You are on page 1of 2

3. Мотивот на жената и на љубовта започнува со оваа песна.

Но, кон овој


мотив Шопов не приоѓа на едноставен начин. За него љубовта не е
едноставна и уште на почетокот на песната го поставува тројството: девојка,
мајка, жена (еротска љубов, мајчина, сопружничка).
Слично како Блаже Конески во „Болен Дојчин“ што и се обраќа на Ангелина
со: непозната жено, мајко, сестро и Шопов и приоѓа на љубовта.
Исплашен од немирот и чувствата што му навираат, во до тогаш мирниот и
спокоен живот (храм во кој со тишина се лечи) тој не знае што да направи.
Дали да ги отвори портите и да и дозволи на непознатата љубов да влезе во
неговото срце? Но, тој нема избор – таа ПОБЕДУВА, таа доаѓа и го разбранува
неговото тело, го прави да се чувствува моќен и возвишен.
Чувството на несигурност и страв наспроти чувството на љубовта во песната
се дадени во постојан контраст (светлина — мрак; спокој, тишина — глас, виј;
клечи — крена).
„Осмата молитва на моето тело“ или „Кој ќе ја смисли таа љубов“ е песна во
која субјектот трага по постоењето на чудото на љубовта кое е меѓу сонот и
јавето, меѓу секојдневното и непознатото, меѓу надворешниот свет и него.
Во деветтата молитва, преку слика на „соѕидан град“, на „гулаб вечен“ што
стои на кровот, се открива „страшната тајна“ на „телото што тече без тек“.
Телото старее, животот минува, а лирскиот субјект посакува да најде начин
тоа да остане вечно. Затоа, повторно му се враќа на зборот („Дали го откри
тој збор, тоа име“), кој можеби е клучот на вечноста.
Веќе во следната, десеттата молитва тој ќе рече:
Еве го тоа место, таа заробена убавина
таа чудесна смрт од сино и бело,
од сино и бело во очите на ветерот
еве го тој непрокопсаник, тоа тело.
Смртта доаѓа, таа доаѓа уште со самото наше раѓање, а телото е
непослушниот „непрокопсаник“ кое ќе заминува во небиднината. Од тука,
Шопов започнува со своето навлегување во небиднинскиот круг.
Небиднина
Централната песна во збирката „Небиднина“ на која ѝ претходат молитвите,
е една од најубавите песни на Ацо Шопов. Во неа тој длабоко понира во
своето битие и во битието на човекот воопшто. Навлегува во грозоморот, во
темната крв кои ѝ се спротивставуваат на радоста на живеењето и љубовта.
Во тишината
На крај, ќе се навратам на четиристишното бисерче, најмалата песна од
втората фаза во творештвото на Шопов кога понира во својата интима. Таа е
расположение на поетот, негова внатрешност, но која стана и наша:

You might also like