You are on page 1of 15

Univerzitet”Goce Del~ev”-[tip

Факултет за медицински науки


Op{ta medicina

Seminarska rabota
po predmetot:
Medicinska genetika

Mentor: Izrabotil:
Prof.Dr.Mirjana ].Pejkovska Emran Mustafov
Br. Indeks 15209
Redoven

[tip
Содржина

Вовед ...............................................................................................................2
Мејоза ..............................................................................................................3
Профаза 1 .......................................................................................................4
Метафаза 1 .....................................................................................................5
Анафаза 1 .......................................................................................................6
Телофаза 1 .....................................................................................................6
Цитокинеза ......................................................................................................7
Профаза 2 .......................................................................................................7
Метафаза 2 .....................................................................................................8
Анафаза 2 .......................................................................................................8
Телофаза 2 .....................................................................................................8
Сперматогенеза .............................................................................................9
Оогенеза .......................................................................................................10
Заклучок ........................................................................................................11
Користена литература .................................................................................12

1
Вовед

Мејозата или редукциона делба е ограничена само на определен


вид на клетки, а се одвива во текот на гаметогенезата (кај животните),
при што овозможува формирање на полови клетки. Како резултат на
мејозата од едно диплоидно јадро настануваат четири хаплоидни
генетски различни јадра.
Во случај да отсуствува на мејозата, половите клетки би содржеле ист
број на хромозоми како и телесните. Тоа би значело дека јадрата на
половите клетки кај човекот би имале 46 хромозоми. Со спојувањето на
половите клетки при оплодување бројот на хромозомите би се удвоил, и
при секое наредно оплодување бројот би се удвојувал, а по извесен број
на генерации во соматските клетки би се пронашол неверојатно голем
број на хромозоми ( пример кај човекот од 46 хромозоми после 10
генерации би имало 23 552 хромозоми) .
Меѓутоа вакво нешто во природата не се случува, бидејќи пред и при
формирањето на половите клетки настанува мејоза или редукциона
делба со која бројот на хромозомите се намалува односно од 2n се
редуцира на половина n, од каде доаѓа и второто име или редукциона
делба.

2
Мејозата или редукциона делба е ограничена само на определен вид
на клетки, Како резултат на мејозата од едно диплоидно јадро
настануваат четири хаплоидни генетски различни јадра.
Биолошкото значење на мејозата или редукционата делба не е само
намалувањето на бројот на хромозомите на половина, туку и размена на
генетичкиот материјал помеѓу хромозомите на два родитела, што има за
последица создавање на нови единки со различни наследни својства.
Мејозата е долга и сложена континуирана делба. Самиот процес на
мејоза опфаќа две делби означени како мејоза 1 и мејоза 2, во текот на
кои само еднаш се реплицира ДНК, односно проследени се со едно
структурно удвојување на хромозомите во предмејотска интерфаза.
Во првиот циклус односно во мејоза 1 се раздвојуваат хомологните
хромозоми и заминуваат во двете новосоздадени клетки.
Во вториот циклус односно во мејоза 2 во клетките секој хромозом се
разделува на две хроматиди. Потоа секоја од нив заминува во по една
од двете клетки што ќе се создадат при таа делба. Значи, финален
производ од мејозата се четири полови клетки а во секоја од нив по една
хроматида како хаплоиден репрезент од поранешниот пар хомологни
хромозоми.
Секоја од двете мејотички делби се карактеризираат со свои фази,
истите фази какo во митозата, само што се означуваат со индекс 1

3
фазите на првата делба и со индекс 2 за втората мејотска делба.

Почетокот на првата делба мејоза 1 која всушност е прва редукциска


делба, е означен како профаза 1. Оваа фаза трае доста долго и е доста
сложена, бидејќи се одвиваат доста важни процеси кои можат да се
набљудуваат и со светлосен микроскоп. Промените што сукцесивно се
одвиваат во текот на оваа фаза се дефинирани во неколку стадиуми, и
тоа, лептотен, зиготен, пахитен, диплотен и дијакинеза.
Профаза 1 која и припаѓа на мејоза 1 претставува процес кој се
разликува од митотската профаза. Во оваа фаза се одвиваат скоро 90 %
од целата мејотска делба. На оваа фаза исто така и претходи интерфаза
1 во која што се случува процесот на репликација на ДНК.
Лептотен стадиум – Веќе реплицираните хромозоми за време на S
фазата, стануваат видливи и заликуваат на тенки конци кои се
кондензираат.
Зиготен стадиум – во зиготниот стадиум хромозомите кои се
хомологни започнуваат да се зближуваат еден со друг, и се спојуваат
странично по целата своја должина. Кога хомологните хтомозоми ке се
спарат меѓу нив се образува врска или синаптички комплекс кој
овозможува физичка комуникација помеѓу двата хомологни хромозоми.

