и други нешта коишто придонесуваат за глобалното затоплување, како што се метанот
испуштен од земјоделието, како и фрлањето ѓубре на депониите или емисиите предизвика-
ни од прекумерното користење на ѓубрива, но главни виновници се користењето гориво и
обесшумувањето.

4
Патот напред: интегриран одговор
­

Патот напред за ЕУ се интегрира- емисии на стакленички гасови ќе


ни политики за енергетика и кли- треба да престанат да растат во
матски промени, зашто горењето рок од 10 до 15 години, а потоа да
на фосилни горива е главен фак- се смалат на приближно полови-
тор којшто придонесува кон кли- на од нивото од 1990 до 2050. ЕУ
матските промени. Лидерите на ЕУ се стреми кон нов светски дого-
одобрија такви политики уште во вор за да се постигнат овие цели.
март 2007. Со ова се покажува гло- Како прв чекор, таа смета дека
балното лидерство на Европа во индустријализираните земји треба
справувањето со климатските про- колективно да ги намалат своите
мени, а истовремено се поплочува емисии на стакленички гасови на
патот за ЕУ да ја зголеми безбедно- 30% под нивоата од 1990 до 2020.
ста на снабдувањето и да ја зајакне Земјите во развој, како Кина и
својата конкурентност. Индија, исто така, треба да почнат Повеќе информа-
да го ограничуваат растот на свои- ции за интегрирани-
Интегрираната политика за енерге- те емисии. от одговор на ЕУ на :
тика и климатски промени сигнали- http://ec.europa.EU/
зира почеток на нова индустриска За да ја потцрта својата решеност и climateaction/
револуција, за да се трансформи- да даде пример кој нејзините пар-
ра начинот на којшто ја произведу- тнери ќе го следат, ЕУ се согласи
ваме и користиме енергијата, како да ги намали своите емисии на ста-
и типовите на енергија коишто ги кленички гасови за најмалку 20%
користиме. Целта е да преминеме до 2020, без оглед што ќе напра-
во економија која е пријателска за ват другите земји. ЕУ планира да
климата, еколошка, врз основа на го постигне ова намалување преку
комбинација на нискојаглеродни акциите програмирани во новата
технологии и извори на енергија. интегрирана политика за енергија
и клима, заедно со мерките коиш-
За да се ограничи глобалното то се веќе воведени.
затоплување на 2°C, глобалните

Согорувањето јаглен
за производство на
електрична енергија
е особено штетно за
© Van Parys Media

климата.

5
Борба против климатските промени

ници за сол – за со тоа да се даде


Лидерите на ЕУ одлучија:
голем придонес во намалувањето
емисии до 2020;
• да се заштедат 20% од потрошу-
• подобро да се интегрираат енер-
вачката на енергија во според-
гетските пазари на ЕУ, односно да
ба со проекциите за 2020, пре-
се премине кон поконкурентни
ку подобрување на енергетската
пазари на струја и гас на ниво на
ефикасност;
цела Европа;
• до 2020 да се зголеми за 20%
• енергетската политика на ЕУ да
уделот на обновливи енергии
се интегрира подобро со други-
во севкупната потрошувачка на
те политики; не само со полити-
енергија со што речиси тројно би
ката за животна средина, туку и
се зголемило сегашното ниво;
со политиките како истражување,
• до 2020 да се зголеми десеткрат-
земјоделие и трговија;
но — на најмалку 10% — уделот на
• да се зголеми меѓународната
обновливите горива вклучувајќи
соработка: доколку ЕУ може да
ги и биогоривата, во севкупната
заземе заеднички пристап кон
потрошувачка на бензин и дизел.
енергетиката и да го артикулира
Сите биогорива – без оглед дали
со заеднички глас, таа може да ја
се произведени во ЕУ или увезе-
предводи глобалната дебата.
ни – мора да се произведени на
одржлив начин. Ќе бидат даде- Во јануари 2008, Европската
ни стимулации за развој на био- Комисија презентираше специфич-
горива од отпад, остатоци и други ни предлози за политиките за горе-
непрехранбени извори; наведените решенија, за ЕУ — како
• да се развијат и промовираат тех- и нејзините граѓани — да се поста-
нологии со ниска или дури и нул- ват на вистинскиот колосек во бор-
та емисија, вклучувајќи фаќање бата против климатските проме-
и чување на јаглеродот за да се ни, во зголемувањето на сигурно-
спречи CO2 да влезе во атмос- ста на снабдувањето со енергија
ферата, преку негово фаќање и и промовирањето на континуиран
чување под земја во осиромаше- економски растеж.
ни гасни полиња или во стари руд-

Побрзо и почи-
сто е со воз:
намалувањето еми-
сии од возилата е
© Deutsche Bahn

клучно во борбата
против климатски-
те промени.
6
Што велат научниците
Во изминатите 100 години просечната температура порасна за речиси 0.74ºC ширум
светот. Европа се загрева побргу од глобалниот просек: температурата порасна за око-
лу 1ºC. Дванаесет од 13-те најтопли години на светско ниво, од кога започна прецизно-
то документирање, во 1850, беа меѓу 1995 и 2007. Ефектите од растечките температури
сега може да се согледаат преку топењето на глечерите и арктичкиот мраз, промените кај
обрасците на дожд и снежните врнежи, посуровите суши и жешки бранови, како и пого-
лемиот интензитет на тропските циклони.

