You are on page 1of 12

Викинзи: Животот и Легендата

Со имиња како Торфин ‘Черепокршачот’ и Ерик ‘Црвената секира’, не е ни чудо што Викинзите имаат страшна
и крвава репутација. Но, тие имале и една друга страна, страна на која се среќаваат имиња како Боли
‘Елегантниот’, Бренд ‘Дарежливиот’, Торбјорг ‘Фармерската гордост’ и Кетил ‘Среќниот рибар’, страна која е
поразлична од оној холивудски приказ на “пагански насилници и пљачкосувачи”, страна според која може да
се заклучи дека тие имале една комплексна култура и уникатен фолклор, развиено опшество (додека
Викинзите користеле чешли, тоа било мисловна именка за поголемиот дел од луѓето во Западна Европа    
) со добро разработени занаети и трговија… страна која е помалку и заборавена од модерниот свет. Поради
сето ова, овој Март, Британскиот Музеј ја отвори една од најголемите изложби посветена на “страшните”
Викинзи, насловена како “Викинзи: Животот и Легендата”, се’ со цел да го презентира нивниот вистински лик.

Во продолжение следува официјалното промотивно видео за изложбата и неколку слики од неа:

Реконструирана Викиншка облека и пронајдени метални предмети


Викинши шлем и долна вилица пронајдени во близина на градот Вејмут, Англија.

Викиншки накит
Викиншки накит
Реплика на камен испишан со рунско (викиншко) писмо, подигнат во градот Јелинг во Данска од страна на
кралот Харалд ‘Синиот заб’ во доцниот 10 век, со кој го слави своето достигнување – обединувањето на
Данска и Норвешка и конверзијата на нивното население во христијанство.
Реконструкција на викиншки брод кој содржи оргинални парчиња дрво

Викиншки брош пронајден во Шкотска, направен од злато, сребро и килибар.


Фигура на врховниот бог Один, придружуван од страна на неговите два гаврани – Хугин и Мунин.

Викиншки предмети пронајдени во близина на местото Куердел, Англија.


Викиншки брош во форма на брод.
Викиншки меч декориран со геометриски форми.
Викиншки артефакт од 10 или 11 век, период кога Викинзите ја примиле христијанската вера.

Целосниот албум со слики можете да го погледнете на следниов линк.

You might also like