You are on page 1of 1

06.05.

2022

Скратеници (кратенки)

Со скратување на зборовите се пишуваат скратениците, потребни се точка. Тие ни се потребни


особено кога пишуваме брзо. Најчесто ги скратуваме зборовите што често се зборуваат .
Родови:
ж.р. – Женски род
ср. р. – Среден род
м. р. – Машки род
множ. – множина
едн. – еднина
ден. - денари
г. – година
год. – година (2022 г. /год.)
сл. – слично
и т.н. – и така натака
и др. – и друго
т.н. – така наречениот
с. – село (с. Петровец)

Зборовите најчесто се скратуваат до првиот или вториот слог, но зависи од должината на


зборот.
ВАЖНО: Не е важно колку го скратуваме зборот туку на кој начин го правиме тоа.
Скратувањето треба да се направи меѓу согласка и самогласка.

Пр.
стр. – страница
бр. – број
ул. – улица
Бул. – Булевар
лит. – литература
мат. – математика
хем. – хемија
истор. – историја
спец. - специјалист
Скратеници се добиваат и кога првата и последната буква од зборот ќе ги поврземе со
интерпункциски знак цртичка „ – “. Тогаш никаде не ставаме точка.

Д – р - доктор
м – р - магистер
г – ѓа - госпоѓа
г – ца - госпоѓица

You might also like