Бројни експерти веруваат дека глобалното затоплување мора да се ограничи на не повеќе


од 2ºC над пред-индустриската температура за да може да се спречи климатските проме-
ни да имаат неповратни ефекти. Доколку не се преземе нешто, консензус во науката е
дека веројатно просечната температура во светот ќе порасне за 1.8ºC до 4ºC над денеш-
ните нивоа во текот на овој век, а во најлош случај дури и за 6.4 ºC.

Меѓу 1970 и 2004 дојде до 70% зголемување на емисиите на стакленичките гасови. Во


секторот на снабдување со енергија, порастот беше 145%. Порастот од сообраќај беше
120%, а од индустријата 65%. Имаше и 40% зголемување поради намалениот капацитет
на шумите да ги задржат емисиите на јаглерод диоксид, а и како резултат на промените
во користењето на земјиштето.

Меѓународен форум одговорен за проценка на научните докази за климатските проме-


ни и нивните ефекти е Меѓувладиниот панел за климатски промени, основан во 1988.
Панелот, заедничка иницијатива на Програмата за животна средина на Обединетите
нации и Светската метеоролошката организација ги проценува научните, техничките и
социоекономските информации релеватни за разбирање на ризикот од климатски про-
мени предизвикани од човекот. Во изготвувањето проценка се вклучени стотици водечки
експерти од целиот свет. Од 1990, Меѓународниот панел изготви четири извештаи за про-
ценките, од кои најскорешниот во 2007. Неговата увереност дека стакленичките гасови се
виновни за промените во климата постојано растеше, со секој извештај.

7
Борба против климатските промени

За доброто на идните ги намалат своите вкупни емисии


генерации за 30% до 2020, годишниот еко-
номски растеж би се намалил за
Борбата против климатските про- помалку од 0.2%.
мени веројатно ќе предизвика зна-
чителни промени во нашите сти- Ова би било ниска цена која
лови на живеење, но тоа не зна- би се платила за да се одбегнат
чи жртвување на нашиот животен потенцијалните долгорочни трошо-
стандард. Промените се совршено ци на климатските промени; покрај
компатибилни со приоритетите на ова, тука и не е земена предвид
ЕУ - работни места и растеж, како и вредноста на другите придобив-
со одржливиот развој. ки, како што е намалената зага-
деност на воздухот, безбедноста
Трошоците на оваа акција ќе бидат на снабдувањето со енергија по
мошне ограничени, а во секој предвидливи цени и подобрена-
случај многу пониски од трошоците та конкурентност преку иновации.
на штетата којашто ќе ја предизви- Во пракса, економските трошоци
каат климатските промени докол- од намалувањето на емисиите ќе
ку не се преземе ништо. Доколку бидат повеќе од надоместени со
развиените земји се согласат да овие придобивки.

Без акција сега, за


идните генерации
© Bilderbox

скијањето може да
стане само дел од
историјата.

8
Емисии на стакленички гасови по глава на жител во земјите-членки на ЕУ,
1990 и 2006

Извор: ЕК­­­

9
Борба против климатските промени

Надградување врз нашите


постигања
ЕУ не започнува од нула во Протоколот од Кјото
справувањето со климатските
промени. Таа веќе бројни годи- Протоколот од Кјото е договорен
ни сè повеќе ги јакне своите мер- во 1997. Тој утврди цел за развие-
ки за зголемување на енергетска- ниот свет како целина, да ги нама-
та ефикасност, ограничување на ли своите емисии на стакленички
емисиите од фабриките и автомо- гасови просечно за 5.2% меѓу 1990
билите, како и поттикнување на и 2012. Петнаесетте земји кои беа
заштедите на енергија. Правилата членки на ЕУ во тоа време отидоа
за рециклирање и ограничување и подалеку и се обврзаа колектив-
на користењето на локациите на но на 8% намалување на нивни-
депониите, исто така, придонесу- те емисии. Протоколот, исто така,
ваат кон намалување на количе- создаде флексибилни пазарни
ството јаглерод емитирано од ЕУ, механизми, вклучително трговија
познато како „јаглероден отпеча- со емисиите, за да се помогне на
ток“. Седмата рамковна програ- индустријализираните земји да
ма за истражување и технолошки ги постигнат овие намалувања со
развој е последна во низата истра- најмали трошоци и да се поттикнат
жувачки програми на ЕУ кои става- инвестиции во чисти енергетски
ат зголемен акцент на животната проекти во земјите во развој и еко-
средина, чиста и ниско-јаглеродна номиите во транзиција.
енергија и климатските промени.
Иако САД го немаат ратификува-
Над сè, ЕУ е веќе длабоко навлезе- но протоколот, па оттука и не при-
на во програма осмислена за да ги донесуваат формално кон целта,
намали емисиите за 8% до 2012. ЕУ отпочна конкретни мерки за да
ЕУ се обврза на оваа цел во рам- ги постигне своите количини на
ки на таканаречениот Протокол од емисии, коишто го земаат предвид
Кјото - Рамковната конвенција на нивото на индустриски и економ-
Обединетите нации за климатски ски развој на секоја од земјите.
промени. Повеќето земји кои се придружија
на ЕУ од 2004 наваму, имаа инди-
видуални таргети договорени спо-
ред Протоколот од Кјото, кога тие
сè уште беа надвор од ЕУ.

