You are on page 1of 5

ПРАВИЛА, УСЛОВИ НА ИГРА, ВИДОВИ ДОБИВКИ И

НАЧИН ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ ДОБИВКИ НА БОНУС ИГРАТА


,,ЗАВРТИ ONLINE ТРКАЛО,,
Член 1
Со оваа одлука се регулираат правилата, условите на играта, видовите
на добивки како и начинот на постигнување на добивките на бонус играта
,,Заврти ONLINE тркало,, (во понатамошниот текст: бонус игра), која се
приредува за учесниците од играта на среќа Лото 7/37 и дополнителната
игра Џокер кои учествуваат online во играта преку веб страната на
приредувачот.
Приредувач на бонус играта е АД Државна лотарија (во понатамошниот
текст: приредувач).

Член 2
Приредување на бонус играта има за цел промоција на online уплатата
за играта на среќа Лото 7/37 и дополнителната игра Џокер преку веб страната
на приредувачот.

Член 3
Секој корисник кој преку веб страната на приредувачот www.loto.mk
има извршено уплата за играта на среќа Лото 7/37 или дополнителната игра
Џокер во период од среда од 19 часот 01 минута до следната среда до 19 часот
за времетраење на бонус играта, без разлика на видот на играта (Лото или
Џокер), висината на уплатата и бројот на уплати, а истовремено дал изјава за
согласност за прифаќање на условите за игра и користење на личните
податоци за бонус играта, се стекнува со право да учествува во
извлекувањето во бонус играта само за тој период (коло) без разлика дали
учесникот тоа го направил со претплата, за одредениот период за кое ќе се
врши извлекувањето.

Временскиот рок од среда од 19 часот 01 минута до следната среда до


19 часот, во бонус играта е означен како период (коло). Бонус играта ќе се
приредува во 20 периода (кола).
Се извлекува само од учесниците кои извршиле уплата преку веб
страната на приредувачот за периоди прикажани во табелата од член 4 од
оваа Одлука. Еден период опфаќа две кола (среда од 19 часот 01 минута до
следната среда до 19 часот) од редовните извлекувања на броевите од играта
на среќа Лото 7/37 и дополнителната игра Џокер.
Секоја среда за времетраење на приредување на бонус играта,
приредувачот на бонус играта ќе извлече по еден учесник од базата на
податоци на учесници кои ги имаат исполнето условите за игра само за тој
период (коло) и тоа по случаен избор со електронски генератор.
Секој извлечен учесник ќе биде јавно објавен со единствениот ID број,
како и со податоците кој учесникот ги внел при регистрација на веб страната
на приредувачот (име и презиме, адреса и град) и тоа за време траењето на
емисијата од редовното извлекување на броевите од играта на среќа Лото
7/37 и дополнителната игра Џокер.
Извлекувањето се спроведува под надзор на Комисија составена од три
лица овластени од Приредувачот.
Извлекувањето се смета за завршено со потпишување на Записник од страна
на Комисијата.
Извлечениот учесник ќе биде уредно контактиран од страна на
приредувачот преку телефонскиот број и мејл адресата кој учесникот ги има
внесено при самата регистрација и истовремено ќе биде поканет во
следната сабота односно по колото кога е извлечен да пристапи до студиото
на телевизијата, каде ќе врти тркало во емисија од редовното извлекување
на броевите од играта на среќа Лото 7/37 и дополнителната игра Џокер.
Секој извлечен учесник во бонус играта е должен следствената сабота
односно по колото кога е извлечен да дојде до студиото на телевизијата во
точно закажаното време пред емисијата, со себе да носи личен документ за
идентификација и по неговото уредно легитимирање од страна на
комисијата да пристапи да врти тркало.

Тркалото е сочинето од 16 полиња од кои:


-1 поле СТАРТ;
-5 вредносни полиња со добивки во износ од 150.000 денари;
-5 вредносни полиња со добивки во износ од 100.000 денари;
-5 вредносни полиња со добивки во износ од 50.000 денари.

Во бонус играта предвидени се три категории на парични добивки и тоа:


-Добивка во износ од 150.000 денари;
-Добивка во износ од 100.000 денари;
-Добивка во износ од 50.000 денари;

Учесникот може да освои само една добивка од понудените.

