You are on page 1of 2

Трето ниво

Ученикот/ученичката учествуваше во следниве воннаставни активности:

краткотрајни работилници, прослави за различни поводи, општествено – корисни и


хуманитарни акции, активности по повод новогодишните и божиќните празници, Осми март, 1
Април, важни датуми на познати личности и настани, секции/клубови и патрониот празник на
училиштето.

Редовно и активно учествува во планираните воннаставни активности кои се реализираат од


страна на училиштето во соработка со родителите и локалната заедница.

Покажува интерес и постигнува успех во различни области, развива позитивни емоции, како
љубопитност, задоволство, надеж и гордост.

Особено се истакнува со своите умеења и вештини за умешно и ефективно решавање


проблеми, споделување идеи, комуникација и соработка.

Се стекнува со компетенции кои овозможуваат сопствено осознавање и развој на сите аспекти


на добросостојбата.

Поддржува и реализира критичко размислување, преземање иницијатива и разрешување


конфликти.

Ја прифаќа важноста на разликите и сличностите во културите на различните етнички


заедници и се залага за почитување на истите.

Умее да се однесува демократски и одговорно во училиштето и презема активности за чиста


животна средина.

Покажува умешност и успешност во постигнување на целите што се поставени.

Второ ниво

Ученикот/ученичката учествуваше во следниве воннаставни активности:

краткотрајни работилници, прослави за различни поводи, општествено – корисни и


хуманитарни акции, активности по повод новогодишните и божиќните празници, Осми март, 1
Април, важни датуми на познати личности и настани, секции/клубови и патрониот празник на
училиштето.

Учествува во планираните воннаставни активности кои се реализираат од страна на


училиштето во соработка со родителите и локалната заедница. Реализира активности од
различни области и развива позитивни емоции.
Се оспособува за критичко и одговорно користење на ИКТ за учење, решавање проблеми,
споделување идеи, комуникација и соработка.

Ги знае разликите и сличностите во културите на различните етнички заедници.

Се залага за демократско и одговорно однесување во училиштето и за чиста животна средина.

Покажува упорност во постигнување на целите што се поставени, развива верување дека


способностите не се дадени еднаш засекогаш и дека можат да се развиваат со труд и работа
врз себе.

Прво ниво

Ученикот/ученичката учествуваше во следниве воннаставни активности:

краткотрајни работилници, прослави за различни поводи, општествено – корисни и


хуманитарни акции, активности по повод новогодишните и божиќните празници, Осми март, 1
Април, важни датуми на познати личности и настани, секции/клубови и патрониот празник на
училиштето.

Се поттикнува да учествува во планираните воннаставни активности и се оспособува да


реализира активности од различни области и да развива позитивни емоции.

Набљудува и прибира податоци заеднички во група и изработува литературни и ликовни


творби за соодветната активност.

Може да ги препознае разликите и сличностите во културите на различните етнички


заедници.

Стекнува навики за правилно да се однесува во училиштето и во животната средина.

Покажува интерес, се труди да постигне успех и има напредок во постигнување на целите што
се поставени.

You might also like