10
Досегање на целите најважната политика разработена
од Европската програма за кли-
Програмата за помош на ЕУ и матски промени е шемата на ниво
нејзините земји - членки да ги на ЕУ за тргување со емисии на ста-
досегнат своите зацртани количи- кленички гасови (видете текст на
ни на емисии според Протоколот страна 12).
од Кјото се нарекува Европска ЕУ успеа да ја раскине врската
програма за климатски проме- меѓу економскиот растеж и емиси-
ни. Управувана од Европската ите на стакленички гасови. Додека
комисија, Програмата досега дове- економијата на ЕУ порасна меѓу
де до разработка на околу 40 поли- почетната година 1990 и 2006, сев-
тики на европско ниво и мерки за купните емисии на нејзините 27
намалување на емисиите на ста- земји членки паднаа за 10.8%. За
кленички гасови. Тоа ги надопол- 15-те ‘постари’ земји-членки (ЕУ-
нува активностите коишто ги пре- 15), падот во емисии изнесуваше
земаат поединечните земји-членки 2.7%. Ова охрабрува, но треба да
на внатрешно рамниште. Мерките се стори уште многу за да се досег-
на ниво на ЕУ опфаќаат енергет- не целта на ЕУ-15 за намалување од
ски стандарди за градба и закони 8%. Најновите проекции на идни-
за ограничување на користењето те емисии покажуваат дека оваа
на определени индустриски гасо- цел може да се досегне, под услов Инсталирањето турбини
ви со мошне висок ефект врз гло- земјите на ЕУ навистина да ги спро- на ветер ќе стане сé поче-
балното затоплување. Далеку ведат сите планирани акции. ста глетка во иднина.
© Van Parys Media

11
Борба против климатските промени

Иновативен механизам
Камен темелник на стратегијата на ЕУ за борба со климатските промени е Аранжманот на
ЕУ за тргување со емисии, покренат во јануари 2005. Тоа беше прв меѓународен систем
за тргување со емисии на CO2 и тој стана главен двигател зад рапидната експанзија
на тргување со јаглерод ширум светот. Тргувањето со емисии помага да се обезбеди
намалување на емисии по најниска цена.

Овој Аранжман во моментов опфаќа околу 11 600 инсталации во секторите енергетика


и индустрија, кои се заедно одговорни за близу половина од емисиите на CO2 на ЕУ. Со
дефинирање на цена на јаглеродните емисии на овие инсталации, аранжманот создава
постојан поттик компаниите – учеснички да ги минимизираат емисиите во најголема мож-
на мерка.

Под овој аранжман, националните власти во секоја земја - членка на ЕУ определуваат


број на „дозволи“ за емисии за секоја инсталација. „Врвот“ или лимитот на вкупниот број
дозволи ја создава неопходната недостатност за пазарот да функционира. Компаниите
кои ги држат своите емисии под нивото на нивните дозволи може да ги продадат дозволи-
те коишто не им требаат. Оние кои се соочуваат со тешкотии во придржувањето кон сво-
ите дозволи мора или да преземат мерки да ги намалат сопствените емисии (на пример,
преку инвестирање во поефикасна технологија или користење на помалку јаглеродно-
интензивни извори на енергија), или дополнително потребните дозволи да ги купат на
пазарот – со што, всушност, плаќаат на друга компанија за тоа што ги намалува емисии-
те на нивна сметка.

Компаниите опфатени со Аранжманот, исто така, можат да користат кредити на еми-


сии генерирани од проекти за заштеда на емисии во земји кои не се членки на ЕУ. Ова
е организирано според механизмот за чист развој според Протоколот од Кјото, како и
Инструментот за заедничка примена. Побарувачката за вакви кредити е силен двигател
за инвестиции во идеи коишто ги намалуваат емисиите во други земји.

Инсталациите во секторите енергетика и индустрија не се единствените виновници кои го


зголемуваат нивото на CO2 во атмосферата. Како последица на ова, Европската Комисија
предложи од 2011 Аранжманот да се прошири за да ги вклучи и се побрзо растечките
емисии од авијацијата. Покрај ова, ревизијата на аранжманот, којашто е во тек, може да
доведе до опфат на повеќе сектори и гасови.