4
Овој синаптички комплекс всушност е неопходен за процесот на
рекомбинација. Доколку хромозомите ја немаат способноста за
образување на синаптички комплекс тогаш се појавува асинапсис а при
тоа доаѓа до намалување на фреквенцијата на crossing over и доаѓа до
појава на хаотично движење на хромозомите во анафаза 1.
Пахитен стадиум – во пахитниот стадиум хромозомите се
кондензирани а во секој од нив се распознаваат по две хроматиди. Во
овој стадиум јасно се разликува дека секој хромозом е составен од две
сестрински хроматиди, а секој бивалент е составен од четири хроматиди
и има две центромерни стеснувања. На крајот од пахитниот стадиум
доаѓа до размена на генетскиот материјал што доведува до
рекомбинација или crossing over.
Crossing over всушност претставува физичка размена на
реципрочни сегменти од раскинатите хроматиди на хомологните
хромозоми или претставува процес на рекомбинација помеѓу ДНК
молекули од несестрински хроматиди на хомологните хромозоми.
Диплотен стадиум – претставува стадиум кога помеѓу хомологните
хромозоми се формираат хијазми (местата каде хомологните
несестрински хроматиди се споени). Поточно во овој стадиум се
одделуваат и двете компоненти на секој бивалент. Хијазмите каде што
хомологните несестрински хромозоми се споени всушност се места каде
што се извршил crossing over. Просечниот број на хијазми кај
сперматоцитите на човекот е 50 односно неколку кај еден бивалент.

Хиазми

5
Дијакинеза – во овој стадиум хромозомите се максимално
кондензирани. Во овој стадиум се разградува јадрената обвивка и се
воспоставува делбеното вретено.

Метафаза 1 започнува кога јадрената обвивка исчезнува, тука


делбеното вретено е формирано и микротубулите се поврзуваат со
кинетохорите на хомологните хромозоми. Бивалентите се наоѓаат во
екваторијалната рамнина и со центромерите се свртени кон спротивните
полови.

Анафаза 1 започнува со прекинувањето на последните хијазми


со што настанува одвојување на цели хомологни хромозоми кои се
движат кон спротивните полови на делбеното вретено. Во гаметите се
создаваат различни комбинации на хромозоми бидејќи одвојувањето на
хромозомите со потекло од мајката и од таткото се одвива по принципот

6
на случајност. Откако ке се одвои секој пол се создава хаплоидна
гарнитура на хромозоми.

Телофаза 1 во телофаза еден секоја гарнитура на хаплоидните


хромозоми е комплетно поделена на спротивните полови на клетката.
Тука се формираат две клетки ќерки гамети наречени секундарни
сперматоцити или ооцити.

Цитокинеза – откако ќе заврши телофаза 1 клетката започнува да


се дели на две хаплоидни клетки ќерки. Во споредба со митозата тука
интерфазата е кратка и започнува втората мејотичка делба односно
мејоза 2.

7
Мејоза II – мејоза 2 е слична како митозата но се разликува само
по тоа што бројот на хромозомите во клетката која влегува во мејоза 2 е
хаплоиден. На крајот се добиваат четири хаплоидни клетки од кои секоја
содржи 23 хромозоми. Мејоза 2 се дели на неколку фази.
Профаза II – настапува после интерфаза 2 и е многу слична како
профазата на митоза, се разликува по тоа што јадрото на клетките тука е
составено од хаплоиден број на хромозоми. Во профаза 2 хромозомите
се двохроматидни и кондензирани и се формираат две делбени вретена
за чии нишки се прикачуваат хромозомите со центромерно стеснување.
Метафаза II – во метафаза 2 се организира делбеното вретено,
кинетохорите на хромозомите се наоѓаат во екваторијалната рамнина и
со нишките се поврзани за половите од делбеното вретено.

Анафаза II – во оваа фаза центромерите се делат и притоа секој носи


по една хроматида кон спротивниот пол на клетката. Така одвоените

8
хроматиди се сметаат за посебни хромозоми. Сестринските хроматиди
не се идентични, а тоа е резултат на crossin over от.

Телофаза II – започнува кога хромозомите ќе ги достигнат спротивните


делови на клетката. Во оваа фаза се одвиткуваат и се деспирализираат.

Формирањето на гаметите секогаш се поврзува со мејозата. Со


мејоза се делат половите клетки при процесот на сперматогенеза кај
мажите и оогенеза кај жените.

