You are on page 1of 1

Создавање на Бугарската држава

1.Доаѓањето на Бугарите и создавање на државата


- Сојузот на Седумте словенски племиња (седумте рода). Сојуз на словенски племиња
(срединаta на VII vek) на просторите на Дунавската рамнина (која се наоѓа меѓу балканските
планини и реката дунав и граничи на запад со реката Тимок, а на исток со Црното море.
- Севери (источно словенско племе чија главна територија се наоѓала меѓу денешна Украина
и Русија)
-Бугарите - турски воинствени племиња кои создалe голема држава на просторите меѓу црно
и касписко море. Под водство на ханот Аспарух бугарите кои бегале од Ѓоктурците (турски
племиња кои формирале огромна држава во средна Азија) во седумдесетите години од VII век
ја преминале реката Дунав и склучиле сојуз со Седумте словенски племиња. Според
византискиот историограф Теофан Бугарите им станале господари на словенските племиња.
Според историографот Михаил Сириецот бугарите кога пристигнале броеле околу 10.000
луѓе. Коњицата била главна воена сила на Бугарите.
2. Проширување на Бугарската држава
- Во 681г. Бугарите заедно со словенските племиња ги поразиле Византијците и создале
држава која била признаета од Византија. Престолнината на оваа држава била во градот
Плиска. За време на бугарскиот владетел Крум (803-814) Бугарската држава двојно се
проширила а своето најголемо проширување го достигнала за време на Симеон (893-927) кој
бил прогласен за император (Цар). Канот Борис I (852-889) бил првиот кан кој добил
словенска владетелска титула Књаз и првиот христијански бугарски владетел. Во негово
време официјален јазик станал старословенскиот. Благодарение на Борис I Климент и Наум
успешно ја завршиле мисијата на браќата Кирил и Методиј.

You might also like