12
Придонес на енергетската ­­­­

политика
Емисиите на стакленички гасови Поефикасни пазари на
доаѓаат главно од користењето
и производството на енергија.
енергија и гас
Оттука, енергетските политики се Нашите избори како потрошува-
од клучна важност за да се досег- чи имаат стварни ефекти врз еми-
нат целите за климатски промени. сиите на стакленички гасови од
Заедничкото делување во енерге- користењето и производството
тиката не е ново. ЕУ имаше един- на енергија. Речиси сите потро-
ствена рамка на политики за енер- шувачи во ЕУ сега имаат слобо-
гетика долги години. Ниту заед- да да го купуваат својот гас или
ничкиот одговор на ЕУ на енер- електрична енергија од било кој
гетска криза не е нов. На пример, добавувач, вклучително и од оние
ЕУ има координирана политика за кои се специјализирани за обнов-
стратешките резерви на нафта и лива енергија. Ефикасните паза-
петролејни производи, како резул- ри прават енергијата да е попри-
тат на кризата со снабдувањето стапна и помагаат да се отстра-
во раните седумдесети години од нат бариерите за постигање на
минатиот век. пониски емисии на стакленички
гасови. Истовремено, тие помага-
Како што предупредувањата на ат индустријата во ЕУ да ја зад-
научниците за ефектите од кли- ржи својата конкурентна острица.
матските промени стануваат сè Сепак, сè уште постои простор за
посериозни, ЕУ ја препозна итна- подобрување, за да се обезбеди
та потреба да обедини разни ниш- дека секој ќе добие фер можност,
ки во единствена интегрирана дека новите компании во оваа сфе- Кредити на емисии се
климатска и енергетска полити- ра не се во понеповолна положба и достапни за инвестирање
ка за Европа. Оваа политика ќе дека електричната енергија и гасот во ваква алтернатив-
обезбеди снабдување со енергија течат слободно преку границите на енергија, пријателска
којашто е конкурентна, одржлива во ЕУ. Прекуграничната трговија е за животната средина, за
и сигурна, а воедно и интегрира- витална за пазарите да станат кол- производство на тули во
на со добрите еколошки практики, ку што е можно поконкурентни. Индија.
со што ќе се намалат емисиите на
CO2 и другите стакленички гасови.

Клучните елементи на енергетската


политика на ЕУ за достигањето на
© World Bank photo/CDCF India carbon finance project VSBK

овие таргети се следниве:


• поефикасни пазари на енергија
и гас;
• диверзификација;
• амбициозна политика за обнов-
лива енергија;
• заштеда на енергија;
• меѓународна соработка.

13
Борба против климатските промени

потрошувачката на енергија и не
Диверзификација се смени составот на горивата. Во
Поголемата безбедност на снабдувањето не моментов, ЕУ добива околу 50% од
се однесува на потпирање врз една форма на гасот којшто таа го троши од само
енергија или на грст земји – добавувачи над- три извори – Русија, Норвешка и
вор од ЕУ. Таа значи произведување на повеќе Алжир - а увезува околу две трети-
енергија во рамки на ЕУ, а онаму каде е неоп- ни од своите потреби од нафта од
ходно, да се обезбеди снабдување од други ста- организацијата на земји - извоз-
билни региони во светот. Исто така, тука ста- нички на петролеј (ОПЕК) и Русија.
нува збор за договор да се дели набавената Севкупното ниво на зависност на
енергија во време на криза, зашто нивото на ЕУ од увозна енергија во 2006
увозна зависност на различните земји на ЕУ изнесуваше 53.8%.
варира во значителна мерка.
Диверзификацијата кон повеќе
Околу 80% од енергијата којашто ја троши ЕУ енергија од домашно производ-
е од фосилни горива – нафта, природен гас и ство ќе бара поголема употреба
јаглен – од кои сите се големи извори на еми- на ниско-јаглеродни или нулта-
сии на CO2. Технологијата помага да се нама- јаглеродни технологии, врз основа
лат овие емисии, а „чистата“ технологија на на обновливи извори на енергија,
јаглен би требало да е оперативна во рамки како што се ветер, сонце, воде-
на наредната деценија или приближно тогаш. на енергија и биомаса, бидејќи
Сепак, фосилните горива се ограничен ресурс, во ЕУ недостасуваат сопствени
којшто ќе биде значително исцрпен до средина- ресурси од фосилно гориво. Во
та на овој век. Намалувањето на користењето крајна линија, веројатно е дека
на фосилните горива, оттука, придонесува кон во комбинација ќе влезе и водо-
подобрување на енергетската безбедност на родот. Некои земји - членки на ЕУ
ЕУ, а воедно помага и да се ограничат климат- ќе користат и нуклеарна енергија
ските промени. како дел од својот енергетски збир
Понатаму, сопствените ресурси на фосилни на решенија. Во догледна иднина,
горива на ЕУ осиромашуваат побргу од оние оваа енергија ќе доаѓа од нукле-
во светот во целина. Таа станува сè позавис- арна фисија, зашто не е веројатно
на од увозот, па оттука и ранлива на шокови во дека технологијата на нуклеарна
снабдувањето и цените. Зависноста од увозна- фузија ќе биде на располагање во
та нафта може да порасне и до 95%, а од увоз- првата половина од веков.
ниот гас до 84% до 2030, доколку не се заузда

Берлин е само еден


од неколкуте градови
© Berliner Verkehrsbetriebe, BVG

во ЕУ каде возат авто-


буси на хидрогенски
погон, со помош на
средствата од ЕУ.