Услов за остварување на добивка е учесникот во бонус играта да го


заврти тркалото за 360 степени односно најмалку една целосна ротација
почнувајќи од полето СТАРТ до полето СТАРТ што ќе се смета за завртен круг.
Ако тркалото не изврши една целосна ротација од 360 степени тогаш
тркалото повторно се поставува на позицијата СТАРТ, а учесникот во бонус
играта врши повторно вртење. Доколку тркалото застане, на место каде
Комисијата која го следи текот на бонус играта не е во можност да одреди на
кое поле застанало тркалото и со тоа не е во можност да ја утврди добивката,
во тој случај учесникот го врти тркалото повторно од стартната позиција
(СТАРТ).
После успешното вртење се чека тркалото да застане, а учесникот го
освојува оној износ на добивка кој застанал кај стрелката која е дел од
тркалото. Стрелката која наоѓа на горниот дел од тркалото ја означува
освоената добивка.
По остварување на добивката учесникот во бонус играта не го врти
повторно тркалото.
Комисијата која го следи текот на играта во записник ги внесува податоците
на добитникот, како и износот на добивката.
Приредувачот го задржува правото да ги менува износите на добивките
за што ќе ги извести учесниците во бонус играта пред почетокот на
примањето на уплати за соодветното коло.
Доколку со извлечениот учесник од било кои причини приредувачот не
може да стапи во контакт или пак доколку истиот извлечен учесник не се
појави во студиото на телевизијата во следствената сабота односно по колото
кога е извлечен тогаш бонус играта за тој ден односно за тоа коло се
откажува, а извлечениот учесник не може да го врти тркалото во друго коло.
Доколку извлечениот учесник не е во можност да присуствува во живо
во емисијата за да го врти тркалото, истото право извлечениот учесник може
да го пренесе на друго полнолетно лице со нотарски заверено полномошно,
кое лице во име на извлечениот учесник ќе го врти тркалото.
Лице помладо од 18 години не може да биде учесник и да го врти тркалото.

Член 4
Времетраењето на бонус играта е со почеток од 20.10.2021 година, а
завршува заклучно со 12.03.2022 година.
Бонус играта вклучува вкупно 20 извлекувања на учесници.
Број на кола, датумите на извлекувања, периодите за кои се вршат
поединечните извлекувања како и датумите кога извлечените учесници ќе го
вртат тркалото за парични добивки се опишани во следнава табела:

Број Датум на Се извлекува за Датум на вртење


на коло извлекување временски период: на тркалото од
на на учесници - среда 19:01 ч. ‒ среда 19:00 ч. страна на
бонус по еден учесник од базата online играчи извлечените
играта во коло коишто извршиле уплата учесници
(ден ‒ среда) преку www.loto.mk (сабота)

1 27.10.2021 20.10.2021 - 27.10.2021 30.10.2021


2 3.11.2021 27.10.2021 - 3.11.2021 6.11.2021
3 10.11.2021 3.11.2021 - 10.11.2021 13.11.2021
4 17.11.2021 10.11.2021 - 17.11.2021 20.11.2021
5 24.11.2021 17.11.2021 - 24.11.2021 27.11.2021
6 1.12.2021 24.11 .2021 - 1.12.2021 4.12.2021
7 8.12.2021 1.12.2021 - 8.12.2021 11.12.2021
8 15.12.2021 8.12.2021 - 15.12.2021 18.12.2021
9 22.12.2021 15.12.2021 - 22.12.2021 25.12.2021
10 29.12.2021 22.12.2021 - 29.12.2021 1.1.2022
11 5.1.2022 29.12.2021 - 5.1.2021 8.1.2022
12 12.1.2022 5.1.2022 - 12.1.2022 15.1.2022
13 19.1.2022 12.1.2022 - 19.1.2022 22.1.2022
14 26.1.2022 19.1.2022 - 26.1.2022 29.1.2022
15 2.2.2022 26.1.2022 - 2.2.2022 5.2.2022
16 9.2.2022 2.2.2022 - 9.2.2022 12.2.2022
17 16.2.2022 9.2.2022 - 16.2.2022 19.2.2022
18 23.2.2022 16.2.2022 - 23.2.2022 26.2.2022
19 2.3.2022 23.2.2022 - 2.3.2022 5.3.2022
20 9.3.2022 2.3.2022 - 9.3.2022 12.3.2022
Приредувачот го задржува правото да го промени времетраењето на
бонус играта со обврска благовремено да ги запознае учесниците во играта.

Член 5
Вредноста на добивките е обезбедена од неисплатени добивки од
игрите на среќа кои ги приредува приредувачот.
Добивките ќе бидат исплатени на добитниците на нивните
трансакциски сметки кои учесниците ги имаат внесено при регистрација на
веб страната на приредувачот, не подолгo од 30 дена од денот на секое
објавување на добитникот.
Данокот паѓа на товар на учесникот кој ја остварил добивката.
Приредувачот, на учесникот кој ја остварил добивката ќе му ја исплати
добивката намалена за износот на данокот и истиот ќе го уплати во законски
утврдениот рок.
Конечниот извештај за резултатите од извлекувањето за поединечното коло
од бонус играта се објавува на веб страната на приредувачот во рок од седум
дена од постигнувањето на добивката.

Член 6
Секој учесник во бонус играта има право да поднесе приговор до
приредувачот во рок од 7 дена од завршување на колото за кое приговара.
Приредувачот е должен во рок од 7 дена од приемот на приговорот, да му
достави одговор на учесникот кој поднел приговор.
Член 7
Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се
применува со почеток на 1-то коло од бонус играта, чие извлекување ќе
биде на 27.10.2021 година.

You might also like