You are on page 1of 3

1.

Балканската воена кампања


a) Воените дејствија во Србија во 1914 (15 август- 15 декември 1914)
- Церска Битка (15 август- 24 август 1914)

Добро на почетокот да кажам дека пред навлегувањето на австро-унгарските војски во Србија


имало едно недоразбирање меѓу Германија и Австр.унг. Германија очекувала Ау. да го прати
најголемиот дел од војската против русија со цел да бидат обезбедени од задгрб додека
германците истовремено го отворат западниот фронт со напад на Белгија. Авст.унгарија пак
сметала дека ќе добијат помош од германија во северниот дел од фронтот со Русија. Но тоа не се
случило па така Австр-унгарците ја упатиле војската на две боишта источниот фронт и балканот.

Како и да е Австроунгарија сметала дека ќе извојува брза победа против Србија. На 12 август 1914
АУ војска је преминала реката Дрина и по три дена на 15 Август двете војски се судриле кај
планината Цер во близина на градот Шабац. На чело на Авст.унг војска бил генералот Оскар
Потјорек а на српската маршал Радомир Путник. Битката траела до 24 август 1914 и Србите
извојувале победа. Воените историчари и експерти победата на српската војска кај цер ја нарекоа
најголемото изненадување во модерната историја на војувањето. Во оваа битка загинале од 6 до
10000 Авст.унгарци и од 3 до 5000 Срби.

б) Битката на Дрина (6 септември – 4 октомври 1914г.). Оваа битка завршила без победник но
жртвите повторно биле огромни на двете страни 17.000 мртви и ранети на српска и 18.500 мртви и
ранети на ау.страна. Рововска битка.

в) Битката на Колубара (16 ноември до 15 декември 1914г.) 22000 загинати на српска страна и
30000 на ау.страна. во оваа битке србите од воено-тактички причини морале да се повлечат од
Белград со населението но со контраофанзива Србите успеале не само да го вратат Белград туку и
да ги истераат АУ. позади Дрина. На 7 декември српскиот парламент ја усвоил Нишката
декларација според која Србија решила да се бори за обединување на Србите, Хрватите и
Словенците. Во овие битки учествувала и црногорската војска.

Војната во Србија ќе продолжи дури по десет месеци кога Германија ќе ја убеди Бугарија да се
вклучи во војната на нивна страна ветувајќи им територии на балканот пред се Македонија. Така
во втората српска кампања Германија и ау на 7 октомври започнале напад од север преминувајќи
ги Дунав и Сава и на 9 октомври по многу жестоки борби го зазеле Белград. додека Бугарија ја
нападнала Србија од југ на 14 октомври победувајќи ги српските војски во битката кај Морава од
14 октомври до 9 ноември) и битката кај Овче Поле (од 14 октомври до 15 ноември). Согледувајќи
ја опасноста од опколување Радомир Путник наредил повлекување на војската преку Албанија.
Повлекувањето на Српската војска преку планините во Албанија е најтрагичниот настан во првата
светска војна. Од 400.000 војска и цивили само 120000 луѓе успеале да стигнат на брегот на
јадранско море. Остатокот од војската бил префрлен на островот Крф. Значи по повлекувањето на
војската Србија и црна гора биле окупирани до страна на Силите на оската.

Влегување на Грција во војната. Народот во Грција била поделен околу тоа на која страна Грција
треба да се приклучи. Едни биле за грција да биде неутрална што било став на Кралот Константин
но таа неутралност всушност требало да им помогне на силите на оската. Додека други го
поддржувале премиерот Венизелос кој барал Грција да и се придружи на Антантата. По
влегувањето на Бугарија на страната на централните сили Венизелос наредил мобилизација
повикувајќи се на договорот за сојузништво со Србија потпишан 1913 г. и дозволил на т.н. источна
француска армија да се истовари во Солун со што практично бил создаден Македонскиот фронт.
Кралот ќе го отпушти венизелос за ваквиот чин додека овој во северна грција ќе формира
привремена влада на чело со него. Оваа поделеност на земјата ќе трае до 1917 година кога по
поморската блокада на Атина од страна на французите кралот Константин ќе поднесе оставка.
Венизелос по оставката на кралот ќе се врати во Атина официјално ќе прогласи влегување во
војната на страната на Антантата и со помош на Француската војска ќе го воспостави повторно
единството во земјата.

Македонски фронт или уште познат како Солунски фронт беше формиран откако војските на
антантата главно французи и англичани се истовариле во Солун есента 1915 со цел да и помогнат
на Србија против Ау, Германија и Бугарија. Оваа помош стигнала касно и како што силите на оската
напредувале кон Југ по завземањето на Србија, црна Гора и Албанија Британските генерали
размислувале за повлекување од грција. Французите остро се спротивставиле на тоа и наместо да
се повлечат британците и французите создале еден долг фронт кој се протегал од од Албанското
крајбрежје на јадранско море на Запад се до реката Струма на Исток. Набрзо кон овие сили се
придружиле и српските војски од Крф под водство на генералот Петар Бојовиќ.

Во 1916 битката кај Кајмакчалан (врвот на Ниџе планина) од 12 септември 19 ноември 60.000
германци и бугари убиени и заробени додека сојузниците 50.000. побитката уште 80.000. По оваа
битка била освоена Битола од страна на Антантата и фронтот се померил 40 км. Во полза на
Антантата.

Во 1917г. фронтот стагнира, нема воени судири се до пролетта 1918г.

Битката кај Добро Поле и битката кај Дојран во септември 1918 по која се јавува побуна во
бугарската војска и доаѓа до промена на власта во бугарија. Бугарскиот цар бега и е прогласена
република. Новата власт бара примирје со Антантата и го добива на 29 септември 1918г. во Солун.
Бугарија излегува од војната и тука е крајот на солунскиот фронт. Значи германците остануваат
сами и на силите на Антантата не им било тешко да напредуваат кон север. Но британските војски
се упатиле кон истанбул против османлиите сојузниците на германија додека српските и
француските војски започнале со ослободување на Србија, Албанија и црна Гора. Османлиите кога
виделе дека британците се приближуваат кон Истанбул побарале примирје на 26 октомври. Така и
Турција излегува од војната.Француските и српските војски ја ослободуваат Албанија, Србија и
Црна Гора. На 3 ноември Австрија побарала примирје а на 10 и Унгарија потпишува примирје во
Белград. со што Австро-унгарија излегува од војната. Останувајќи сама Германија истотака
наредниот ден на 11 ноември потпишува примирје.

You might also like