14
Потрошувачка на енергија според тип на гориво, 2006

Извор:Еуростат

15
Борба против климатските промени

Ако не ја користиме
енергијата помудро,
глечерите ќе се топат
и натаму

© Corbis
околу индикативна цел за
Амбициозна стратегија за снабдување со 12% од енергијата
обновлива енергија од обновливи извори до 2010. За
да се оствари ова, беа донесени
Од деведесетите години на мина- нови закони со кои се утврдија
тиот век, ЕУ развиваше и про- национални цели за обновлива
мовираше користење и произ- електрична енергија и биогорива
водство на обновлива енергија. во транспортот, за да се подигне
Промовирањето на обновлива- нивото на обновлива енергија во
та енергија ја заменува потрошу- земјите - членки на ЕУ. Покрај ова,
вачката на фосилно гориво. Тоа приватниот сектор беше поттикнат
го диверзифицира користењето на да ги направи неопходните инве-
извори на енергија и придонесува стиции.
кон обезбедувањето на енергија.
Исто така, промовирањето на Во 2007, лидерите на ЕУ зазедоа
обновлива енергија развива нови уште поцврст став, со утврдување
индустрии и технологии. на целта да се постигнат 20%
од нашата енергија од обновли-
Земјите на ЕУ првпат се договорија ви извори до 2020. Оттогаш беа

16
Како се очекува да расте производството на
зелена електрична енергија во ЕУ

Произведена енергија во терават-часови годишно

Извор: ЕК­­­

предложени различни национал- губи, туку ќе се користи, на при-


ни таргети за секоја земја, за да мер, во локални системи за греење.
се достигнат 20% за ЕУ како цели- Исто така, повеќе ќе се користат
на. Овој таргет од 20% за обновли- бојлери на биомаса во зградите,
ви извори опфаќа и нова обврзна особено кога тие ќе ги заменува-
цел - да се покријат 10% од наши- ат системите за греење на нафта
те транспортни горива од обнов- или струја. Се очекува пораст и
ливи горива, вклучувајќи ги био- кај добивањето топлина од почва-
горивата, до 2020. Користењето та (геотермални извори), како и
на обновлива енергија како резул- користењето на соларна енергија.
тат на овие цели ќе порасне дра- Најголем растеж во производство-
матично. то на струја ќе дојде од генерато-
рите на ветер, преку побројни и сè
Со користењето на биомаса (дрво), поефикасни турбини на ветер. Со
биогас и биоотпад, на пример, ќе очекуваниот пораст на обновливи
растат енергетските постројки. горива за транспорт, овој брзора-
Исто ќе биде и со когенерацијата, стечки сектор ќе има начини да ги
каде пареата генерирана при про- намали своите емисии на CO2.
изводството на струја нема да се

17
Борба против климатските промени

Нова улога за земјоделието и шумарството


Биоенергијата од земјоделието и шумарството игра клучна улога во борбата против кли-
матските промени и зајакнувањето на сигурноста на испораката на енергија. Тоа е обнов-
лив извор на енергија, меѓу другите како што се ветер, соларна, хидраулична и геотер-
мална енергија.

Биоенергијата се произведува од цврста биомаса, биогас или течни биогорива кои се


достапни ширум Европа. Биомасата се обезбедува преку шумарство, земјоделие и орган-
ски отпад и остатоци, додека течните биогорива во моментов доаѓаат главно од житни-
те посеви. Биомасата, биогасот и биогоривата генерално може да се складираат лесно,
што значи дека биоенергијата може од нив да се произведува по потреба. Тие генерира-
ат струја, даваат директна топлина и се користат како гориво за транспорт. На биомаса
отпаѓа околу половина од сета обновлива енергија потрошена во ЕУ.

Биогоривата се во моментов единствените масовно достапни расположливи замени за


бензил и дизел гориво во транспортот. Поттикнувањето на користењето на биогорива
помага да се намалат емисиите, па значи и поширок избор на добавувачи на гориво.

ЕУ има значителен земјоделски потенцијал за производство на биогорива. Во блиска


иднина, биогоривата ќе се произведуваат од многу поширок спектар на земјоделски и
шумарски производи и органски отпад, а не само од посеви кои се користат и за произ-
водство на човечка и сточна храна. Без оглед дали се произведени во ЕУ или не, мора
да се погрижиме производството на биогоривата да е одржливо, односно да не доведе
до обесшумување или губење на биодиверзитетот, ниту да го поткопа производството на
храна.

