You are on page 1of 1

Охридска архиепикопија

Ние видовме лани во 6 то одделение дека христијанството во Македонија и појавата на првите


христијански заедници - општини цркви беа создадени од апостол Павле. Корените на денешната
македонска православна црква ги создаде св. Климент кој беше првиот словенски епископ
поставен од бугарскиот цар Симеон. Сега се поставува прашањето кога точно Самоил ја основал
Охридската Ахиепископија. На ова прашање не може точно да се одговори но најлогично е оваа
Архиепископија да била основана по прогласувањето на Самоил за цар во периодот меѓу 997-1000
година. Седиштето на Архиепископијата била во Преспа а прв архиепископ бил Герман наречен
Гаврил веројатно откако бил ракоположен за архиепископ добил ново име. Самоил бил многу
близок со Гаврил па затоа и синот на Самоил Радомир бил наречен по него Гаврил Радомир.
Ахиепископијата и првиот архиепископ Герман-Гаврил биле признаени од римскиот папа но како
архиепископија и архиепископ а не патријаршија. Зошто Архиепископијата била префрлена од
Преспа во Охрид? Тоа се случило за време на наследникот на Герман-Гаврил кој најверојатно
починал во Преспа, Филип. Причината по се изгледа била тоа што Во Охрид цутел црковниот
живот во манастирите а за што имал заслуга св. Климент и неговите наследници. Значи во Охрид
постоела силна и богата црковна традиција но и било многу полесно да се надгледува
населението во однос на одржувањето на верските обреди како што тоа го пишува и во житието
на св. Климент. Наследник на Филип бил Давид кој бил последниот архиепископ поставен за
време на Самоиловата држава. Тој бил познат по тоа што го намамил дуклјанскиот владетел Јован
Владимир на средба и на таа средба овој бил убиен по наредба на Иван владислав во 1016
година. По завземањето на охрид давид и Иван владислав побегнале а по смртта на Иван
Владислав во 1018 се знае дека давид заедно со вдовицата на Иван Владислав Марија и нејзините
деца бил заробен и одведен во Цариград. За последен словенски охридски архиепископ но
поставен од виз. Имп. Василиј 2 се смета Јован од Дебар кој бил архиепископ

You might also like