You are on page 1of 1

Пари

Парите се најосновно средство во животот, без кое никој не може да ги исполни


своите секојдневни потреби. Важноста на богатството и важноста на љубовта и грижата се
неспоредливи. Кога некој има потреба од пари, му недостасува љубов, а ако има потреба
од љубов, не е задоволен со пари. И двете се многу потребни за здрав живот, но и двете
имаат различна улога во животот.
Парите се основната потреба, без која никој не може да замисли здрав и мирен
живот. Во модерното време, кога општеството забрзано се развива, потребни ни се
повеќе пари поради зголемената вредност на добрата. Во минатото, постоело систем на
размена на материјални добра, во кој еден предмет се заменувал за друг. Меѓутоа,
современото општество функционира на различен начин. Единственото нешто кое е
потребно за опстанок во овој суров свет, се парите. Лесно може да се каже дека без пари
нема живот. Парите како материјално средство секојдневно го обземаат секој аспект од
секојдневието, што нас луѓето не прави зависници од пари. Желбата да се поседува пари
не означува алчност, туку напротив. Да се има повеќе пари од другите, денес е
привилегија. За извршување на било која активност, потребни ни се финансиски средства.
Истото важи и за задоволувањето на основните егзистенционални потреби. Лесно е да се
каже дека „Парите не можат да обезбедат среќа“, но дали можете да бидете среќни без
пари?
Значењето на финаниските средства се зголемува од ден на ден. Иако парите не
можат да ни обезбедат љубов, тие дефинитивно ни даваат среќа, самодоверба,
задоволство, како и физички и психички мир, што на еден начин ни го олеснува животот.

You might also like