Штедење енергија Оваа цел може да звучи како


нешто тешко достижно, но во
Најлесен начин да се зголеми пракса постои голем простор за
сигурноста на снабдувањето и користење на енергијата многу
да се помогне на климата е да поефикасно, понекогаш со многу
се намали побарувачката на мал напор. На пример, енергетски-
енергија. Ова значи користење на те етикети, минимални стандарди
енергијата поефикасно, за помал- на ефикасност и доброволни спо-
ку да се губи залудно. Ова може годби на производителите на куќни
да се постигне преку технологии апарати веќе ја намалија потрошу-
за заштеда на енерија или преку вачката на енергја на просечен нов
промена на нашето однесување, фрижидер или замрзнувач за речи-
или комбинација од двете. Над си 50% од 1990. За неколку други
сè, штедењето енергија има и апарати, како машини за перење и
економска смисла: целта на ЕУ машини за миење садови, постиг-
за користење на 20% помалку нати се заштеди од над една чет-
енергија до 2020 од досегашно- вртина. Меѓународната програ-
то ниво ќе ги намали трошоците ма „Eнергетска ѕвезда“ дава насо-
за енергија за 100 милијарди евра ки за повеќето канцелариска и
годишно. компјутерска опрема која штеди
енергија.

18
Транспортот е област каде има Големо количесто енергија се ­­­­­­­
голем неискористен потенцијал за троши од неефикасни уреди.
енергетска ефикасност, така што Оттука, ЕУ притиска за енергет-
ЕУ работи со автомобилската и ски уште поефикасни уреди со
индустријата на гориво за да го спроведување на енергетските ети-
реализира тој потенцијал и да ги кети и фиксирање на минимални
намали емисиите на CO2 од воз- барања за работењето.
илата. Таа, исто така, работи на
инфраструрата и политиките за да Поголемото користење на енер-
се намали сообраќајниот метеж. гетски ефикасно осветлување на
Застоите во сообраќајот значат нашите улици, во нашите канце-
залудно трошење гориво. ларии и домови може да се оства-
ри релативно лесно, па веројатно
На зградите отпаѓаат околу 40% е дека новите ЕУ стандарди за ова
од потребите од енергија во ЕУ. ќе стапат во сила пред крајот на
Заострените стандарди за згради деценијата. Преминот од ‘обич-
и нивно греење и системи за топ- ни’ на ’штедливи’ светилки, на
ла вода ќе го намалат количество- пример, ја намалува потрошу-
то енергија кое тие го користат и вачката на енергија за над 75%.
ќе ги намалат емисиите преку рас- Купувањето на светилката е тро-
трошното греење и ладење. Исто шок, но пониските сметки за струја
така, истражувањата ќе помогнат повеќекратно го надоместуваат
да се дојде до нови и подобри почетното вложување.
материјали за изолација. Мерки
како оваа, имаат потенцијал да Голем број од нас трошат енергија Тој треба да ја
ја намалат потрошувачката на непотребно, без да сфатат колку објасни потрошувач-
енергија во зградите за 28% до е растрошно нашето однесување. ката на енергија;
2020. Ова е еквивалент на заштеда Подобрите информации за наша- Црвената, жолта и
од над 10% од севкупната потрошу- та потрошувачка од пософистици- зелена ЕУ енергетска
вачка на енергија на ЕУ. рани мерачи во нашите автомо- налепница е тука да
помогне.
© Van Parys Media

19
Борба против климатските промени

Штедливата

© Carofoto
светилка е на долг
рок поевтина
били и нашите домови во идни- изводители на енергија, како и со
на ќе ни овозможат енергијата земјите низ кои минува енергијата,
да ја користиме поинтелигентно. се приоритети. Ова значи соработ-
Но, тоа бара промена во наше- ка со земјите од истокот и југот -
то однесување. Кампањата на ЕУ Русија, земјите од Источна Европа
„Одржлива енергија Европа“ дава кои имаат заеднички граници со
пионерски примери. ЕУ, земјите од Централна Азија,
Каспиското и Црното Море, околу
Веројатно е дека во нашите гра- Средоземното Море.
дови ќе се изнајдат нови и инова-
тивни идеи за борба против гло- Соработката со другите нации
балното затоплување. Но успе- - потрошувачи е подеднак-
хот во оваа сфера може да се во важна, без оглед дали тие се
постигне само преку активно уче- индустријализирани или во развој,
ство на граѓаните. Ова е принци- со цел заеднички да се догово-
пот кој лежи во основа на „Пактот рат мерки за намалување на ста-
на градоначалници“ во кој гра- кленичките гасови, поефикасно
довите учесници се обврзуваат користење на енергијата, развој
на безусловна посветеност да се на обновливи и ниско-емисиони
оди и подалеку од целите на ЕУ во енергетски технологии, особе-
намалувањето на емисиите на CO2. но зафаќање и складирање на
јаглеродот. Истражувањето тука ќе
Меѓународна соработка игра клучна улога, поддржувајќи
ја распространетоста на енергет-
Зависноста од увозот ќе се нама- ски технологии кои се истовремено
ли, но ќе остане стварност. Оттука, ценовно достапни и чисти.
добрите односи со земјите - про-

