You are on page 1of 1

Полова и родова еднаквост

Светот и општеството постојано се менуваат и се движат напред, за разлика од


сфаќањата на луѓето. Иако се свесни дека за подобрување е потребно промена, тие се
скептични кога станува збор за прифаќање на новина во општеството.
Уште oд минатото постоело бариера помеѓу машкиот и женскиот род. Бариера која
го ограничувала однесувањето на жените, како и нивните права. Многумина и ден денес
сметаат дека мажите се супериорни во однос на жените. Имаат конзервативни мислења,
според кои единствена задача на жената е чување деца и грижа за домот. За среќа тие,
како и голем број на мажи, се доволно храбри и прават напори за еднаков третман и
права помеѓу двата пола. Половата рамноправност подразбира комплементарност,
меѓусебно надополнување помеѓу мажот и жената, со почитување на достоинството кое
произлегува од нивните разлики и отстранување на дискриминацијата во општеството.
Покрај полова еднаквост, присутна е и борбата за родова еднаквост, која подразбира
борба за еднакви права за луѓето кои се идентификуваат преку нивната сексуална
ориентација и род. Поради недоволната едуцираност на оваа тема, во нашата земја често
се јавува дискриминација и омраза кон луѓето кои отстапуваат од основните дефиниции
за самоопределба. Знаејќи дека нема да бидат прифатени од средината, припадниците на
ЛГБТ+ заедницата се борат самите против себе и она што навистина се. Сé поприсутна е
нивната дискриминација во сите сфери од општеството, па дури и во учебниците кои
наместо да ја покренуваат свеста на младите, го ограничуваат нивното размислување
преку традиционалните сфаќања кои се присутни во дадената содржина. Некои луѓе
постојано се принудени да ги оправдуваат своите постапки и начинот на живеење, додека
пак други се прифатени само врз основа на нивниот „нормален“ изглед. Сето ова далеку
се разликува од нашите права, затоа што секоја личност без разлика на личната
определба заслужува рамноправност и почит во општеството.
Без разлика на полот и родот, сите луѓе треба да имаат еднакви права и можности.
Tреба да бидеме свесни за нашиот идентитет, да се поддржуваме и почитуваме едни со
други, за секој поединец да може да прерасне во личност која ја знае својата вредност, но
и вредноста на другите.

Јована Бадаровска бр. 3


Сена Махмутовиќ бр. 18
Бојана Ристовска бр. 25
Габриела Стоимановска бр. 28
Тијана Стојоска бр. 29

You might also like