You are on page 1of 2

Поделба на кредитите според нивната намена

Банките во рамките на своите кредитни политики даваат кредити и тоа за следниве


намени:

 За потребите на тековното работење;


 За инвестициони вложувања во обртни средства;
 За населението

Кредитирање за потребите на тековното работење


 Банката на правните лица им ободрува кредити за обртни средства, односно ги
кредитира потребите на нивното тековно работење.
 Овие кредити се краткорочни кредити и претставуваат како дополнителен извор за
непречено одвивање на процесот на производсво.
 Банките своите краткорочни пласмани ги доделуваат на кредити за производство
на стоки, залихи и други намени

Кредити за производство на стоки


Кога правните лица немаат доволно сопствени обртни средства за остварување на
планираните производни задачи како една од можностите за решавањето на овој
проблем е користење на банкарски кредит чиј рок е усогласен со времетраењето на
производствениот процес, но исто така не е подолг од 1 година
Кредити за производство на стоки се одобруваат првенствено за:

 За производство на суровини и репроматеријал;


 Производство на прехранбени производи;
 За кредитирање на производство на стоки за изводи и друго.

Кредити за промет на стока


Овие кредити се доделуваат на производствени и трговски правни лица и тоа можат да
бидат кредити за купување и продавање на стока, за увоз и извоз на стока и слично.

Кредити за залиха
Овие кредити банката ги дава најчесто на правните лица за да можат полесно да ги
пребродат временските несовпаѓања помеѓу производството и продажбата.
Според ова овие кредити се даваат за сезонски залихи на готови производи, материјали,
за формирање залихи наменети за извоз и друго.
Кредити за други намени
Покрај споменатите кредити за обртни средства во банкарството постојат и други видови
на вакви краткорочни кредити, а како едни такви се и рамковните кредити.
Овие кредити банките ги одобруваат на своите комитенти, кои го користат кредитот по
потреба.

Кредити за инвестициони вложувања во постојаните и трајно обртните


средства, долгорочни кредити на правни лица
Постојат 2 вида на инвестициони кредити и тоа:

 Кредити во постојани средства ;


 Кредити за трајно обртни средства.

Кредити во постојани средства


Овие кредити се користат за изградба или пак купување на постојани средства. Тука исто
така влегуваат и подигнување на нови градежни објектни, реконструкција на постојаните,
изградба и купување на опрема и слично.

Кредити за трајни обртни средства


Трајни обртни средства се оние средства кои се трајно врзани во процесот на работењето
и со помош на кои се обезбедува нормално одвивање на процесот на работењето. Тие го
менуваат својот одблик, од еден во друг, за на крај да се вратат секогаш во почетниот
облик. Како такви се:

 Готови пари;
 Побарувања од купувачи;
 Суровини и материјали и друго.

You might also like