20
Улогата на технологијата

Иако ограничувањето на користе- нет за истражување на ниско или


ње на фосилни горива може да нулта-јаглеродна технологија.
значи дека во иднина ќе живееме Исто така, има средства за енер-
поинаку, тоа не значи жртвување гетски истражувања и промоција
на нашиот животен стандард сега, на заштеда на енергија во рам-
ниту во иднина. Технологијата ки на програмата на ЕУ за конку-
може да даде огромен придонес рентност и иновација. Тука е вклу-
кон поефикасното користење на чена и потпрограмата наречена
енергијата во нашиот секојдневен “Интелигентна енергија Европа“.
живот, во индустријата, во транс-
портот и во одржливиот развој.
Голем дел од ова финансирање
ќе оди за проекти коишто дирек-
Тоа што е прва во светот во сферата
тно или индиректно ќе се занима-
на еко-иновациите и на одржлива-
ваат со климатските промени. Тука
та енергија ѝ дава на индустријата
се опфатени и: развој на хидро-
на ЕУ предност на предводник и
генски и горивни ќелии на кои во
генерира работни места и рас-
сè поголема мерка ќе мора да се
теж. Европската индустрија е веќе
потпираме за енергија, како што
добро поставена. Со околу една
ќе го намалуваме користењето на
третина од светскиот пазар на
фосилните горива; зафаќање и
еко-индустрии и одржливи енер-
чување на CO2; енергетска ефи-
гетски системи, европските ком-
касност; чист и ефикасен транс-
пании се лидери во одржливоста
порт и еколошки материјали.
во речиси една четвртина од сите
главни индустриски сектори, а еко-
индустриите, системите и сервиси-
Понатаму, ЕУ помага во распростра-
те за одржлива енергија обезбеду-
нувањето на најдобрите практи-
ваат стотици илјади работни места.
ки и обезбедување платформа за
водечките научници да го разме-
Промовирање на чисти нуваат знаењето. Меѓу овие актив-
ности е и стратешки план за енер-
иновации гетски технологии, осмислен да
ѝ помогне на ЕУ да го предводи
Акционата програма на ЕУ за еко-
патот во целосна промена на наши-
лошка технологија опфаќа спектар
от пристап кон снабдувањето, про-
на активности за промовирање на
изводството и дистрибуцијата на
еко-иновациите и прифаќањето на
енергија. Тие, исто така, опфаќаат
еколошките технологии. Таа про-
и технолошки платформи, како што
мовира истражување и развој,
е Европската платформа на хидро-
мобилизира фондови и ги подо-
генски и горивни ќелии.
брува пазарните услови. Во рам-
ки на Седмата рамковна програма
за финансирање за развој и тех-
нолошки развој за 2007–13, зна-
чителен дел од средствата е наме-

21
Борба против климатските промени

Намалување на својот јаглероден


отпечаток
Намалувањето на јаглеродниот отпечаток на ЕУ не е само некоја оддалечена одлика на
носителите на политики и големите инвестиции во индустријата. Тука е во игра и личниот
придонес и информираноста. Малите промени може да направат голема разлика.

Во својот дом
Седумдесет проценти на енергијата која се користи од домаќинствата во ЕУ се троши на
греење на домовите, а уште 14% на греење на водата. Со преземање на следниве мерки,
може да ги намалите емисиите, а често истовремено и да заштедите пари.
• Намалете ја температурата на централното греење за само 1°C; поставете го термостатот
на уште пониско ниво кога сте излезени и ноќе, за сметките за енергија да ги намалите
дури и до една четвртина.
• Изолирајте ги цевките за централно греење и шупливите ѕидови. На загубите на топлина
преку ѕидовите, кровот и подот обично отпаѓаат над 70% од севкупните топлински загуби.
Искористете ја можноста на реновирање за да ги подобрите енергетските перформанси
на својот дом.
• Одвојте го фрижидерот од шпоретот или од бојлерот, за топлината да не го принудува
фрижидерот да работи повеќе. Не дозволувајте да фати мраз; храната нека се излади
пред да ја ставите во фрижидер.
• Размислете пред да ги користите апаратите: вклучете ја машината за перење или за садо-
ви само кога се полни, размислете кој температурен циклус да го користите, а маши-
ната за сушење користете ја само кога е апсолутно неопходно. Кога си правите чај или
кафе, загрејте го само количеството вода коешто ви е потребно. Ако секој од нас одбег-
не непотребно зовривање на еден литар вода дневно, заштедената енергија би можела
да напојува една третина од уличните светилки во Европа.
• Изгасете. Гасењето на пет светилки во ходниците и собите во вашиот дом, кога не ви
требаат, може да заштеди околу 60 евра годишно. Исклучете го и компјутерот во ваша-
та канцеларија, а извадете го од ѕидниот приклучок и полначот на вашиот мобилен теле-
фон, кога не го користите.
• Не ги оставате апаратите на стенд-бај. Исклучете ги домашните електронски уреди,
компјутерот, модемот и др.– целосно, не оставајќи ги во стенд-бај мод. Тоа може да ви
заштеди и до 100 евра годишно.
• Затворете ја чешмата додека ги четкате забите, а туширајте се наместо да се капете во
када. Стандардното туширање користи и до четири пати помалку вода од капењето во
када.
• Сортирајте за рециклирање. Рециклирањето на една алуминиумска конзерва заштедува
90% од енергијата потребна за да се произведе нова. Органскиот отпад рециклирајте го
како компост. Намалете го отпадот со користење на помалку пакувања и производи за
еднократна употреба и купувајте интелигентно: шише од 1.5 литри бара помалку енергија
за да се произведе, а создава и помалку отпад од три шишиња од половина литар.
• Преминете на ‘зелена’ електрична енергија. Искористете го пазарот за да одберете кому-
нални услуги кои нудат чиста енергија и поголем квалитет.

