You are on page 1of 2

ФОНД ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ

Фондот за осигурување на депозити е основан во 1997 гофина како ФОНД ЗА


ОСИГУРУВАЊЕ НА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ, а во 2000 год се трансформира во фонд за
осигурување на депозити.
Фондот за осигурување на депозити престставува специјализирана државна финансиска
институција формирана со цел да обезбеди осигурување на депозитите на граѓаните во
банките и штедилниците во Република Македонија и обештетување на осигурените
депозити во банките, филијалите на странските банки и штедилниците, во кои настанал
ризичен настан. Основна цек за основањето на оваа институција беше да се обезбедат
штедачите од евентуалн загуби и да се врати довербата на граѓаните во банките и
штедилниците, со што ќе се големи штедењето во земјата, а со тоа и инвестициите како
основна компонента на економскиот раст и развој
Што е осигурано?
- Денарските и девизноте депозити
- Сертификатите за депозит
- Трансакциските сметки
- Депозитите врзани за парични картички и девизни приливи на физичките лица
Чии депозити се осигурени?
- Осигурени се депозитите на домашни и странски физички лица, кои се депонирани
во банки, филијали на странски банки и штедилници во Република Македонија.
До кој износ се осигурени депозитите?
Фондот за осигурување на депозити во случај на настанување на ризичен настан врши
обесштетување до 30.000 евра во денарска противвредност по депонент, во банка,
филијала на странска банка или штедилница во согласност со одредбите од законот
Во износот до 30.000 евра предмет на обештетувње се и главницата и каматата на сите
депозити на кои е имател едно лице депонент в банка на денот на настанување на
ризичниот настан
Средствата од Фондот се формираат од основачкиот влог, наплата на премии од членките
на фондот и пригоди од пласмани
Фондот наплатува премија од членките н Фондот по стапка од 0,25% (учебник од 1% до
5%) годишно од вкупните депозити на физичките лица во секоја банка, филијала на
странска банка и штедилница. Средствата уплатени во Фондот од страна на банките,
филијалите на странските банки и штедилниците по основ на премии се неповратни.
Користењето на средствата од Фондот започнува во моментот на настанување на
неликвидност на банка или штедилница и по искористување на средствата на
задолжителна резерва
Законот за Фондот за обештетување на депозити предвидува обештетување на физичките
лица да започне во рок од 3 месеци од денот кога е донесена одлука за укинување на
дозволата за работа или кога мнозинството од членовите на Управниот одбор одлучат
дека банката генерално престанала со исплата на депозити на физичките лица

Депозити кои НЕ се обештетуваат:


1. Депозити на депоненти на кои им биле дадени привилегирани каматни услови,
различни од оние објавениво банката, филијалата на странска банка или
штедлница
2. Депозити на депоненти сопственици на над 5% од акциите со право на упраување
со банката, флијалата на странската банка или штедилницата.

3. Депозити на чченови на органите на управување на банката, флијалата на


странската банка или штедилницата.

4. Депозити на роднини од прв степен на лицата од точките 2 и 3, (сопруг/а и деца)

5. Депозити кои се взани со трансакции со кои се вршело перење пари доколку


прекршителот е осудуван и казната е во сила

Во случај кога депонентот има обврски кон банката или штедилницата, вкупниот износ на
депозитот на депонентот се намалува за износот на обврските на депонентот кон банката,
флијалата на странската банка или штедилницата.

You might also like