You are on page 1of 2

Табела бр.

1
1. Дали знаете која е улогата на липидите во Број на испитаници Процент (%)
човековиот организам?
Да 67 85.9%
Не 11 14.1%
Вкупно 78 100%

На прашањето: „Дали знаете која е улогата на липидите во човековиот организам?“, од


вкупно 78 испитаници, 67 испитаници (85.9%) одговориле дека знаат која е улогата на
липидите во човековиот организам. 11 од испитаниците (14.1%) одговориле дека не
знаат која е улогата на липидите во човековиот организам.

Табела бр. 2
2. Дали внимавате на количеството липиди Број на испитаници Процент (%)
кое го внесувате преку исхраната?
Да 37 47.4%
Не 41 52.6%
Вкупно 78 100%

На прашањето: „Дали внимавате на количеството липиди кое го внесувате преку


исхраната?“, од вкупно 78 испитаници, 37 испитаници (47.4%) одговориле дека
внимаваат на внесеното количество липидите во организмот. 41 од испитаниците
(52.6%) одговориле дека не внимаваат на внесената количина липиди преку исхраната.

Табела бр. 3
3. Од какво потекло почесто внесувате масни, Број на испитаници Процент (%)
односно липидни материи?
Растително потекло 35 44.9%
Животинско потекло 43 55.1%
Вкупно 78 100%

На прашањето: „Од какво потекло почесто внесувате масни, односно липидни


материи?“, од вкупно 78 испитаници, 35 испитаници (44.9%) одговориле дека почесто
внесуваат растителни липиди наместо животински. 43 од испитаниците (55.1%)
одговориле дека во поголема мера внесуваат липиди од животински потекло.

Табела бр. 4
4. Дали ја знаете разликата помеѓу липидите Број на испитаници Процент (%)
од растително и животинско потекло во однос
на нивното влијание врз организмот?
Да 46 59%
Не 32 41%
Вкупно 78 100%

На прашањето: „Дали ја знаете разликата помеѓу липидите од растително и животинско


потекло во однос на нивното влијание врз организмот?“, од вкупно 78 испитаници, 46
испитаници (59%) одговориле дека ја знаат разликата помеѓу улогата на масните
материи од животинско и растително потекло. 32 од испитаниците (41%) одговориле
дека не знаат која е разликата помеѓу липидите од растително и ѓивотинско потекло.

Табела бр. 5
5. Дали сметате дека сите липиди внесени Број на испитаници Процент (%)
преку храната влијаат врз зголемувањето на
телесната тежина?
Да 30 38.5%
Не 33 42.3%
Не знам 15 19.2%
Вкупно 78 100%

На прашањето: „Дали сметате дека сите липиди внесени преку храната влијаат врз
зголемувањето на телесната тежина?“, од вкупно 78 испитаници, 30 испитаници (38.5%)
одговориле дека сите липиди внесени преку храната влијаат врз зголемувањето на
телесната тежина. 33 од испитаниците (42.3%) сметаат дека сите внесени липиди во
организмот преку исхраната не влијаат врз телесната тежина, додека пак 15 од
испитаниците (19.2%) не се сигурни кој е нивниот одговор.

You might also like