22
Во вашиот автомобил
Еколошки свесното возење може да ја намали потрошувачката на гориво и до 5%. Примери
на еко-возење се следниве:
• Почнете да возите наскоро по палењето на моторот. Загревањето на моторот користи
повеќе гориво. Потоа тргнете без да ја користите педалата за гас и поминете на повисока
брзина колку што е можно поскоро. Повисоките брзини поефикасно го користат гориво-
то. Исклучете го моторот кога стоите подолго од една минута.
• Проверете го притисокот на гумите. Доколку е 0.5 бари понизок, вашиот автомобил кори-
сти 2.5% повеќе гориво.
• Користете моторно масло со ниска вискозност. Најдобрите масла може да ја намалат
потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 за повеќе од 2.5%.
• Затворете ги прозорците, особено при високи брзини, и симнете го багажникот од кро-
вот. Дури и празниот багажник може да ја зголеми потрошувачката на гориво и емисиите
на CO2 и до 10%.
• Забавете и возете рамномерно. Возењето побрзо од 120 километри на час троши 30%
повеќе гориво по километар отколку возење со 80 километри на час. И возете со постојана
брзина, со тоа се троши помалку гориво.

На друго место
• Патувајте со воз. Едно лице во воз емитува две третини помалку јаглерод диоксид отколку
едно лице само во автомобил.
• Испитајте алтернативи за летањето. Летањето е најбрзо растечкиот извор на CO2 емисии
во светот. Доколку летате, тогаш размислете за „надоместување“ на своите јаглеродни
емисии преку организација којашто ќе го инвестира малиот износ наплатен од вас во
обновлива енергија или во садење дрвја.
• Возете велосипед, одете пеш, организирајте се за заеднички превоз со автомобил, кори-
стете јавен транспорт или работете од дома.
• Купувајте интелигентно. Определете се за апарати кои се означени како енергетски ефи-
касни, со малку амбалажа и за производи кои може да се рециклираат, локална и сезон-
ска храна и автомобили со ефикасна потрошувачка на гориво со најниски нивоа на еми-
сии на CO2 по километар.

Залудното трошење
© Van Parys Media

вода е залудно
трошење енергија.

23
За натамошно читање
Climate action: Energy for a changing world:
ec.europa.eu/climateaction
Climate change:
ec.europa.eu/environment/climat/home_en.htm
‘EU action against climate change: Leading global action to 2020 and beyond’ (brochure):
ec.europa.eu/environment/climat/pdf/bali/post_2012.pdf
The ‘Sustainable energy Europe’ campaign:
www.sustenergy.org
The ‘ManagEnergy’ initiative:
www.managenergy.net
More details about climate change from the European Environment Agency (data and reports):
eea.europa.eu/themes/climate

Европската Унија

Земји членки на Европската Унија (2008)


Земји кандитатки

24
MK
ec.europa.eu/climateaction

Расте меѓународниот
консензус дека
планетата се соочува
со иреверзибилни
климатски промени,
доколку итно не се

MK-80-09-954-MK-C
преземе нешто. ЕУ веќе формулираше јасен одговор,
во форма на интегрирана политика за енергетика и
климатски промени, посветеност да се намалат емисиите
на стакленичките гасови за најмалку 20% до 2020, како
и ветување да се биде предводник во меѓународните
преговори за да се усвојат уште поамбициозни цели.
Ова ќе помогне да се спречи температурата во светот
да порасне за повеќе од 2°C, ниво за кое научниците сé ISSN 1022-8233
повеќе сметаат дека е точка од која нема враќање. За
да се постигне оваа цел, треба енергетските ресурси да
ги користиме поодржливо и да преминеме на повеќе
обновливи форми на енергија, зафаќање и складирање
на јаглерод диоксидот и посериозно свртување на
текот на обесшумувањето. За ова може да е потребна
промена на нашите животни навики, но не мора да се
загрози животниот стандард, ниту нашиот, ниту оној на
идните генерации.

You might also like