Сперматогенезa - претставува процес на создавање на


сперматозоиди од матичните ќелии (сперматогонии) па се до потполно
зрел сперматозоид. Во овој процес се разликуваат три фази, 1 фаза
(размножување) се карактеризира со интензивно размножување на
сперматогониите, 2 фаза (растење) во оваа фаза веќе настанатите
сперматоцити не се делат туку растат, 3 фаза( созревање) е
карактеристична по тоа што тука се создава сперматоцит од прв ред
(примарен) а од него се создаваат два сперматоцити од 2 ред
(секундарни). Понатаму со мејоза 2 се создаваат пар од сперматиди кои
содржат 23 еднохроматидни хромозоми. Потоа сперматидите губат дел

9
од цитоплазмата и развиваат опашки за пливање за кога ќе станат зрели
сперматозоиди.

Оогенеза – претставува процес во кој се формираат женски гамети.


Во оваа делба диплоидната оогонија се дели со митоза до примарни
ооцити до третиот месец од феталниот развиток. Повеќе од 2 милиони
примарни ооцити се формираат за време на бременоста и тие се
застанати во профаза1 се до времето на раѓање. Мејозата продолжува
само кога зрелиот примарен ооцит е овулиран. Во мејоза 1 од
примарниот ооцит се создава еден секундарен ооцит и едно поларно
телце. Мејоза 2 започнува само ако секундарниот ооцит е оплоден со
сперматоцитот. Ако дојде до фертилизација се создава еден хаплоиден
зрел овум односно јајце клетка која содржи цитоплазма и уште едно
хаплоидно поларно тело. Поларните телца понатаму дегенерират. После
еден саат по фертилизацијата, јадрата на сперматозоидот и
јајцеклетката фузираат и се создава зигот. Зиготот понатаму продолжува
да се развива во ембрион низ митотички делби. Во оогенезата од

10
диплоидната оогонија се создаваат една хаплоидна функционална
јајцеклетка и три поларни телца.

Заклучок:

Мејозата е делба на половите клетки. При што од 46 хромозоми бројот


се намалува на 23 и се добиваат четири хаплоидни клетки. Мејозата има
две фази мејоза 1 и мејоза 2.
Мејоза 1 има повеќе стадиуми и започнува со :
1. Профаза 1 која има пет потфази :
 Лептотен
 Зиготен
 Пахитен (во кој се случува процесот на crossing over)
 Диплотен
 Дијакинеза
2. Метафаза 1

11
3. Анафаза 1
4. Телофаза 1
Мејоза 2 е слична на митозата ги има истите фази:
1. Профаза 2
2. Метафаза 2
3. Анафаза 2
4. Телофаза 2
Со мејоза се делат половите клетки при процесот на
сперматогенеза кај мажите и оогенеза кај жените.

Користена литература:

 http://sr.wikipedia.org/sr-el/%D0%9C%D0%B5%D1%98%D0%BE
%D0%B7%D0%B0
 http://www.google.com/imgres?
imgurl=http://www.znanje.org/i/i25/05iv05/05iv0514222330fll/mejoza.gif
&imgrefurl=http://www.znanje.org/i/i25/05iv05/05iv0514222330fll/biolog
ija.htm&h=231&w=360&sz=17&tbnid=aaj1Ep1m8m_ysM:&tbnh=78&tb
nw=121&prev=/images%3Fq
%3Dmejoza&hl=en&usg=__oAbztbuMvucdPnrM9EgNsuYF_5A=&ei=n
6MaS-
fIO5XcmgOBhbXUAw&sa=X&oi=image_result&resnum=4&ct=image&v
ed=0CCAQ9QEwAw

12
 http://www.google.com/imgres?
imgurl=http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/a/a3/Mejoza_sc
hemat.jpg&imgrefurl=http://commons.wikimedia.org/wiki/File:Mejoza_s
chemat.jpg&h=1318&w=2015&sz=383&tbnid=4QoLZNWIt1iJvM:&tbnh
=98&tbnw=150&prev=/images%3Fq
%3Dmejoza&hl=en&usg=__NVJDpsPCmSRkqmdSVu9dU4RVj58=&ei
=n6MaS-
fIO5XcmgOBhbXUAw&sa=X&oi=image_result&resnum=5&ct=image&v
ed=0CCIQ9QEwBA
 http://images.google.com/imgres?
imgurl=http://www.ejemplode.com/images/uploads/biologia-
5.jpg&imgrefurl=http://www.ejemplode.com/36-biologia/321-
reproduccion_celular:_meiosis.html&usg=__-
AFbA56Q65cYB2a1zOKHNBnOz-
8=&h=327&w=312&sz=13&hl=en&start=8&um=1&tbnid=ODRF-
u1DA0OSzM:&tbnh=118&tbnw=113&prev=/images%3Fq%3Dprofase
%2B1%26hl%3Den%26client%3Dfirefox-a%26channel%3Ds%26rls
%3Dorg.mozilla:en-US:official%26um%3D1

13
14

You might also like